На 22 август ќе бидат само истакнати резултатите од успехот од средно образование,а на 27 е објавување на решение за прием на кандидатите тука си пишува http://www.fakulteti.mk/Documents/Upisi ... 2-2013.pdf на 11 страна
И голема е разликата или? Мене ми се чини дека конечните се откако ќе ги стаат и тие со врски што не се прикажани во прелиминарните, проширување квоти и слично или се лажам Ама тие ги ставаат во приватна така што ако си државна не ти мењаат ништо по моја логика, па и приватна да си после тебе идат
Во прелиминарниве ранг листи, на пример ако некому погрешно му го пресметаат успехот и испадне дека има помалку поени, може да приговара, па за во конечните да има промени, да му поправат и да испадне пред некој друг и да му го фати местото во државна квота, ако е ептен на граница. Може и да нема измени. Инаку тие со врски поима немам како одат.
Значи исто ко за матурава, ние да си ги глеаме прелиминарните у принцип, со таа разлика што овде ако на некој му одобрат приговор може да се најде пред тебе на ранг листата а ти да си речеме последен и автоматски паѓаш во приватна пример или во друг смер. Да не заборавиме да ги провериме и конечните
Зачленете се на http://www.fakulteti.mk/Home.aspx . Имаат корисни и интересни статии поврзани околу студирањето и новостите во образованието. Барем ќе сте во тек со работите. Еве нешто што може да им помогне на идните студенти. http://www.fakulteti.mk/news/12-08-06/k ... denti.aspx Со среќа на сите
Еве нешто што веќе го знаеме за тие што ќе одат на УКИМ, корисен линк: http://e-konkursi.mk/index.php/informac ... -na-studii
На филолошки имало некаква изјава за неподигање на документите (дипломи, свидетелства итн..) демек јас тој и тој изјавувам дека нема да ги подигнам документите во рок од не знам колку месеци... На правен отворив во потребни документи за упис и таква изјава не пишува На другиве факултети се бара такво нешто?
Дечки само не заборавајте да извадите Извод , и Државјанство, треба да е не постаро од 6 месеци. Мене ме известија сега тоа да си завршам бидејќи ќе сме чекале дупли гужви.
Ејјј од каде па сега ова? Не треба да бидат постари од 6 месеци, не е важно тоа. Стандардни документи за упис на скоро сите факултети се: 1. Пријава за запишување со 50 денари таксена марка 2. Оригинални свидетелства од сите класови 3. Свидетелство за завршено средно образование 4. Документ за положена државна матура 5. Извод од матична книга на родените (независно колку е стар) 6. Доказ за државјанство на Р. Македонија (уверение или решение – независно колку е старо) И плус уплатниците во зависност на кој факултет се запишувате.
Јас планирам да се запишувам на економски во Скопје,смер економија,знае ли некој кои предмети се изучуваат овде?Ве молам за одговор оти никаде неможам да најдам
^ http://www.eccf.ukim.edu.mk/studiranje/ ... plomski/25 Еве ги тука, од страна кај што пишува задолжителни предмети Spoiler И јас планирав на овој факс,и истиот смер ама сепак се предомислив
Пред да ја пратиш пријавата онлајн ќе ти излезат кои документи се потребни за тој факултет што си го избрала.. а таа изјава ја има онлајн па можеш и да си ја симнеш за секој случај па таму ако ти бараат.. тоа го прават зашто многу гужви има.. прво носиш документи па ги бараш назад за други конкурси, студентски дом и сл.. затоа пожелно е да си направиш копии од сите документи кои ако ти требаат подоцна можеш да ги приложуваш заверени кај нотар.
^Мислите на тоа на крај на август откако ќе дознаеме дека сме примени? Кое од овие 2 е дипломата што ја добиваме? Двете ли ќе ни ги дадат сосе сведителствата? Нели е тоа 1 диплома-документ и толку од каде сега 2?
Едно даваат, не 2. Од една страна се оценките што сме ги имале низ годиниве, а другата страна е матурата. Од каде 2. И сега само ова ме буни, изводот и државјанство да НЕ е постаро од 6 месеци или нема врска? Spoiler Ја мисла не
На правен ги има на страната потребните документи и жиро-сметката, а таа изјавата ја сметнав ама на неа пишува за на филолошки дека е, а и на УКИМ Конкурси 2012-2013 не пишуваше дека е потребно... Така да вие кои се запишувате на филолошки сметнете ја, ќе ви треба Иначе нема потреба изводот и државјанството да бидат постари од 6 месеци Всушност тоа важи за било што во државава од пред некое време, не само за уписи на факултет Плаво истото е тоа еве во заграда го пишува едното РЕДОВНИ СТУДЕНТИ 1. Пријава за запишување со уплата за таксена марка од 50,00 денари 2. Оригинални свидетелства од сите класови од средно образование 3.Документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование) 4. Оригинален извод од матичната книга на родените 5. Доказ за државјанство на РМ (оригинално уверение или решение) 6. Потврда за уплатени: • 300,00 денари на жиро сметка: Правен факултет „Јустинијан Први„ во Скопје Банка: НБРМ сметка: 100000000063095 сметка на буџетски корисник: 1600103700-788-11 приходна шифра: 723012 програма 41