како треба сите смерови да се подредат? јас на прво место ставив ПИТ англиски и надолу ништо не подредив..
Нема врска тоа.. не мора да се согласиш со кофинансирање ниту пак (доколку не сакаш) мораш да ги подредиш сите катедри + електронската пријава е променлива и ќе ви кажат доколку треба да се смени нешто кога ќе се пријавувате..
Ja видов оваа изјавата за кофинансирање и малку ме збуни. Плавуша у душа сум, ај ноу Изјавата важи доколку немаш доволен број на бодови за државна квота, па влегуваш со кофинансирање или? Како е напишано како уште веднаш да се согласувам да влезам со кофинансирање па дури и да имам доволен број на бодови за државна.
Ако се согласите, тогаш ако не бидете државна, а има место за вас во приватна ве примаат. Ако нема место, одите на вториот смер приватна исто мислам. Ако не се согласите, ако не ве примат државна автоматски одите на вториот смер државна, па ако не ве примат државна одите на третиот и така се државна.
А мора да избереш други смерови.? Имам доволно поени, а и да имам помалку сигурна сум дека ќе ме примат, гледајќи според ланскава листа за мојот смер (30мина заклучно со втор уписен рок ) Е сега ниту го штиклирав тоа за кофинансирање, ниту пак избрав други смерови. Ќе ми прават ли проблем?
Епа и јас имам, ама ги подредив дека лани рачно коа праеле се морале да подредат. А и во електронсково вика да се подредат. Може да ти направат проблем а и од кај знаеш оваа година каква ќе е заинтересираноста? Затоа е така, подреди ги не те кошта ништо. Инаку ја не се согласив на кофинансирање.
^ Сите по ред ли треба да се подредат? Мене ми беа сите, ама другарка и другар по два само напишале, па ги манав и јас другите смерови, оставив само 3. Ваљда нема да прават проблем за тоа.
Мораш зашто не била комплетна. Е мене не ми ја примија а не прифаќав приватна квота и не ми беа сите смерови напишани , и не ми ја примиле ја ставиле во некомплетни Среќа што имам човек па ми кажа.. Јас само сакам да помогнам а ваше е што ќе направите. Со среќа
Кај мене истото си стои како што си беше? Ова или нема врска или кај мене има некој проблем. Значи интерен пријавен лист испечатив и изјава за неподигање, друго нешто треба да се принта?
^Каде да ти ја примат, па утре се уписите? Јас мислам не мора, ќе прашам пак ама ако сакаш штиклираш ако не не мораш има 2 опции и порано имало. Лукс јас имам и Изјава за согласност за лични податоци, изјава за кофинансирање, дисперзираните, националностите што си беа од порано.
^ Добро каде е таа изјава за лични податоци? Кај мене нигде ја нема. И не ми се сите по ред подредени смерови, веќе по втор пат ја праќам пријавата и незнам дали да ја пратам уште еднаш да не ми прават случајно проблем утре, ама па има многу кои само по два-три смера ставиле.
Ај да цитирам едно мислење од еден друг форум Во право е. Поголем хаос е со електронскиве пријави, отколку без нив.