^Старбакс како тоа другарка ти не е согласна за приватна квота? Лани другарка ми беше прва во приватна со 93.нешто па се откажа 1 и ја префрлија последна во државна, ама добро не е тоа муабетов туку ако не може да влезе државна, а нејќе приватна логично е ич и да не се запише на факултет. Јас ради реда пишав дека сум согласна, зошто ако пр. не влезеш државна а не си согласен со приватна кај одиш?
Пошо ги редевме по приоритет смеровите ние (на економски, ваљда и по другите факултети исто) логично е да се префрли на вториот по приоритет што го одбрала. Ако не, на третиот. Затоа ги редевме нив
Глеаш, не сум и кажала за тоа. Ама, она во листа на приоритети има ставено само фармација, а има 2 смера: фармација и лаб. биоинженер. Ќе и кажам за ова да си разгледа поубаво.
^Ама тоа до лани го правеа ако не те примат ни државна, ни приватна па те префрлуваат. Не може ти ако не си за државна на првиот смер, да те стаат во вториот да им фаќаш место на тие што имаат поени за државна таму. Којзнае како е.
Aa ама не, ако немаш доволно ни за вториот, тогаш одиш во третиот и така натаму дур не те примат во државна. Абе луѓе многу ми е глупо ова пријавава баш сега ја спуштив, што ќе ни се школиве и градовиве во вториов лист? И нив да ги испечатиме ?
Литл, не знам под која точка беше во пријавата треба бројот на училитето да се напише, а училиштата ги имаш на другата страна со бројчина. Исто и за општините.
^Ја испечатив од 1 до 12 тоа друго не треба нели? Какви бројчиња? Инаку за овие што не се согласни само ако има место колку што знам идат ама после тие што си конкурирале за смерот и се така до крај и ако и на последниот смер нема, одат на својот приватна претпоставувам, којзнае.
А се спушта пријавата, може да се зачува, за подоцна да се испечати? Зошто од овој компјутер не можам да принтам, морам да лап топот да отварам.
8. Основен избор на студиска програма: .............. Во случај да не бидам рангиран согласно изборот во државна квота, НЕ СУМ СОГЛАСЕН/СУМ СОГЛАСЕН да се запишам со кофинансирање. 9. Дополнителен избор на студиски програми: Во случај да не бидам рангиран согласно основниот избор, согласен сум да се запишам во некоја од другите студиски програми, зависно од вкупниот број освоени бодови, според следниот приоритет: # Студиска програма 1 ..... 2 ... Читајте малку што пополнувате и праќате , во зависност од тоа дали сте штиклирале дека се согласувате или не се согласувате така ќе бидете земени во обзир на другите катедри.. пр: означувате дека не се согласувате, доколку не ве примаат во државна на првата студиска програма која сте ја одбрале а имате поени да влезете во државна на втората ќе бидете примани таму.
Може. Јас немам печатач дома, ќе ја симнам, ставам на усб и ќе одам да ми ја ископираат. Не знам за какви бројчиња зборувате, ај објаснете/ ЛОЛ, фала шо ни кажа, не знаевме
Дечки како зачувувате, никаде не гледам такво нешто, ај помош. Spoiler Инаку ја кај тие да ги наредиме по приоритет кај што мислиме ако не не примат на тоа што ни е прво го остајв само едно зошто сум сигурна дека ќе ме примат, па 99 поени имам.
хаха па да си кажам девојко, ти и некои понагоре поставувате глупи прашања.. знаеш за таквите како вас треба некогаш и да се употребат ликовни способности
Интерен пријавен лист, 2ра страна. Овие се наоѓаат на документите што треба да ги симнеш пред да ја испратиш пријавата. Ќе направев скриншот од двата пријавни листови, ама пишани ми се податоците.
Не туку рипај одма. Ние ова го знаевме одамна, ти си дошла тука само збунки да правеш. Ако не разбра, зборував за другарка ми која не ставила листа на приоритети,а зошто не знам. И аман од такви како тебе, никаде ве нема кога коментиравме за полагањето, за оценките, а важно први сте за ‘ оправање‘. Јас не сум стигнала до таму, затоа не знам.
Никој не ми одоговори, инаку и јас не ставив листа на тоа со приориетети, само едно оставив, кога не сакам на другите.
Теа19 ако не се лажам ама ние тука 400 страници напишавме само наша генерација и тоа неколку форумџики кога бевме тука во текот на целава еуфорија околу матурава и сега ти се избацуваш од нигде и ми кажуваш гачки. Ај жити се олади.