Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полагање матура и уписи за на факултет

Дискусија во 'Образование' започната од anastasija19, 20 јануари 2010.

  1. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    601
    Океј, не го видов ова. Ви кажувам што ми кажаа.

    Ај некој кој ќе оди на филозофски нека ми ја каже жиро сметката (сметките) на кои треба да се уплати 300 денари и уште некоја таму ако треба. Гледав на страната на филозофски ама не разбрав ништо таму.
     
  2. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Некој нешто повеќе да ми каже за факултетот безбедност одбрана и мир или за родови студии. Една другаркаа прашува, па ме интересира дали некој нешто знае? :?:
     
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    На која насока ќе одиш Покахонтас?
    Жиро сметка:100000000063095
    Сметка на буџетски корисник:1600104227 788 18
    Приходна шифра во зависност од тоа која насока сакаш.
    провери си овде подетално: http://fzf.ukim.edu.mk/index.php?op...56:2010-03-04-12-09-50&Itemid=1363&lang=mk-MK
    Aj провери си овде, јас не можам да ја најдам жиро сметката.
    http://www.ffk.ukim.edu.mk/index.html
     
    На 1209 и Pocahontas.93 им се допаѓа ова.
  4. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    601
    ^ Дефектологија, ама имам уште еден факултет во план и сега одлучувам таму или ваму. Ќе си фрлам паричка.. :D
    Ти? Видов дека и ти си за накај филозофски.
     
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Јас и Примавера ќе бидеме колешки, на психологија ќе одам јас.
    Туку за родови студии што прашуваш Есперанса еве ако ти користи ова:
    Идејата за основање додипломски родови студии произлезе од неколку членови на Катедрата за хуманистички студии на Филозофскиот факултет во академската 2002/2003 година, во општествена атмосфера кога се преземаа активности за реформи во високото образование. Сепак, оваа првична идеја, која беше јасно артикулирана, требаше да причека уште извесен период за да се создадат услови за нејзино реализирање, попрецизно до 4 ноември 2005 година. На тој датум добиена е согласност и дадена поддршка од Деканатската управа на Филозофскиот Факултет да се почне со подготовка на изработка на Елаборат за основање родови додипломски студии. На 19 декември 2005 година, со одлука на деканот на Филозофскиот факултет проф. д-р Трајан Гоцевски беше формиран тимот за реализација на сонот за новите студии во состав: проф. д-р Слободанка Марковска, проф. д-р Марија Ташева, проф. д-р Денко Скаловски, проф. д-р Владимир Давчев и проф. д-р Сузана Симоновска.

    При подготвувањето на елаборатот беа консултирани многу студиски програми од разни универзитети во светот како и еминентни професори кои се занимаваат со оваа проблематика во земјата и странство. Потоа се одвиваше вообичаената универзитетска процедура за одобрување на нова студиска програма по следниов редослед: на 7 јуни 2006 година програмата беше усвоена од Наставничкиот совет на Филозофскиот факултет; на 30 ноември 2006 година, Ректорската управа даде согласност Елаборатот да се упати на акредитација; на 23 јануари 2007 година Одборот за акредитација при Министерството за образование и наука донесе Решение за акредитација на студиската програма за родови студии.

    Последниот чекор од процедурата којшто овозможи реализација на новите студии беше Решението за исполнување на условите за почеток на работа, донесено од Министерството за образование и наука на 5 ноември 2007 година.


    ОПШТЕСТВЕНО-ЕКОНОМСКАТА И АКАДЕМСКАТА
    ОПРАВДАНОСТ ЗА ОСНОВАЊЕ НА СТУДИИТЕ

    Освен академскиот интерес и потребата да се биде во тек со модерните теориски и образовни текови во светот, иницијативата за основање додипломски родови студии имаше практична подлога во актуелната состојба во која се наоѓаше и се наоѓа Република Македонија. Имено, исходувајќи од сознанието дека интеграцијата во Европската Унија, несомнено, е еден од најважните стратешки интереси и приоритетни цели на земјата, ставот на иницијаторите и основачите беше и е дека покрај многуте задачи кои произлегуваат од нашиот статус на земја - кандидатка за членка, е и постојаното унапредување на родовата рамноправност. Иако во Република Македонија постои голема усогласеност меѓу постојното законодавство со одредбите на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жените, состојбата е нешто понеповолна во однос на имплементацијата на усогласените законски прописи и уште понеповолна во однос на фактичката положба на жената во семејството и општеството, односно постои изразен расчекор помеѓу правната и фактичката положба на жената. Во 2005-та година кога тимот отпочна со подготовките, единствениот институционален механизам на државата - Одделението за унапредување на рамноправноста помеѓу половите при Министерството за труд и социјална политика, во чија надлежност беше остварување и уживање на правата на жените рамноправно со мажите - не беше пропишан со закон.*

    Како земја кандидатка за членство во ЕУ, Република Македонија има задача да ги интензивира напорите за усогласување на своето законодавство со она на Европската унија. Во однос на родовата рамноправност ЕУ има развиено обемно законодавство бидејќи рамноправноста на жените и мажите е темелен принцип на Европската унија од самиот почеток на нејзиното основање. Во таа смисла, освен интензивирањето на напорите на нашата држава за вградување на правните акти на ЕУ во националното законодавство, потоа обезбедувањето на соодветни средства, инфраструктура и персонал за да го гарантираат функционирањето и исполнувањето на законските обврски и националните тела за родова рамноправност на ефективен начин, неопходни се напори за елиминирање на родовите стереотипи, преку јавни и едукативни кампањи.* Накусо, на патот кон ЕУ, со цел да се задоволат и имплементираат европските стандарди за родова рамноправност неопходна е широка родова сензибилизација во општеството не само во владиниот, туку и во невладиниот сектор, при што сме на мислење дека науката и образованието треба да имаат решавачка улога во овој процес.

    Анализата на студиските програми на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје покажа недостиг на родова сензибилизација во наставата на високото образование. Тоа не значеше дека воопшто немало обиди за вградување на родовата проблематика, но повеќе стануваше збор за индивидуални напори на одделни професори отколку за една јасно дефинирана образовна стратегија.

    Силен поттик за родовата сензибилизација дадоа невладините организии. Тука пред сè треба да се одбележи активноста на Фондацијата Институт отворено општество преку програмата за жени и преку образовната и издавачката програма. Многу млади луѓе добија стипендии за постдипломски студии на Централно европскиот универзитет во Будимпешта каде што имаше насока за родови студии. Преку Соросовата мрежна програма Next page беа финансирани преводи на голем број книги од родовата проблематика. Истовремено почнаа да се публикуваат и авторски трудови на одреден број домашни автори. Женските невладини организации покренува низа актуелни проекти. ќе ги издвоиме активностите на СОЖМ, (Сојуз на организации на жените од Македонија Организацијата на жените Албанки, Организацијата на турските жени, низа невладини организации кои се занимаваа со прашањата на ромските жени, ЕСЕ (Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Р.Македонија) МЦСМ (Меѓународниот центар за меѓународна соработка), ИНФО центарот за невладини организации и во поново време на Акција Здруженска. Голем импулс на планот на родовата сензибилизација даде Истражувачкиот центар за родови студии при Институтот Евро Балкан, којшто неколку години добиваше институционална поддршка од ФИОМ. Неговата мисија беше насочена кон вклучување на родовата перспектива во високото образование. За остварување на оваа задача беа организирани многу трибини, обуки, истражувачки проекти, гостувања на еминентни професори од светот и родово профилирана издавачка дејност.

    Треба да се истакне и придонесот за унапредување на родовата рамноправност што го дадоа редица меѓународни невладини организации и амбасади во Република Македонија преку поддршката на низа проекти.

    Во изминатава деценија години беа организирани родови студии како алтернативно образование во рамките на Женскиот центар при СОЖМ и во рамките на Истражувачкиот центар за родови студии при институтот Евро Балкан. Искуството покажа дека овие студии предизвикаа голем интерес кај разновидна популација (во однос на возраста, полот, верската и етничката припадност и образованието)

    Родови студии досега, интегрално, воопшто не се изучувале на некој од факултетите во нашата земја. Увидот во новите студиски програми, пред сè на Филозофскиот и Филолошкиот факултет и на уште некои факултети со општествено-хуманистичка ориентација, покажа дека постоеја мал број родово дизајнирани предметни програми, или пак предметни програми во кои се вградени одделни теми во врска со родовата проблематика.

    На универзитетите во западниот свет родовите студии се појавија во последните неколку децении на дваесеттиот век како резултат на феминистичката критика на асиметријата на родовите улоги во теоријата и практиката и главно се од интердисциплинарен карактер.

    Имајќи ги предвид актуелните стратешки настојувања на нашето високо образование за усогласување со стандардите на Болоњскиот процес, од една страна, како и перманентното настојување на Филозофскиот факултет да ја развива својата дејност во согласност со светските научни и образовни текови, длабоко сме уверени дека родовите студии претставуват атрактивна академска понуда за младите луѓе. Бројот од 70 студенти кои ја сочинуваат првата генерација тоа го потврди.


    ЦЕЛИТЕ И ЗАДАЧИТЕ НА РОДОВИТЕ СТУДИИ

    Академските напори на реализаторите на студиската програма по родови студии се насочени кон задачата да се испитуваат и превреднуваат востановените претпоставки за мажите и жените, мажественоста и женственостаа, и нивните меѓусебни релации кои лежат во срцето на културата и општеството; да ја анализираат дискрепанцата меѓу рамноправноста како универзална вредност, од една страна, и истрајните обрасци на доминација во однос на родот, расата, класата, религијата, сексуалната ориентација, и етничкото, националното или регионалното потекло, од друга страна. Осмислени како интердисциплинарни студии, во нив е присутен напор за спојување на наследството на класичната академска традиција на хуманистиката со современите актуализации и иновации, односно новосоздадени дисциплини во доменот на хуманистичките и општествените науки. Во таа смисла, родовите студии треба да ги преиспитаат старите и да развијат нови методи на учење, со презентирање на интересите, потребите и аспирациите на сите луѓе, што ќе биде во прилог на подобрувањето на квалитетот на индивидуалниот и општествениот живот.

    Тоа подразбира дека родовите студии, исто така, треба да им овозможат на студентите да се запознаат со еманципаторските тенденции и движења, чии програми се вградени во редица меѓународни документи почнувајќи од Универзалната декларација за човековите права до Пекиншката декларација и Пплатформа за дејствување. Да ги осознаваат разликите во однос на постигнатите резултати на планот на родовата рамноправност во светски и домашен контекст.

    Накусо, целта е студентите да се здобијат со родов сензибилитет којшто ќе им овозможи во духот на заложбите на Пекиншката конференција дека родовата перспектива треба да се вгради во сите сфери на општественото живеење. Да се оспособат да го истражуваат минатото и сегашноста за да одговорат на средишните прашања на нашево време, за да понудат нови алтернативи за нашата иднина во духот на ставот дека војната на половите не ни е судена ниту со божја ниту со биолошка сила и дека има надеж за подобра иднина.

    Оваа студиска насока треба да профилира студенти подготвени да се реализираат во исклучително сложениот свет на современата култура, образование и општествени односи. Студентите кои ќе дипломираат на родовите студии ќе имаат можност за вработување во многу сфери на општествено-политичкиот и културниот живот. Особено таквите можности се отвораат со донесувањето на Законот за еднакви можности на мажите и жените (2006) и Националниот план за акција за родова рамноправност (2007). Дипломираните студенти ќе имаат можност да учествуваат во креирањето и реализирањето на родовата политика, како во сферите на државната, така и на локалната самоуправа. За нив се отвора простор за дејствување во граѓанските асоцијации на невладиниот сектор, во областа на медиумите, во информативните центри, издавачките куќи, библиотеките, во членствата на лоби-групи, синдикатите, политичките партии.


    СТУДИСКАТА ПРОГРАМА ПО РОДОВИ СТУДИИ

    Воведувањето на новата студиска програма по родови студии на Филозофскиот факултет претставува пионерски чекор во доменот на високото образование не само во нашата земја туку и во регионот. Нашата намера беше да понудиме студиска програма која е компатибилна со модерните теориски и образовни текови во светот, но и со државната стратегија за вградување на родовата перспектива во сите домени од општественото живеење.

    Поради тоа, при дизајнирањето на студиската програма се водеше сметка да бидат вклучени наставни предмети чии содржини ќе ги задоволуваат академските критериуми, што значи да бидат конзистентни, да претставуваат една кохерентна целина, да кореспондираат со она што е дострел во оваа област во светот, но истовремено да бидат и апликативни за нашата специфична културолошка средина. За таа цел внимателно беа консултирани десетици студиски програми на многу универзитети во светот вклучително и во регионот. Замислени како интердисциплинарни студии од областа на хуманистичките и општествените науки, при дизајнирањето на студиската програма се водеше сметка во реализацијата да бидат вклучени што повеќе наставници кои во рамките на своите научни дисциплини веќе внесле содржини од родовата проблематика не само на нашиот факултет туку и на другите факултети членки на УКИМ. Предвидени се и гостувања на еминентни професори од светот.

    Во однос на организациона поставеност на студиите, носител за реализација е Институтот за родови студии кој израсна од Катедрата за хуманистички студии.

    Додипломските студии се организирани како редовни и вонредни додипломски студии во траење од четири години (осум семестри). Студиите се организирани според критериуми на европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС) кои се прифатени од страна на Филозофскиот факултет и според статутот на факултетот.

    По завршувањето на додипломските родови студии студентите се здобиваат со звањето: дипломиран/а по родови студии.
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.326
    Допаѓања:
    4.782
    Лукс и Примавера ќе ми бидат колешки :P
     
    На Primavera и Lux им се допаѓа ова.
  7. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    До сега три колешки на интернет најдов.
    Па до почетокот ја цела група ќе ја пронајдам бе еј. :lol:
    Колку поени имаш вкупно Ема?
     
  8. Hristinnaa

    Hristinnaa Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Се надевам.. Некој да не знае нешто во врска со ова?
     
  9. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.326
    Допаѓања:
    4.782
    58.808 поени :$ Затоа приватна квота не ми бега :D
     
  10. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    А има некој што ќе оди на ПМФ за туризам?
     
  11. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Девојки мене ова не ми излезе. Сега тој пријавен интерен лист и тие други работи од таму ли треба да ги земам?

    [​IMG]
     
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.738
    Допаѓања:
    43.869
    Пол:
    Женски
    Исто и на брат ми не му излезе ова, па тој си го запиша само бројот на апликација.Не е до вас што сега.Другите документи од книжарите кај факултетите се земаат.
    А оваа изјава за неподигање како ќе ја набавите во овој случај кога не се појавува?
    Леле боже ако ме верувате повеќе од брат ми се замарам, тој мака нема си излезе човекот. :@
     
  13. aways

    aways Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    660
    Ммммм.И јас имам некој планови за психологија и на уште еден факултет...па да размислам денеска дооообро :rofl:
    Од кој град си :) ?!
     
  14. aways

    aways Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    660
    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
    на кој факултет ќе оди брат ти ?
     
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    ^Види си ЛП.
    Инаку 1209 кажа дека ќе одел на факултет за физичка култура. :)
    ЕДИТ:другарка ми што ќе оди на Педагошки прочитала дека на 18ти ќе имало некаква проверка на знаењата. Знаете нешто за ова? И дали ќе има на други факултети или само на нејзиниот или воопшто нема да има? Ако оди некоја на педагошки нека се јави одма. Фала,
     
  16. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    601
    ^ Лукс, проверете на конкурсот, таму ги пишува кои факултети се со проверка на знаењата.
    За оваа година знам дека на филолошки, превод и толкување, се со проверка на знаењата и оние стандардните архитектонски, драмски уметности, музичка уметност и сл.
     
  17. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.696
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Гледам многу фама околу оваа електронска пријава, и може ќе ви олеснам со информацијата дека не е задолжителна, бидејќи главните се сетиле дека може не секој има пристап до нет, па така ако не ја обезбедите, вработените на студенски на лице место ќе ве убацат со сите податоци во системот.

    Сепак потрудете се и снајдете се, јас многу не се ослонувам на 50-50 информации, иако изворов ми е од прва рака.
     
  18. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.563
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    Истото прашање, некои да одговори? :^)
     
  19. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.983
    Пол:
    Женски
    ^^^
    Ајде испечате те си ги за секој случај да не не ви дадат таму. Јас се што ми пишува ќе испечатам,а само универзитетскиот лист ( бидејќи пишува се купува од книжара ) ќе го земам од книжара.
     

    Прикачени фајлови:

    • Capture.JPG
      Capture.JPG
      Големина на фајлот:
      14,1 KB
      Прегледи:
      129
  20. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира како одат уписите на факултетот за драмски уметности?!
    Сум слушала дека една година примаат студенти не. Или како е.Може некој да ми објасни,малку подетално? :D