ама ке биди пред стартот на уписите така пишва значи на 16 и 17 и електронски ке се пријавуват и треба документите да ги достават
јас пријавата ненамерно два пати ја пратив, постои ли можност да не ја прегледаат затоа што два пати една иста пријава пратив?
Кој е тој мистериозен број ?! ( за електронското пријавување ) има еден кој ми се јавува на десен агол, 4 цифри се ?! тоа е тоа ?!
Многу нормално дека е тој инаку пријавата треба да ја спуштиш и испечатиш, не само да го знаеш бројчето.
^Епа пошо ја не сакам да пополнувам рачно, ќе ја испечатам. Кој како си сака Ама полесно е да ја испечатиш.
Ааааа ок ок се разбираме Вака по некоја случајност да не има некој кандидат за ветерина да ме просветли?
Пријава за запишување со уплатница од 50,00 денари административна такса (пријавата е достапна во книжарницата на Факултетот и чини 50 денари) Оваа уплатницата на истата жиро сметка се уплаќа или..? и потоа уште пријава од факултетот да си купам? Уште ова да ми го разјасни некој
За што и да ти затреба. Ова е наместо таксена марка. Пошто нели ги укинаа марките. Од колку саат (и до колку) се пријавувањата на факултетиве на уким? Или за секој факултет е различно?
Дечки има некој што ќе се запишува на машински факултет? Дали има шанси некој да не е примен во било која квота ако има малце бодови? Знае ли некој што е работата со втор и трет уписен рок?
^ Секоја генерација е различно, ма да речиси сум сигурна дека секоја година имаат и втор уписен рок, па и трет доколку останат непополнети смерови, а обично заинтересираноста за таму во целост земена е помала. Годинава има најголем интерес за Индустриски дизајн и менаџмент (така мислам се викаше насоката), речиси сите што знам дека ќе одат на машински рекоа дека ги влече смеров. Како и да е, убав факултет е машински.
Колку им е фалична странава за електронското. Ја пополнив вчера, воопшто не ми ги покажа на крај пријавите и уплатниците за принтање. Денес ми ги покажува, ама што и да изберам се прави уплатницата од 300 денари.
Во дилема сме со братучедка ми која што се запишува оваа година. Прелистав од претходно ама ништо не ве разбрав. Што од ова треба да се испечати?
Мене па ова не ми го дава. Ова мислам дека се сите документи е сега кои се ти требаат пишува таму во конкурсот
Јас завршив за неполн час. Прво купивме пријава, 40 ден. ја пополнивме. Уплативме во пошта и ги однесовме сите документи во ректоратот. Таму има посебни маси за секој факултет. Најмногу заинтересирани имаше за Факултетот за природни и технички науки, медицински науки, технолошко-технички и филолошки факултет.