И јас така направив, сменив факултет на првата за да ми ја отвори втората, а на втората веќе го избрав факултетот. Нема врска мислам, на крајот на пријавата пред да се испрати се е исправно, како што треба.
девојки а на крајот од елктронската пријава ми пишуваше број на пријава 920. тоа ли е идентификационит број што треба да го запамтам и да го барам кога ќе ги поднесувам документите?
Ги има во конкурсот X. Документи за пријавување и запишување При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи: 1. пријава за запишување 2. оригинални свидетелства од сите класови 3. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование) 4. извод од матичната книга на родените 5. доказ за државјанство на РМ (уверение или решение) 6. потврда за уплатa: - 300 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата, односно - 500 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет - 1000 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети Тоа е бројот.
Дополнителни документи се во случај ако си странски државјанин ,а имаш и македонско државјанство плус и конкурираш на УКИМ. Или ако конкурираш како малцинство или како лице со специјални услови (тука спаѓаат децата на загинатите во конфликтот во 2001 и сл).
а за сместување во студентски дом и тие ли што ќе бидат 1 год треба електронски да аплицират? Затоа што во апликацијата во полето која година ќе се запишам нема 1 ?
Аууу слабо годинава 15то место Сте се распишале во темава за уписите богами, ама се ближат, помалку од 10 дена се во прашање, ух! Со пријавава не сум во тек, зошто на 13ти ќе ја пополнувам, ама треба да се испечати, така?
^Мислам дека не треба да се печати, треба само да се однесе бројот од пријавата. Инаку во врска со моето прашање, баш сега читам на факултети, дека уплатницата може да се уплати и ден пред уписот, не мора директно на факултет. Ќе уплаќате во својот град за жиро-сметка на факултетот или директно на факс(зошто татко ми ми вика дека таму директно многу ќе биде гужва)? А и ова, со кого планирате да се упишувате, со другарки ќе одите или со некој возрасен?
Подобро е на жиро-сметка да се уплати, директно на факултет ќе биде огромна гужва. Јас најверојатно со сестра ми ќе одам да се запишам, би сакала да дојдат родителите, ама за жал се зафатени, а бидејќи живеам далеку од Скопје цел ден ќе ни помине по пат. А инаку и јас конечно ја испратив електронската пријава, кај моминско презиме оставив празно, исто имаше и дополнителни документи нешто таму глупости коментар на пријавувачот...се тоа го оставив празно. Си го запамтив бројот на пријавата, и сега ќе чекаме уште 10 дена да поминат, едвај чекам А да прашам дали изводот и уверението за државјанство треба да ги завериме на нотар или доволно е само да бидат нови извадени, зошто нели треба да не бидат постари од 6 месеци. Јас си ги извадив денес и којшто нема се уште извадено го советувам до крајот на неделата да си ја среди таа работа, пошто веќе почна огромна гужва да се ствара и не ги даваат документите повеќе за неколку часа, туку треба да се чека 2-3 дена.
^Не сум сигурна дали треба да бидат заверени на нотар, ама најверојатно би требало. И можело да бидат постари од 6 месеци како што прочитав на странана факултети.мк.
Веројатно на самата страница на факултетот. Јас на мојот најдов, ама има повеќе бројки, треба убаво да се распрашам за да не утнам нешто.
Некаде прочитав дека на медицина ќе одиш. Ако добро ме служи меморијата, повели http://medf.ukim.edu.mk/mk_content_meni ... =1&cid=148 Ако сум грешка извини.
Изводот и државјанството можат да бидат постари од шест месеци. Старбакс, што одлучи? Дефектологија ќе се запишуваш?
Е сега тоа мене што ме буни, треба бројот од каде што пишува СМЕТКА да се поднесе? зошто гледам има и сметка на буџетски корисник и некоја приходна шифра. И мора да биде петнаесето цифрена?