имам аплицирано на еден факултет но сега се предомислив и сакам на друг,дали знаете дали можам повторно да аплицирам?
^мислам дека може зашто во обзир ја земаат последната пратена електронска пријава, всушност на некој начин само ја променуваш на местото на старата..
Мислам дека може. Само кога ја препраќаш пријавата измени таму кај факултетот и студиската програма избери нови, и кај интерните соодветни, несоодветни, во зависност од факултетот.
Па зависи. Други студиски програми можеш да ставиш во случај ако не те примат на првата програма, автоматски си на втората....ако не си на втората, на третата... и тн. Ако со твоите поени си сигурна дека ќе влезеш на програмата која си ја избрала, нема потреба други да избираш.
јас имам 89 за на Германски јазик и книжевност мислам дека би требало да бидам во државна квота па сега ке видиме Јас па сите ги подредив сега ке сменам само неколку
Би требало да те примаат, лани последните во државна на германски се со по шеесетина поени.. секако зависи од тоа дали оваа година кандидатите кои ти се конкуренција ќе бидат со поголеми поени или не.. а тоа што повеќе студиски програми ќе ставиш ќе имаш само повеќе за пополнување на рака во пријавните листови.. не дека играат некоја посебна улога во тој случај
малку бегам од темава, ама да прашам знаете ли од колку предавања се состои 1 колоквиум, и обично колку страни матријал се изучува во едно предавање? за било кој факултет (фармацевтски)
Ајде нека ни одговори некој поискусен, слободно нека се вмеша во темава, од наша корист ќе е и ќе му бидеме благодарни.
Да провера ја па ќе редактира. Го гледаше цдто од матурата? ЕДИТ: Кај мене ги немат, и нема одговор од забелешката. Всушност не знам кај ќе го добијам одговорот.
Не чекај универзитетски лист само, пошо тој се земал заедно со таксената марка од 50 ден. да знајш. Инаку да, го гледав. Ама цд-во е со индиски ефекти. Хахах многу су се смејла, за никаде е снимкана Одговорот на e-mail..
Дали електронското пријавување е секаде задолжително.Кои се неопходни документи за упис.Знам само дека останаа неколку дена а јас уште немам ни желба ни мотивација да се запишам некаде, па од таму потекнува и целата моја незаинтересираност за процесот.Малку доцнам ама ..читав нив темава и попара ми е мозокот Појма немам , пишете ми што да направам.Решив да си се запишам од почит кон моите.
Електронското пријавување е за оние кои ќе се запишуваат на УКИМ, за на другите универзитети не треба (уствари не ни можи, немаат таков систем). Ако не ти се учи- батали! Каква почит би била таа, тоа според мене би било само изложување на луѓето на еден куп трошоци. Иначе со дополнителните документи е за секој факултет различно Јас в четврток ќе носам 1.Свидетелства 2.Диплома 3.Извод 4.Државјанство 5.уплатница за уплатени 300,00 ден. 6.Некаква друга пријава и уплатница со таксена марка од 50,00ден која се купува во книжарницата на правен. Ако требале и некакви други документи(од типот изјави за неподигање на документи, испечатена електронска пријава исл...), немало да заборават да ги напишат на нивната веб страна
И кај мене се појавија сите, скокнав од радост прееска Интерниот испечатен ми беше, испечатив и како треба да ја пополнам уплатницата и Изјава за неподигање. 1. Универзитетска пријава за запишување со 50 денари административна такса - Рачно пополнета (се купува од книжара) Ќе ја зеам од книжарница, кој зел или ќе земе нека каже колку е исто ќе ме фати и ако се маткам до факултет Ееее вие што имате унив. пријава, кажете ми истата е како на електронсково?