На уплатата за упис има уплатна сметка и приходна шифра и програма, додека на таксената марка има сметка на корисник и приходна шифра и програма што не е иста со оваа другава. Приходната шифра е од факултетот, ама не знам за твојот само за Економски знам побарај ќе ја најдеш на нивниот сајт
кога ги префрате студиите од левата во десната листа тие што се на филолошки турки јазик мајчин не го префрлувате нели само турки мајчин
Се мислам дека нема да влезам на психологија Под неа ми стои дефектологија ама и за таму има доста заинтересирани и штиклирав дека се согласувам со 400 евра. Многу ми е страв
Девојки како може да има грешка кога на обичниот калкулатор си има стандард поени за оценките а на калкулаторот за финки си има за соодветни и несоодветни предмети. Е сега најверојатно имаш помалку поени на финки затоа што и двата предмета ти се несоодветни. Од интерните предмети можат да се освојат најмногу 16 поени (кога двата предмети се соодветни), 13 поени (кога едниот предмет е соодветен, а едниот несоодветен) или 10 поени (кога двата предмети се несоодветни). И имам едно прашање. Универзитетски лист и универзитетски пријавен лист ист документ ли е?
Колку поени имаш? Можеш повторно да ја препратиш пријавата изменета и одштиклирај го тоа ако се предомислуваш.. сепак оваа година има доста заинтересирани и за дефектологија и за психологија може паметно ќе ти е и трет да ставиш..
Истото е Штрумфета Инаку за подредувањето предмети убаво си пишува дека треба да се подредат сите, пр. за кај мене сите 7 од најпосакуван до најнепосакуван и ги подредив. И 100 поени да имав, пак ќе ги подредев зошто и лани на уписот задолжително било да се подредат рачно.
57,278 сум имала, погрешно сум пресметала претходно. Малку е ова за психологија, видов резултати од лани и последниот од 400 евра е со 70 поени. Незнам како ќе биде оваа година стварно а за дефектологија пак има некоја шанса зошто има и втор уписен рок а психологија нема, одма се потполнува.
Штрумфета, јас пресметував на оној калкулатор на кој нема соодветни/несоодветни. Еве тука http://join.finki.ukim.mk/Calculator.aspx ЗНачи колку вкупно поени имам без разлика дали ми се соодветни или несоодветни.
Треба да се испринта и пополни она Изјава за користење на личните податоци? И дали уплатницата за административната такса од 50 ден се пополнува со истите податоци од таа со 300ден? На страната на економски имаат дадено само податоци за пополнување на уплатницата од 300ден
Уплатницата за таксена марка од 50ден. е иста за секој факултет, јас колку што разбрав тие пари одат во министерството за образование, барем така ми кажа една другарка. Jaс планирам утре се да уплатам и ќе барам од банката да ми дадат пример како треба да се напише за таксена марка, така ми кажаа Сакав да ве прашам универзитетски пријавен лист е исто како и конкурсен пријавен лист што треба да се земе од некоја книжара или од факултетот или не е така? Ако е така да го принтам ли универзитетскиот лист или немора? Вие како правевте?
Сега и јас сметав, на калкулаторот на уким имам помалку а на калкулаторот (на обичниот) на финки повеќе. Тек па на овој за не/соодветни најмалку. Најверојатно факултетите различно си ги бодуваат оценките затоа така испаѓа. И мене ова ме бунеше ама на фб-страната на финки пишува дека не мора сите да се подредуваат.
Бев денес до Економски и од книжарницата си купив универзитетска пријава и земав уплатници. Пред малку ја пополнив електронската пријава и скоро сите документи за упис ми се стокмени. Само сакам да прашам дали треба да се печати интерниот пријавен лист ако знае некој со сигурност да ми каже? А што се однесува до изјавата за неподигање на документите би требало да ја испечатиме затоа што не ми дадоа такво нешто денес кога бев.
Женски, значи морам да прашам. Дали мора да го пополниме електронските пријави? и со нив испринтани да одиме со дипломата и сл. да се запишиме? читав наназад ама не можев да сфатам шо е работата со пријавиве ако не ви е мака, ве мооолам да ми објасните
девојки јас сега ја поплнувам пријавата кој е тој број што треба да го запомнам? Горе десно пишува број на пријава тој ли е? ВЕ МОЛАМ ЗА ОДГОВОР