Епа нез така пишува Од пријавен за упис на Филолошки факултет Блаже Конески Изјавувам дека ако бидам запишан на факултетот , оригиналните документи (сведителства) нема да ги барам најмалку Три месеци датум потпис на кандидатот
Јас отидов до Филозофски и таму им кажав да ми дадат се што треба за уписи. Ми дадоа Универзитетска пријава и две уплатници.Едната е таа што треба да се уплати 300 ден.а другата е за Административна такса( односно наместо таксена марка ). Јас на уписи ќе отидам со : 1.Универзитетска пријава 2.Двете уплатници 3.Ќе ја испринтам Интерната пријава ( зошто на Универзитетската го немам тоа за бројчето да го пишам ) 4.Сведителства од сите 4 год. 5.Диплома 6.Извод 7.Државјанство Се надевам ви бев од некаква помош.
Добар ден Почитувани, јас и други идни студенти кои испративме електронска пријава за Економски факултет - Скопје имаме еден проблем. Имаме само можност да го испечатиме Интерниот лист за факултетот и Изјавата за националности. Универзитетската пријава, уплатницата и изјавата за неподигање документи ги немаме. Зошто е тоа така? Дали ќе се среди до денот на уписите или има некое друго решение? Со почит, ... Го испратив ова во пријави неправилности со наслов Нецелосна пријава. Ќе видиме, ако не ќе отидам до факултетот.
Епа и јас така ќе направам ќе уплатам 300ден. ќе ги носам потребните документи а таму ќе појдам и ќе прашам што друго е потребно да ми дадат
И јас нешто слично напишав со наслов Пријавувам неправилност. А кај ќе добиеме одговор? Бани може универзитетската пријава да се земе од книжара или мора на факсот?
Е па дечки јас да ви кажам дека по не знам кој пат се предомислив. Вчера 2 часа гледав во факултетите на УГД и само еден ми падна во очи. Медицински факултет, насока акушерство. Држете ми среќа да ме примаат. Оваа насока е нова, од оваа година прв пат ја отвараат, мислам дека нема да има многу заинтересирани. Фала ви на сите што на било кој начин сте ми помогнале и ви посакувам многу среќа на уписите. Ова е мој конечен избор, веќе нема да гњавам со Дефектологија. А, да, јас го сакав ова, моите не ми се мешаа овој пат.
а на која жиро сметка треба да се уплатат тие 300 денари.на страната пишува види пример но не се отвара. http://www.flf.ukim.edu.mk/LinkClick.as ... &tabid=974
Ова што го пополнуваме електронски е интерен пријавен лист или универзитетски? И треба уште една пријава рачно да се пополнува на денот на уписите? А изводот не мора да биде нов така ?
Овој електронскиов е интерен,а таа пријавата што треба рачно да се пополнува е Универзитетскиот лист. За изводот не сум сигурна,зошто едно време викаат тоа не постар од 6 месеци не важело,ама јас си извадив нов за секој случај.
Изводот не мора да биде нов. Тоа што го пополнуваме е интерен пријавен лист да и имаме можност да го испечатиме, а некои викаат дека не морало. Универизтетскиот лист мене ми се нема појавено и не знам како изгледа, ама мислам Ани го имаше постирано, разгледај во мислењата наназад, ќе го најдеш. А за приајвата рачно што треба да се пополнува не знам. Ете , таа била универзитетскиот лист
хехехеех гледам од кога сме почнале со разговор за матурава , сме почнале од 179 страна а сега е 628 , дефинитивно ние сме најактивна генерација на форумов
Може ли некој да ми каже што точно треба да се однесе на денот на уписите во однос на електронсково пријавување? Ептен се испобунив пс: Се пријавив електронски и ова се случи на крај... Требаше да се покаже некој документ или не?
Да се вмешам, лани имаше испринтано од факултетот и оставено на купчиња, па најверојтно ради тоа ви викаат да не принтате. Ама јас си носев две копии од дома, и подобро што носев, некои лутаа наоколу, зш сите листови беа расфрлани по 2-3 часа, некои грешеа, па одново пополнуваа, а згрешените ги враќаа назад во купот. Ова за изјава за неподигање кажувам.
Вие веќе ме испозбунивте. Ќе може да ми објасни некој какви се тие изјави за неподигање, интерен пријавен лист, и Универзитетски лист????
Интерен лист е тоа електронски што го пополнуваме ( што треба да се испринта ),Универзитетски е пријавата што ја земаш од Факултет и што треба рачно да се пополни,а тоа изјава за неподигање незнам ни јас што е точно.Јас прв пат слушам дека ни треба такво нешто.
Каков код?? нема такво нешто освен ако не мислиш на бројот на пријавата- кој ти го пишува во десниот горен агол од интерниот пријавен лист кој го праќаш..