Kaj брат ми упорно не се појавуваат останатите документи, така да нема да ги печатиме, јас утре одам со него и само го запишавме бројчето од пријавата и толку.Глупости живи, на едни се појавува, на други не, на трети после неколку аплицирања, да ти пукне глава. Останатите што направивте ви се појавија ли останатите документи? Е јас имам уште едно прашање, за брат ми треба и уште лекарско уверение извадено од универзитетската амбуланта, има ли такви кои веќе имаат вадено, да ми кажат што како е и дали утре може пред да ги носиме документите да извадиме,многу ли време треба, зошто од друг град сме и не ни се исплатува за едно уверение да шетаме до Ск за џабе.Помош?Леле и јас сум малку заморна се извинувам девојки
Што 12? Па мене ми се појауваат само четири за печатење, а треба 6? И ги наредив смеровите по приоритет, ама не ја испраќам, до сега 3 пати ја пратив мислам, два пати ја препраќав заради дополнителни предмети и една печатна грешка. Мора да бидат наредени сите смерови? Јас мислам дека не мора, да мораше немаше да ни го дава следниот чекор, ај нека каже некој со сигурност, да не нема да ми го важат ако ми е само еден смер?
Ве читам и едно нешто не можам да сфатам. Зошто е битно смеровите сите да се напишат, јас сакам да си студирам само за еден смер, а не било каде...
Јас прашав таму и ми кажаа не мора да се пишуваат. Кај нас имаше само 3 да одбереме. Јас ставив 1 кај акушерство и ми кажа тој: ќе те примат тука секако, малку ќе се пријават. Ама во случај да не те примат стави го како 2 медицинска сестра, после е лесно префрлувањето.
Со среќа Старбакс. Поминавте на ред вие на УГД. Туку да прашам, утре од колку до колку саат се уписите? Ако некој точно знае неа пише веднаш.
Oд 8 почнуваат секаде мислам, а некаде се до 16, а некаде до 14h, каде како, ама ако можеш порано си заврши да не ти е на мисла
Фала ви... Во 9 часот ќе бидам Скопје. После имам автобус за назад во 15h. Се надевам дека ќе завршам дотогаш.
Пишувај кирилчно, можеби така твојот пост ќе им падне на повеќето во очи, вака боде очи. Инаку нема многу.
Не знам за до лани...ама оваа година многу пријавени има. Само 120 примаат, а над 500 се пријавиле елктронски. До сега пријавени кандидати Медицина 353 Медицински сестри и техничари 92 Радиолошки технолози 17 Логопеди 24 Физиотерапевти 46 Вкупно 532 (ова од страната на медицински)
Девојки, дали можеби некоја од вас го има потполнето „пријавен лист за конкурс со таксена марка од 50,оо денари“ ми треба пример да видам.
На економски уписите се од 8 до 14 часот, така да знаете економисти Spoiler ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ СТУДЕНТИ НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) Сите заинтересирани кандидати се пријавуваат на 16 и 17.08.2012 од 08,00-14,00 ч во просториите на Економски факултет во Скопје. Оваа информација се однесува и за заинтересираните кандидати на дисперзираните паралелки во Тетово и Велес. ВАЖНО: on-line пријавувањето е задолжително. Само пријавата со статус „пријавен on-line" е комплетна. Документите кои може да се испечатат во последниот чекор на апликацијата се задолжителни (согласно претходно пополнетите полиња) При пријавувањето за запишување на Економски факултет – Скопје, УКИМ, кандидатите ги доставуваат следните документи: 1. Пријава за запишување со уплатница од 50,00 денари административна такса 2. Оригинални свидетелства од сите класови/години 3. Документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование) 4. Извод од матична книга на родените (оригинал – независно колку е стар) 5. Доказ за државјанство на РМ (Уверение или решение оригинал независно колку е старо) 6. Потврда за уплата на 300 денари на жиро сметката на факултетот (за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата) Назив на примачот: Буџет на РМ – Економски факултет-Скопје Банка на примачот: НБРМ Сметка: 100000000063095 Сметка на буџетски корисник: 1600103697 788 10 Приходна шифра: 723013 Програма: 41 Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти поднесуваат, освен горенаведените докуменит и договор за вработување на неопределено време, или лекарско уверение (издадено од здравствената станица на Универзитетот) Забелешка: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите претходно да направат преписи од документите за свои потреби.
на филолошки само тие документи што ги пишува на крајот на електронското пријавување ли треба да се поднесат утре Потребни документи за конкурирање на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје 1. Пријава за запишување (може да се купи во книжарниците) со 50 денари уплатница за таксена марка 2. Оригинални свидетелства од сите класови 3. Документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование) 4. Извод од матичната книга на родените (оригинал - независно колку е стар) 5. Доказ за државјанство на РМ (оригинал уверение или решение – независно колку е старо) 6. Уплатница за уплатени 300 денари на жиро-сметката на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ПРИМЕРОК 7. Изјава за неподигање на документи Испечати изјава за неподигање на документите а пријавен лист и универзитетски не треба нели или треба са се купат во факултетот
Значи веќе се испонервирав, значи никако не се појавуваат тие документи на крај што се за печатење, ја препраќавме пријавата едно 5-6 пати и пак ништо.Ве молам споделете како ви успеа да ги добиете, ако првично не ви се појавуваа.
Кога се регистриравте за колку време ви стигна порака на меилот? Јас од пред неколку саати се регистрирав и се уште нема ништо.