Како што има голема сличност меѓу деминутиви и хипокористици, така има и меѓу пејоративи и аугментативи и доста често се среќаваат како едно исто, разликата е само во контекстот на реченицата. Не посветувај многу внимание на наставките и не труди се да ги учиш, не е работата да се научи напамет, по логика треба да пресудиш што е што. Од друга страна, во овој случај се работи и за метод на елиминација. Така да, пејоратив е. Јас овие ги учев од учебникот за гимназиско образование – II година, таму има објаснето многу поубаво (барем според мене). Во прирачникот и не е баш се' застапено.
Знам и јас така си одговорив, кога веќе само овие три беа понудени. Инаку сакав да ги прашам оние што веќе полагале, како се сншле во однос на времето. 240 минути има за располагање, мене ми изгледаат и повеќе од доволни, ама да си прашам пак друго е кога веќе некој поминал. Сепак има и есеј за пишување. А ме интересира, во однос на префрлувањето на одговорите во шифрарник Неодамна правев муабет со девојче кое е сега прва година факултет е доста солидна. Она минатата година кога полагала македонски не ги префрлила одговорите во шифрарникот и автоматски паднала со нула бодови Тој што ги надгледувал, не се замарал многу да им објаснувам барем така ми расправаа ама како и да е не префрлила одговори и не и се важело ништо.. иако после 15 минути кога ја укопчала работата веднаш отишла во школо, ама и кажале никакво отварање.. Во однос на тој шифрарникот, знам дека се префрлуваат одоговорите таму и од таму се прегледува.. се бојат кругчињата. Имам полагано така еднаш, за една стипендија.. Ама не се сите на заокружување, тие со дополнување и целосни одговори, есејот тие директно ги прегледуваат од тестот Не ми е логично, ај просветлете ме тие што го поминавте ова
Шифрарникот мораш да го пополниш, без него ги губиш сите оени на заокружувањето, а се друго се прегледува по клуч од страна на професорките, макар да имам слушнато некои работи во врска со прегледувањето нс есеите, демек не им ги давале на сите поените од есеите за да нема многу петки. Јас искрено бев одлична ученичка со 5.00 просек сите четири години, сите одговори ми беа исти со клучот,ја имав утнато само биографијата, од есејот бев резадоволна, подобар есеј ми се чини никогаш немав напишано и имав 3, само едно девојче од цел клас имаше 5ка...
Епа тоа ми е чудно и мене, прашањата се многу лесни како што гледам, доста општи барем досега како што било. А секогаш многу малку 5ки има македонски на матурава
Па однапред е одредено колку 5ки треба да има, и тоа го поставува прагот на оценките. Ќе кажат на пример доста се толку 5ки и после се редат после нив оценките, така ни кажа на нас професорката лани.
Ако некој по некоја "случајност" налета на прашањата дали македонски, дали англиски нека не биде себичен, нека ги сподели тука Инаку шо се однесува до шифрафрникот, убаво треба да се обојат кругчињата,со пенкало никако со молив, пошо се прегледува скенерски.. и ако не ти се познаваат многу отиде
Е знаете зошто има малку 5ки ?? Затоа што МОРАЛО 10% од сите кои полагаат матура да паднат, за да се смета матурата за успешна. Бидејќи македонски, како така, се снаоѓаат и одговараат, рипа скалата за 5 нагоре. Спротивно пак, англиски, затоа што, да бидеме реални, не им е јака страна на повеќето, има повеќе 5ки и скалата оди надоле. Ми објаснуваше тичер како ги пресметувале, нешто во смисла, кој има најмалку поени, од таму почнува двојката. Конфузно, не ја ни разбрав баш како што треба. Сепак, 10% ќе паднат, сакале или не. Ама па, мора 90% да поминат, не се давани џабе толку пари, така да, не им се исплаќа и престроги да бидат. И ќе заборавев за малку, најдов еден пдф фајл вчера од страната за матура. Пишува за есејот што и како - кој сака да му го пратам нека ме контактира по лп, многу е голем текстот да го копирам тука - и стриктно се напоменува дека не се оценува поетската вредност на есејот. Всушност, самите тие го гледале есејот како прашање на кое што треба да одговориш.
Луѓенца, затоа што тоа копирано баш и не е разбирливо, малку зачепкав и едвај стасав од кај што ги симнав овие. Еве имало тука и за странски јазици, симнете си ги и прочитајте ги. Бре кај ги пикнале. Одев од електронски резултати преку тестатори до овие. http://www.matura.gov.mk/documents.aspx ... dtQQpiV3o= едит : Ц ц цц, пак не дава директен линк. Ќе одите на линков, па на сугестии за подобри одговори на прашањата во делот пишување.
нешто гледам сте се замуабетиле за оценувањето.како оди целата процедура никој не знае точно,еве како беше кај мене.јас македонски имав 99,72 е сега не знам дали проценти или поени.мислам дека процентуално се пресметува бидејќи од тие со дополнување имав еден грешен одговор,што значи требало да имам помалку од 99.петката македонки почнува од 98(проценти или поени),а за англиски и поинаква скалата,попоустливи се таму,некаде од 94 мислам дека е ама нз точно. сепак мислам дека се пресметува некако процентуално пошо англиски нели вкупно се 70 поени,а јас имав 98,2 што значи веројатно се работи за проценти. и некој праша за времето. 240 мин мак се повеќе од доволни,а англиски е сосема таман времето....
нема потреба од грижи и трема..сигурна сум дека си научила...само полека,сконцентрирај се на тестот и немој да брзаш,има доволно време..верувам дека ќе имаш висока оценка..па со среќа или крши нога (како се вели точно не знам хехе)
Не се проценти туку перцентили, тие покажуваат од колку проценти од положените ученици имаш подобри поени. Значи 100 перцентили може да има најмногу еден, а можеби дури ни еден...
ааааа што била финтата..во моја генерација имаше една девојка со 99.99,што значи веројатно никој ќе нема 100...бтв фала што ме просветли со оваа мернава единица
Па така и планирам..обично сум брзоплета али сега ке се трудамм да бидам што повеке сконцентрирана...а инаку да читав..граматика и доостаа литература...инаку благодарам..(мислам дека е повеке крши нога) хехех
Ајде ајде ќе биде...Не е воопшто тешко. Знам нас од памет не вадеа професорите за на крај да има толку едноставни,па дури може да се каже и глупи прашања
Здраво на сите Јас сум нова на форумов, матурантка оваа година. Полагам математика екстерно и многу ми е страв поради шпекулации од повеќе страни дека оваа година математика ќе било прилично тешко. Дали вие имате некакви сознанија?
Сакам да прашам дали насловот на некоја тема што ќе се пишува за есејот треба да биде во наводници, не треба така ?!