Девојки читам нешто сега, што треба да се принта околу електронската пријава? Јас немам принтер дома дали може документите на усб да ги префрлам и да одам да ми ги испринатаат. И второ прашање Каде можам да го купам пријавниот лист заедно со таксена марка?
Абе луѓе сега ми се јави мајка ми прочитала во весник-не треба да се печати ништо, само се памти бројот на електронската пријавата и на денот на уписите на кога рачно ќе пополнуваме пријавата на факултет, во ќошот требало да се напиши бројот ...
Леле ај треба да не теши фактот што не е само кај мене или кај тебе така, туку кај повеќето - значи до нив е и мора да го направат најкасно до 15ти. Очекувам да се напраи деновиве да им се плукнам во системот.
Па и јас знам дека е така, но на телевизија не се живи ако не кажат нешто што не треба... Инаку каде може да се купи тој пријавен лист да пополниме... не верувам дека на филолошки има... ?
^Абе луѓе, мислите на интерниот од факултетот, така? Е ја ко за белја тој го имам испечатено, а универзитетскиот НЕ! Кај може да се најде на друго место универзитетски пријавен лист, исто на факултетот?!
Фала ти... а инаку кога се уплаќаат 300 денари за конкурирање пред поднесување на документи или после тоа?
Зошто по ѓаволите еднаш не кажат 1 и единствена точна информација, демек ќе олеснеа со електронсково врска нема, кој со бројче напамет, кој со пријава една, кој со друга, кој со двете секој различно ќе отиде на факултет и погодокот е што никој не знае како точно треба. И уште да треба да пополнувам рачно, па ќе се откажам од животов.
Наместо ова електронсково да биде олеснување, тоа е дополнителна компликација. Не ми е јасно, кога требало рачно да се пополнат пријавите, зошто претходно мора електронски да ги пополниме?? Гужви имало до лани, затоа оваа година електронски. Оваа година уште повеќе гужви ќе има... Ништо не може да функционира како што треба....
Не тие се уплаќаат при запишувањето, што има да плаќа некој што нема можеби да се запише и нема да го примат? Зошто да го части факултетот? На 31 август се уплаќаат тие, бар ја така сум разбрала
Неее овие се уплаќаат за конкурирање.. на 16. а на 30 се уплаќа за упис прва рата за партиципација, јас така знам
Ова нее е олеснување туку дополнително нервирање за никој да не може да се снајде.... Секогаш имало гужви и ке има... Кога функционирало па и сегаа...
Едно по едно ги ставаат овие за спуштање Ново имам јас, јеееес, за малцинство нешо (кое не ми треба) ама имам надеж дека се ќе изглезе до 15 и ќе средам се. Ова ми дава надеж
Кај мене па не ни има опција испечати Со клик на копчето ПРАТИ, пријава ќе биде пратена на разгледување од комисијата. Проверете ги податоците пред да ја испратите пријавата. - Само ова го пишува, има опција прати и опција за да се вратиш назад. Цела останата страна е празна