Немам никаква намера да се расправам со тебе или со било кој на форумов нормално е дека секој има различно мислење, јас добив една информација и само сакав да проверам дали всушност е точна али океј нема пробле во никој случај не се имам навредено од твојот коментар а неможеш на никого да судиш дали тој е неук или не по некој негов коментар али тоа е секое добро за тебе и терај си ти по свое и не се грижи за тоа кој е неуко Отпосле ти го видов тоа за вујкото па се прашувам од кај погоди бе човече па вујко ми е владика и дали ќе се запишам со врски или не ти свиркај си мила моја
Хаха абе нема јас што да си свиркам, мене не ми беше поентата дали ти со врски или не ќе се запишеш на факултет туку поентата ми беше да пробаш да видиш дали БЕЗ ДОКУМЕНТИ да однесеш ќе се запишеш, а тоа е возможно само ако имаш јаки врски. Нејсе, да не продолжувам да пишувам, затоа што се забележува дека читаш, а не дочитуваш, исто како и за информацијата со ранг листата, си слушнала, не дослушнала, па нормално дека нема да ти биди јасно, или пак толку те интересира.
Па очигледно е бе сестро златна кога имам јаки врски немам потреба да се замарам. Ајде да не се јас и ти овде расправаме за вакви работи ни се знаеме ни се познаваме што би се рекло па нема потреба да си правиме вакви работи. Позз
Хаха епа добро де терај си со врските, мене тоа воопшто не ме интересира, само не создавај забуни и не шири дезинформации, затоа што на многумина толку им сечи паметот триста лаги ќе напишат во пријавата и нема документи да однесат, бидејќи од прв до последен сите на факултет сакаат да се запишат и ќе се запишат, ако не ги примат на еден, не е проблем одма нов ќе им отворат и онака како печурки никнуваат
Значи цели две страни испишавте со вашите глупости. Ептен забегавте од темата, најпаметно е модераторот да ви ги избриши коментарите и готово.
Зошто да се избришат коментарите? Баш се показател (да не претерам и да не речам доказ ) на тоа дека некој ќе се нервира и ќе се информира и ќе ги следи сите новости а некој со врски ќе тера. Показател се на тоа да видат сите наназад кои се нервираа и учеа, старбакс, плавуша17, лукс, спичлес, ании и ред други кои се активни уште кога учевме за матурава, (извинете, сигурно заборавив некоја, а од поактивните, ги има многу) овде прво напишавме со кои оценки положивме, со нив правевме пресметки и слично,ама тоа е, некој учи, во тек е со сите настани, а на некој (многумина) баш и не му е гајле, битно е на факултет да бидиме запишани, тоа е во мода
ова ама ич не се глупости..баш вистината како што е You're so damn right! само тоа за дезинформациите може и не се нешто лошо, на кој му сече паметот ќе се снајде, кој не може да разбере и чека се на тацна може по грешкна нема да успее да се запиште на факултет па еден од таквите помалку.. А ти сестро златна не се замарај, тебе нема потреба никој ни да те знае и познава лично опасна си по живот
^ хахах епа во право си за тоа, кој чека на тацна и ќе се сопне на дезинформации е стварно срам да му е ... е тоа навистина ме иритира, ај разбирам да прашаш нешто логично, нешто што стварно не е јасно, а со вакви прашања самиот тој што ги пишува, покажува колку го интересира и за факултет и за се, па чекај мајка му стара, од Off ќе преминам во оn (сега знам дека е жешко и дека во портокалова зона сме ама што се мора се мора ) и нема да се срамам со некои прашања чиј одговор е преочигледен... ама на кој колку му е гајле... Ама не се средношколциве виновни, виновни се тие кои на секого му даваат шанса... Кај нас не постои кармата... што и да си правел да ти се врати, си учел- повели на факултет, не си учел- нема место за тебе...
По некоја си случајност да не имате попаметна работа? или сеуште ќе расправате за тоа кој има а кој нема врски за уписи???????? тоа е лично моја работа дали јас чекам се на тацна или не јас не сум ни најмалку крива што имам врски и што немам потреба толку многу да се замарам секој со своја среќа се надевам дека и вие ќе успеете во тоа што го имате замислено
Не ви доликува да се карате вака. А ти колешке идна подобро молчи си за врските утре да не те покажуват со прст.
Ако не забележа муабетов од поединечно премина на поопшто, точно секој со среќата, ете пишува погоре не се средношколците виновни Оствари си го тоа што го имаш замислено, јас ќе си бидам горда на сопствениот успех, на сопствениот вложен труд, на учењето и знаењето кое сум го вложила во себе, ќе бидам гордост прво за мене, па за моите дома и ќе дадам се од себе да го остварам она што сум го замислила и за тоа сама ќе се борам, а така еден ден ќе ги учам и моите деца! Затоа што јаките врските не водат далеку, еден ден ако те служи среќата и станеш некој и нешто токму тој кој ти средил работа ќе те сее насекаде- Таа, ја знам таа, пффф не ми ја кажувај, јас и средив работа И на сите феминки ви посакувам многуу среќа, да си се запишете таму каде што сакате и да ги остварите вашите цели!
Мислам дека стварно е доста. За жал, таква е реалноста кај нас, некој ќе се мачи, и пак можи нема ништо значително да постигни во животот, а некој учен цел живот се на тацна, и пак ќе биди поуспешен. Ама за тоа не мора да се коментира овде, посекако ние не можиме да смениме ништо, за џабе само ќе се нервираме. Мислам дека темава треба да изобилува со позитивни и оптимистички мислења, бидејќи пред нас стои еден важен период од животот, јас би го нарекла и нов живот дури, посебно за оние што ќе студираме надвор од нашите градови . ^ А ти lattie, ако мислиш дека ние се замараме со тебе и со твоите врски, се лажиш. И ако немаш некој друг коментар во склад со темава, поарно не коментирај, пошто 5 пати истото го повтори.
^ Навистина претерaвте! Срам да ви е! Значи вака досега кога ќе видев ваква жустра дискусија како вашата на темата си стоев настрана, ама сега неможам и сакам да ве замолам да не ја полните со оф топици темата, која е една од најчитаните. Јас како и повеќето други што најчесто ја посетуваме темата да се информираме нешто ново или пак да прашаме нешто, не сакаме да ги гледаме и читаме вашите препукувања. Нас не не интересира кој бил неук, кој учен, кој внук на владика, единствено не интересираат нешта поврзани со матурата или уписите за факултет. Имате Лп, па таму препукувајте се до сабајле ако сакате. Што сакате да постигнете? И оваа тема да ја заклучат? И не ми реплицирајте, немам намера да се расправам со глупости. Извинете за оф топикот, ама не можев да издржам како ја уништуваат и полнат темава со глупости. И ќе го замолам модераторот, кој е задолжен за темата да ги избрише оф топиците, вклучувајќи го и мојот.
Има некоја феминка тука од Васил Антевски Дрен, такозвано Борис, средно економско во Скопје, да ми каже кога ќе ги земаат дипломите? За другарка прашувам.
Тоа зборев со другарка прееска, уште ништо им немаат кажано, а нас уште на матурата вечерта ни кажаа. Резултатите од уписот за колку дена ќе ги дадат? 4-5? Околу 20ти, ама за колку дена знаете?