Јас денес си бев до филозофски и си земав пријавен лист.Значи нема потреба од принтање на пријавата така? Инаку земав и две уплатници,знае некој како што треба да се пополнува?
Сега ова го видов.... Не ми е јасно, зошто по ѓаволите се пријавуваме електронски, кога морала пријавата да биде рачно пополнета на денот на уписите?
Уште нешто да ве прашам. Каде што вика префрете ги студиските програми од лево кон десно според приоритетот,јас само две студиска програми префрлив.Мора сите? И ако сум згрешила ете можам од почеток да го препратам?
На Јустинијан не ви требаат извод и уверение постари од 6 месеци, важно е само да е оригинал. Денес ги чув додека кажуваа на некоја идна студентка, па да пренесам.
Има ли некои искуство или слушнато да се аплицира на два факултета, на пример на УКИМ и на УГД? На едниот оргинал свидетелства на другиот со копии заверени кај нотар, можам ли така или не бива?
а некоја инф за дисперзираните студии во струга по е-бизнис од прилепскиот факултет? треба ли за таму пријави нешто ? и ако има некој таков нека се јавии
А што ако те примат на двата? Мислам дека не може, може на ист факултет, а различни смерови, ама и за ова не сум сигурна.
Јас само едно оставив тука, а штом не пишува задолжително значи колку сакаме. Не сакам јас на сите, за џабе не ќе ставам, за едно сум одлучена, не сакам промена на смерот. Можеш одново да го пратиш ако сакаш, ама немаш потреба.
Можеш, ама не во иста година, дури и на УКИМ да се двата не е проблем, само не во иста година да се упишеш, притоа ќе ти ги позајмат докуметите од првиот и ќе се упишеш и на вториот. Ова од прва рака го кажувам, имам познаници што студираат на 2 при УКИМ.
Читав на интернет министерот за образование изјавил дека првите 10 најдобро рангирани на УКИМ ќе бидат ослободени од плаќање во првата година. Знаете нешто повеќе околу ова? Првите 10 на секој факултет одделно или..?
дали на вторит факултет е ослободен од партиципација бидејќи студира два факултети паралелно. сум слушнала дека на УГД е бесплатно,но за УКИМ велат дека се плаќа 400 евра како за вонреден студент на вториот.
Луѓе кај мене во пријавата освен Испечати интерен лист имам опција Изјава за националност и толку. Кај вас како е? Инаку agirl17 првите 10 на факултетот добиваат стипендија од сите смерови заедно
Феминки погоре во вашите коментари прочитав дека само оние што се запишуваат во Скопје треба да се пријавуваат електронски,јас ке се запишувам на Правен факултет во Штип,универзитет Гоце Делчев е сега треба да се пријавувам електронски или не???