леле ама се нервирам со ова матурава македонски не ми е толку страв, ама математика како што ги гледам задачиве од претходните години тешко мене дај помагајте како полесно да повторам се
А сега јас на пример сакам медицина ако не ме примат во скопје да одам во штип. даваат така на две места да се пријавам?
Епа баш за тоа пишувавме на последната страна со тајгерлејди. Откако подразмислив малку, веројатно можеш со заверени копии да аплицираш на двете места ?? Нели заверена копија кај нотар вреди исто како оригинал. Оооо, правници, нотари и универзитетски професори, просветлете ја младинава на форумот!
Може да се аплицира на најмногу три факултета, ама на ист универзитет! За ова сум сигурна бидејќи убаво си пишува во списанието "Матуранти" за 2011 г. Значи вака: при уписот на факултет ти даваат пријава (многу нормално) и имаш за пополнување три места: 1. твојот приоритетен факултет (на пример општа медицина - државна квота) 2. општа медицина со кофинансирање (доколку сакаш да бидеш земен предвид а не си примен во државна квота 3. стоматологија - државна квота Изборот секако останува на тебе. Јас барем кога го прочитав тоа, така го сфатив. За тоа дали може да се аплицира на различни универзитети, немам ништо слушнато, но според мене мислам дека не може.
Фалаа, сега ми се разјаснија работите како се. Прашав бидејќи сакам да се запишам на Финансиски менаџмент во Скопје, а таму има многу конкуренција и затоа на второто и третото место ќе пополнам други насоки од економскиот доколку нема место за во Финансиски.
Нешто се зборува дека е можно да се укинува пишувањето на писмо по англиски... знаете ли нешто за тоа???
Не верувам, би требало како за македонски да има исто соопштение ако е така Па кога би ме прашувале мене, подобро и така да направат. Се е скоро вогабулар англиски, нема ништо граматика, времиња и слични работи. Мене на пример многу повеќе ми иде граматиката. Убаво би било да има за пишување само состав или само писмо, а да се додаде нешто од граматика ама штом не е истакнато не верувам дека има некои промени.
не верувам дека ќе сменат за англиски во последен момент, башка ако не пишуваме писмо и не се изразиме како ќе не оценат?не би требало да е тешко пошо обично е 100-180 збора отрпилика толки. и мене полесно ми иде граматика и вокабуларот не ми е нешо јак, али има принципи на пишување ќе ги извежбаш дома во кој параграф што да стои и крај. а нешто што слишнав денес ми ја крена косата а се надевам дека е само дезинформација, ми пренесоа дека во кочо имале совет за македонски и им рекле дека границата на зборови на есејот се поместува од 500 до 600 збора...тие улави се? цел роман да не сакаат да им напишам... ако знае некој поише за ова нека пише.. и се надевам дека е само дезинформација...
Па уствари знаењето на граматиката се гледа од писмениот дел. За да составиш реченица ти треба знаење на потребните времиња :geek:
леле зар толку ја качиле границата нас професоркана ни кажа дека ке треба повеќе зборови годинава но не ни кажа точно колку а и тука можеш да се увериш: http://www.matura.gov.mk/documents.aspx ... dtQQpiV3o= ...Потребниот број на зборови ќе биде поголем...
тоа да тоа се подразбира,али ако има само вежби граматика поише се гледа колку знаеш само граматика.затоа они не ставаат вежби такви. а вака и двете. знам дека предходно беше дефинитивно дека границата е од 350 до 450 али ова не ми се веруваше ... може е само дезинформација ко и секоја година ... шо ги знам да ида сда се лечат
http://www.matura.gov.mk/documents.aspx ... dtQQpiV3o= па после оди на последното таму се последните информации во врска со испитот по македонски јазик и колку што знам поради тоа што ни даваат 2 теми за избирање: една слободна и една од Реализмот а ни е укинат текстот за деловна писмена комуникација ...Потребниот број на зборови ќе биде поголем... и ке има повеќе прашања од областа на граматиката
Не се толку тешки верувај ми. Јас лани кога полагав почнав од последните, бидејќи таму ти треба најмногу концентрација. Решавај полека, ако не си сигурна остави ја задачата и врати се после на неа. Најбитно НЕ ПАНИЧИ. Лани еден другар се испаничи без причина и се испобуни. Разгледај ги уште еднаш сите формули и начини на решавање и толку. Абе цело време заборавам да ве прашам, кога уствари полагате??
Па полесно е ако има повеќе зборови! Јас лично сметам дека е умеење да можеш да се искажеш со помалку збора. Супер ако има 500-600, па сите писмени кога сме ги правеле досега биле до толку. Во тие тетратките за писмена, 300 збора ти се страна и пол. Јас на писмена минимум по 3 страни пишував, годинава кога ги броев стално ми испаѓаа 560 ии 570. Едит : Еден подолг пост на форумов е некаде околу 500 збора. Писмото англиски би требало да ја има отприлика должината на постов. Хм, ќе видиме во вторник што и како ќе биде. А сега броев поени англиски од ланскиот тест, зошто се 70 вкупно ??
Сакам да прашам дали имате некој Состави од Слободна тема или пак некој состав од Тема Реализам како што се бара во полагањето Матура ?! ако имате би сакала да ми ги пратите ,пошто ми требаат многу.. Фала Ви Однапред поздрав до сите
Сега го решавам тестот македонски од лани во јуни што бил, многу лесен ептен општо ако е вака нема да има проблем. Јас ништо не се спремам, ептен слабо се опуштив дека имам стипендија. Учев доста за стипендијава и стварно немам нерви да се замарам многу сега. Кажав ќе се спремам и ќе учам здраво за стипендија за после да не се замарам со матурата. Ама пак земав да прочитам нешто, да не е без ич. Како и да е, не учам како што планирав да учам доколку ми требаа бодови за упис. Сега битно е само да поминам, оценката не е битна. Како и да е, еве решавам што решавам.. Наидов на прашањево. Првата именка во реченицата: Дечиштана му го скршиле прозорецот на соседот, претставува: (заокружи ја буквата пред точниот одговор) A. пејоратив. Б. деминутив. В. хипокористик. Пишува во решение дека точниот одговор е под а) . А еве пред мене е прирачникот и убаво си пишува : 1. Деминутиви - зборови што означуваат нешто смалено или галовно. Најчести наставки за образување се: -е, - че, - уле и -енце (На пр.: носе, столче, прстуле, раченце). 2. Хипокористици - за изразување чувствен однос. Понекогаш со деминутивно-хипокористичките наставки може да се изрази негативен, подбивачки однос (маже), како и неутрален однос (ушно тапанче). За изразување негативен однос се образуваат: 3. Пејоративи - означуваат нешто грдо, одвратно, за подбив. Најчести наставки се: - е, -ле, - ло, - ко (На пр.: воле, ушле, забле, вошло, смрдло, плачко, влечко). 4. Аугментативи - зборови што означуваат нешто зголемено или означуваат подбив. Најчести наставки се: -иште и -ина (На пр.: вратиште, кравиште, мажетина, краветина). Според ова точниот одговор треба да е аугментативи, а таа опција не е ни понудена. Збунувачки малце, се надевам нема да има такви прашања годинава.