Не е битно кој ден ќе отидеш. Јас лани фино лепо си отидов на вториот ден и си завршив брзо работа, а на првиот ден било урнебес таму
А ќе оди некој на педагошки или познавате некој што ќе оди? Прашувам за едно девојче, да видам дали има конкуренција .
Јас не разбирам нешто дали мора да се оди на 16 и на 17 на факултетот гледам пишувате за запишување на 16 и 17 нели е на 30? еве видете на линков и кажете ми http://www.femina.mk/out/?id=fc0db91fb1 ... 030957.pdf
Другарка ми, има околу 92/93 Тогаш се поднесуват документите, а ако те примат на 30/31 одеш да се запишеш.
Што на 30ти? Пак треба да се оди? На 16 ти само поднесуваш пријава, а на 30ти се запишуваш? Од каде тоа, на 22.08 пишува дека ќе се знаат резулатите кој е запишан, а кој не.
Ама зошто, нели се запишуваме на 16 и 17? И на 22.08 ќе бидат објавени резултатите од приемот, кој е примен, а кој не, дали во државна или во приватна, што мора пак да се оди на 30ти?
Ако си примен, на 30 се уплаќа партиципација, семестар и таму незнам уште што, ред други глупости. Затоа мора да се оди.
После 16 и 17 излегуваат резултати дали си примен или не, т.е сеуште нема да бидиме запишани туку тоа значи за тебе има место на факултетов бујрум повели ако сакаш... И не е само некоја уплатница на 30 таму кога е, ако ве примат ќе си отворите на страната од факултетот и ќе си прочитате се што е потребно уплатници, жиро сметки, за државна 200евра партиципација, па слики па индекс да ти отворат еден куп работи, блазе си им на оние кои ќе седат во стан, ние и за во студентски имаме еден куп документи електронски пријави и за таму абе... тоа ти е ако немаш вујко владика
Кај електронското пријавување кога се логираме има ранг листа најверојатно и тука ќе има дали сме примени или не, и дали сте запознаени дали та аранг листа ќе се објави пред 16 за да видиме дали да ги носиме документите?
Ти се чудам на паметов Како тоа дали да ги носиме документите Пробај види дали без документи ќе те примат, па кажи ни! Тоа електронското е само пријавата! Ранг листата се објавува откако ќе се однесат документите и кога ќе видат црно на бело дали донесените документи ( читај оценки и резултати од матура! па после ред други информации) се соодветни со тие од пријавата па тогаш рангираат. Тоа е така и не може да биди поинаку. Нема логика. Мене не би ме чудело некој да ги тропни сите петки во пријавата, а не му се тие оценките (мислејќи дека тоа е доволно) со оглед на фактот дека од прв до последен сите се : ајдееее на факултет одиме!
Значи немаш потреба да се изразуваш вака, логирај се па види дека има ранг листа..а за мојот памет немаш потреба да се чудиш а и немаш никаква потреба да коментираш во врска со него бидејќи имам забележано и погоре твој коментар во кој ги напаѓаш сите на кои нешто не им е јасно па прв пат се запишуваме сакаме да се распрашаме да размениме мислења форумов е за тоа, а не за да се напаѓаме меѓусебно мислам дека не е ни најмалку добро од твоја страна. Ако си во можност покултурно да му објасниш на некој океј ако не преќути си не си ти само тука па на сите да ми кажуваш што како. и btw прочитај го добро моето прашање па коментирај
Ја испратив и јас пријавата, се најнормално, регуларно ми пресмета како што и претходно си имав пресметано, и ја испечатив за сваки случај на 2 листа ми испадна не директно туку копирано па преку ворд, дека најгоре ми се појавуваше она Внимателно дрндрн така нешто беше ај со среќа нека е Значи не мора да чекате до сведителствата, ја мислев поарно е така ама исто ви се фаќа буквално ако сте 5.00
Јас го прочитав добро твоето прашање, а ти за промена можеш подобро да се информираш... И не, не можам да не искоментирам и да не се чудам затоа што оној кој го интересира за факултетот што и како ќе се информира најдобро што можи. Всушност за твоево прашање кое гласеше дали ќе има ранг листа пред 16ти за да знаеме дали да ги донесеме документите не треба ни да се информираш доволно е само малку подобро да размислиш... Па како може да има ранг листа ако ти таму на икс факултетот не им ги дадеш документите и тие не видат дека : да таа е таа со тие и тие оценки и сл... И не ги напаѓам сите на кои нешто не им е јасно, туку оние кои прашуваат некои баналности, некои преочигледни работи... Мојот коментар е навредлив? Далеку од навредливо е, само е искрено, е сега дали некој го боли вистината тоа е друго... Не може на секој еден на форумов со смајлина и смирено да му се објаснува, бидејќи (ова е најбитното) додека некој се информира најдобро што може, собира информации од сите страни, се спрема, некој друг, некој како тебе, ја покажува својата неукост (за најбанални работи!) и ни докажува одново и одново дека тренд во нашава земја е секој еден да се запише на факултет, што е навистина жално... Пак ти велам пробај ти без документи да однесиш дали ќе те примат (додуша ако имаш вујко владика ќе те примат)