Овие пријави ги носиме на 16ти со документите само пријавата е електронска, а другото го оставаме на 16 и 17 таму
Ади на УГД се на 15 и 16, на УКИМ се пак 16 и 17, различни се. Види на страната на факултети, во конкурсот Тука има се убаво објаснето http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... DUTITG391U
Мене не ми излегува за принтање на универзитетски пријавен лист, зошто? каде е проблемот? Еве да видите:
Можеби затоа што треба рачно да го пополниш кога ќе појдеш на денот на уписите. еве кај мене како беше:
Потребни документи за конкурирање на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје 1. Пријава за запишување со 50 денари уплатница за таксена марка 2. Оригинални свидетелства од сите класови 3. Документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование) 4. Извод од матичната книга на родените (оригинал - независно колку е стар) 5. Доказ за државјанство на РМ (оригинал уверение или решение – независно колку е старо) 6. Уплатница за уплатени 300 денари на жиро-сметката на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ПРИМЕРОК 7. Изјава за неподигање на документи Испечати изјава за неподигање на документите 8. Изјава за националност ако истата не е наведена на свидетелствата или дипломата Испечати изјава за припадност на малцинство 9. Кандидатите кои конкурираат за вонредно студирање освен горенаведените ги поднесуваат и следните документи: - Договор за заснован работен однос на неопределено време (оригинал или копија заверена на нотар) или - Лекарско уверение од Здравствената единица на Универзитетот (уверението МОРА дабиде од здравствената единица) 10. Кандидатите кои конкурираат за упис без партиципација покрај горенаведените документи (точка 1-7) ги поднесуваат и следните документи: - Соодветна документација за: припадници на безбедносните сили, деца на загинат или починат ПБС и децата на воен инвалид од I до VII група или - Соодветна документација за : лица без родители, лица од прв степен на инвалидност, воени инвалиди или лица растени водомови за напуштени деца. Забелешка: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, ПОЖЕЛНО Е КАНДИДАТИТЕ ПРЕТХОДНО ДА НАПРАВАТ ПРЕПИСИ ОД ДОКУМЕНТИТЕ ЗА СВОИ ПОТРЕБИ КОИ ЌЕ БИДАТ ЗАВЕРЕНИ НА НОТАР. Како ви излегуваат за принтање на универзитетски пријавен лист? и другите листови Ч/
и кај мене не излегува за симнување на пријавите ја пратив 2 пати истата пријава и не ми излага за сметинање, ако има некој празни нека ми прати во лп
Па тебе како ти излегува? Или само интерниот пријавен лист треба да се испринта, а универзитетскиот на денот на уписите или јас грешно сум разбрала? Епа кај мене фали тоа за универзитетски пријавен лист,и сеа што?
Мене само првата страна ос пријавата за уким, втора не, и нигде нема зачувај и испечати, а интерниот излага се како што треба.
Се надева дека ќе средат се и ќе мојме се да си испечатиме и средиме. Прва година им е, можа да сфата да имаат проблеми, така да се надева дека ќе бидет се во ред до 15
Само да ви кажам, до вчера и мене не ми излегуваше тоа на крајот за принтање. Дури и не можев да ја изберам студиската програма што ја сакав. Утрово беше ок. Се како што треба. Почекајте, може ќе се среди до 16ти.
Бреј, па не губете надеж Крш е овој iKnow системов. Инаку има опција "пријави неправилности" можете да пишете таму. А, и да не се поправи ова чудово, на 16ти, мислам дека рачно можете се што треба да пополнете кога ќе појдете на факултет. Небаре секој што ќе оди на уким ја има електронски пополнето пријавата.