Може да бидат постари од 6 месеци, ама мислам дека пишуваше да бидат оригинал, не копирани. Edit> Не видов дека phoenix4235 пишала пред мене. Е, женски, да не заборавете да исфотокопирате свидетелствата и дипломата, вие што ќе аплицирате за студенски дом.
Најпаметно ќе биде сведителствата и дипломата да ги завериме на нотар, никогаш не се знае дали ќе ни потребаат.
да не знае некој што е работа со смерот геотехника на градежен,никако неможам да поднесам за таму?да не укинат смерот или нешто слично?
Во врска со електронсково пријавување - што треба да ставам кај Статус на втор екстерен предмет и Статус на прв интерен предмет во делот претходно образование? Соодветен или несоодветен?
Знае ли некој која е жиро сметката на Економски факултет-Скопје на УКИМ да ми прати линк? Никако не можам да најдам
Според конкурсот кој беше излезен за предметите за секој факултет посебно ако си избрала од тие предмети кои биле ставени за твојот факултет ќе избереш соодветен,а ако си избрала сосема некој друг предмет кој не е ставен во конкурост ќе си ставиш несоодветен
Електронската пријава да се испечати и да се однесе заедно со останатите документи. Сега слушнав на тв. НЕ само бројчето.
А мене мајка ми ми кажа дека овие од сител рекле дека од денес почнува електронското пријавување. Нели оддамна веќе почнаа да се пријавуваат.
Девојки дали вие имате проблем со отварањето на страната за електронско аплицирање? Дали некои од вас имале проблеми со последната страна од аплицирањето, каде што требало да се преземат некои документи а сепак ги немало? Каде овие документи можат да се земат, дали може од факултетот на самиот ден на запишувањето?
Пријавата ќе си ја копираш во Ворд и ќе си ја испечатиш, а другите документи ќе си ги земеш на факултетот. Таму уште треба да земеш само таксена марка која била 50 ден. и некоја си уплатница и да уплатиш 300 ден. А инаку немам проблеми со отварањето.
И кај мене не ја отвара страната. Кај мене не се појавија никакви документи кога ја испратив само ми пиша дека е испратена до комисијата,а на некои им излегувале некакви документи еве види го овој линк и на крајот ги има тие документи http://www.youtube.com/watch?v=aDUTITG3 ... r_embedded но веројатно не се толку важни,а доколку ни требаат сигурно и ќе ги има на факултетот
Абе овде ги пишува само потребните документи на крајот од видеово, ќе си го испечатите во word и таму на факултет ќе си земете уплатница и марка, што ве буни толку. Ни мене на крај не ми излегоа овие документи, ама истите се земаат на факултет. Марката од факултет, а уплатница од банка.
Што да се испечати во word? Пријавата ли? Јас знам дека пријавата не треба да се испечати туку бројчето да се запомни и фино лепо таму бројот им го даваш ако сакаш и на палома напишан и тие си отвараат на интернет и ја гледаат таму пријавата. А документите кои велите излегуваат на крајот мислам дека тоа од факултет до факултет зависи еве на пример мене никакви документи не ми се појавија, но нив ги имаше на страната од факултетот Ќе си проверите таму ако не ви излегле потребните документи
Епа прееска за пријавата рекоа да се испечати. Така рекоа на Сител. Абе, испечати си ја, што си е сигурно, сигурно да си е
До кога треба да се испратат овие електронскиве пријави? Уште немаме земено сведителства и не си ги знам оценките, да не треба да се пратат овие пред 16ти?
Какви уплатници и жиро сметки бе луѓе тоа нели на денот на уписите се праи?? Инаку за интерен предмет зошто само тие таму беа наведени а има уште толку многу, чудно?! Ја одбрав Друг за двата. Аааа и ова со таксенава марка ми е чудно, сеа нели вакви испринтани пријави имаме, нема место на нив за таксени марки и слично по логика не треба или?!
^ јас ден пред да одам ќе уплатам овде пари на жиро сметката таму само земам уплатница и со сите средени документи да завршам брзо работа а не да се варам цел ден иначе ги мрзело сите предмети да ги пишуваат најверојатно