^Па можеле да напраат да си го напишеш сам предметот, бог да чува. А колку пари треба да се стаат на сметката? Зависи од факултетот?
Зависи од факултетот Ejj да ве прашам...на крајот од пријавата она што го пополнував за занимање и професија на родителот го нема, и кај вас го нема?
Не мора таксена марка. Тие 50 денари може и да се уплатат со уплатница како административна такса. Пример: Spoiler
А она уплатата 300, 500 и 1000 ден. што се во конкурсот ако немам приемни плаќам 300, ако имам 1 500, повеќе 1000ка?! Така пишува, ама... ? Ова порано го немало.
Приемни се полагаат само на архитектура, музичка, ликовна и драмска уметност. (може има и други не знам), така да само ако се запишуваш таму се уплаќаат, 1000 односно 1500. Ако не полагаш приемен само 300 се уплаќаат.
има ли некој кој ќе оди на македонски јазик и литература, јас сакам а таму ми дава само македонски јазик нема д аизберам со литература дајте помош ....
Дали знае некој колку поени се бараат на филозофскиот факултет, за психологија? Или лани колку поени имаја минимум тие што беа примени како редовни студенти?
Минимален број на поени нема. Се зависи од конкуренцијата. На психологија во државна квота примаат 20 студенти, а приватна незнам точно колку беа, ама многу се, околу 70 најверојатно.
Не постои таква катедра.. едната е Македонски јазик другата Македонска книжевност со јужнословенски книжевности http://fzf.ukim.edu.mk/files/psihologija(2).pdfеве ти ја ланската ранг листа на примени, ама со колку најмалку поени ќе влезе некој во државна зависи од тоа колку други со повеќе поени од него ќе конкурираат
Дали има некој што ќе студират на Економски факултет во Струга? И случајно дали знаете каде ќе се вршит уписот во Прилеп или Струга? Поздрав.
девојки можеби е спомнато претходно во темата и ако е така се извинувам што повторно ќе прашам јас директно ја пополнив пријавата и ја пратив. а на видеото гледам нешто и симнуват, а и мајка ми кажува дека слушнала на вестите требало да се достави и апликацијата? Дали тоа значи дека требаше да ја испечатам таа пријава? И дали од целото тоа електронско пријавување треба само да го запаметиш бројот што ќе излезе во горниот десен агол????
Вака ли на крајот треба да испадне пријавата? Ова е на другарка не е мое. Spoiler Универзитет „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ во Скопје Фармацевтски факултет Број на пријава: ИНТЕРЕН ПРИЈАВЕН ЛИСТ (ИНТЕРНЕТ) за запишување студенти во прва година на Фармацевтски факултет Единствен матичен број: 1. Презиме, татково име и име: 2. Пол: женски 3. Датум и место на раѓање: 4. Национална припадност: Mакедонец 5. Контакт информации: Адреса и место на живеење Општина и држава на живеење Пробиштип , Pепублика Македонија Мобилен телефон Email адреса 6. Успех од средно: 5 7. Резултати од матура: Предмет Тип Оценка Перцентилен ранг Македонски јазик и литература Прв екстерен 4 86,750 Странски јазик Втор екстерен 4 64,340 Биологија Интерен 5 Друг Интерен 5 Фармакогнозија Проектна задача 5 8. Основен избор на студиска програма: Фармација Во случај да не бидам рангиран согласно изборот во државна квота, НЕ СУМ СОГЛАСЕН да се запишам со кофинансирање. 9. Дополнителен избор на студиски програми: Во случај да не бидам рангиран согласно основниот избор, согласен сум да се запишам во некоја од другите студиски програми, зависно од вкупниот број освоени бодови, според следниот приоритет: # Студиска програма 10. Тип на матура: Државна матура 11. Назив на завршеното училиште: „Јане Сандански“-Штип 12. Поени: Поени од средно 60,000 Поени од матура 32,087 Вкупно поени 92,087 Во случај на погрешно внесени податоци пресметаните поени може да претрпат промена. Датум: 08.08.2012 Ги избришав личните податоци/
И кај мене така излезе. Само со мои податоци и оценки. Пробај да ја препратиш пријавата. Јас уште еднаш ја пратив и ми излезе тоа за печатење, уплатница, интерен пријавен лист, универзитетски пријавен лист, изјава за неподигање на документи и си ги даунлодирав.
јас не ја испечатив пријавата, а требало да се испечати слушнав на вестите рекоа дека требало да се испечати, може ли некако да ја најдам за да ја испечатам, кога ќе отворам на станата ми пишува пријавата е испратена на разгледување од комисијата
Универзитетскиот пријавен лист е редизајниран за оваа учебна година. На новиот пријавен лист, во долниот лев агол треба да го внесете бројот од електронската пријава. Превземано од фб
Јас ја имав испратено, ама кога повторно се најавив ми ги даде одново сите чекори и на крајот пред да ја пратам по втор пат имаше опција за документите да се испечатат. Едниот пријавен лист што ми се спушти е како тој на сликата на Старбакс.