Не мора, ова по петти пат го кажуваме. Електронското пријаување важи само за УКИМ, на другите факултети не и не е обавезно електронското пријавување. Ако мислиш дека нема потреба не се пријавувај на уписите ќе мораш рачно.
Ова зборувате за во колку часот се уписите или..? Ме збунивте сега. Денес ми кажаа дека факултетите биле отворени до 4 часот, јас планирам што е можно порано да одам да ги избегнам гужвите. Иначе во школо ни кажаа дека изводот и државјанството не требало да бидат постари од 2007 година, зошто од таа година имале некакви печати. А јас дома имам два изводи, едниот од 1993, другиот од 2004 и двата имаат печати, ама си извадив ново за секој случај.
Луѓе на денот на уписите треба да се носи слика со себе? Или понатаму тоа? Неможам да најдам никаде податок за ова или не сум побарала убаво
Абе аман со овие дезинформации за изводите, нема врска стари- нови. Аман! Само збунки да се правело еј.. Важно да се оригинал и со печат. Туку не треба слика да се носи за уписите, што ќе ти е После, откако ќе те примат.
Како тоа не мора? Јас слушав на антена 5 дека од оваа година е задолжително. До лани било кој како сака а сега мораш да аплицираш. Е сега ова е за уким, за другите универзитети не знам.
^Епа не знам, јас цело време знам дека не е задолжително еве ти викаш било, како и да е, ништо нема никого да кошта ништо освен 10 минути да пополни се што треба, најмалку 5 минути. Да, зборуваме за во колку часот се уписите. Појма немам дали има објавено таква вест некаде по интернет-страниве. Ако најде некоја нека постира со информации.
^Ја не знам дали грешно сум разбрала значи не ме фаќајте за збор, ама барем за Економски мислам беа од 10 до 4 а може истото да важи за сите факултети. Ама не сум сигурна во ова, се мислам така чув.
Kласната денес се јавуваше кај секретарката баш за ова да ја праша и така и кажа. Иначе уписите најверојатно на секој факултет при уким ќе бидат во исто време, но ако се во различно време и некој знае од колку до колку ќе бидат на филозофски нека пише овде.
Какви класни и секретарки, на пријавата го пишува ова: 4. Извод од матична книга на родените(оригинал - независно колку е стар) 5. Доказ за државјанство на РМ (оригинално уверение или решение – независно колку е старо) и само на ова се верува. Инаку сега има можност да се наведат интерните предмети и јас ги наведов и ќе ја пратам пријавата пак.
Имам едно прашање за електроснково пријавување и за запишувањево на факултет. Ако пример не ме примат на првиот смер што го имам одбрано, дали ке имам јас поголема предност од некој што го има одбрано мојот втор смер за прв ако тој има помалце поени? Не ми е јасно тоа некако...
Да, ти ќе имаш предност без разлика дали тебе ти е прв избран или втор. Секој што има повеќе поени има предност пред тие што имаат помалку. Барем по некоја логика така треба да биде.
девојки има ли некој заинтересиран за акушерство во Штип ?? И ве молам кажете нешто поконкретно околу оваа струка... Се мислам меѓу педагогија и акушерство, ама нели оваа струка е нова па мислам дека е поперспективна.
Јас, за акушерство. Нова е,да, нешто друго конкретно не знам. Инаку ти колку поени имаш отприлика? Од Штип ли си?
На денот на уписот ќе има на вратата на ректоратот што се‘ ти треба, не мора уште сега да се замараш со тоа. Они ќе стават соопштение, плус тие листови што ќе ти требаат ги имаат они таму, така да нема шанси да утнеш нешто.
Не, од Велес сум и нова идеја ми е ова сега, се мислам што да правам, инаку имам 95 поени. ти колку имаш и кои интерни предмети ги полагаше ?
77, информатика и стручен фармацевтска хемија. Јас планирав на друг факултет да се запишам, ама се предомислив во последен момент и затоа не ми е соодветен едниот предмет. Мислам деканема да има заинтересирани многу зашто е нова оваа насока.
Па да ти кажам ретко гледам заинтересирани за овој смер, инаку и јас планирав на филозофски, педагогија да одам и интерните не ми одговараат :/ . Ти од Штип ли си ?
Да. Планирав и јас Филозофски земав информатика. Ти се мислеш меѓу Педагогија во Скопје и Акшерство во Штип, така? Мислам дека кај и да одеш ќе те примаат.
На секој факултет има различна сметка на буџетски корисник и приходна шифра нели?Зошто брат ми сака да се запише на Факултет за физичка култура е сега на страната на факултетот нема податоци за сметки на кои треба да се уплати 300 ден. и тие други трошоци...има ли некој што знае некои инфо. за овој факултет.Фала