Може да ми каже некој каде се наоѓа ФАКУЛТЕТ ЗА ПРИРОДНИ И ТЕХНИЧКИ НАУКИ т.е Архитектура и дизајн (спаѓа под Штипскиот) ?
Старбакс, јас пак сум 90та и кусур, а како што гледам имам поени за да бидам меѓу првите тројца рангирани. Уште се до дваесет и петтиот студент, кај и да не за 5-6 дена ќе нè стават. Не сум ставена и јас, да.
Стокмив се што ми треба за утре. Универзитетската пријава рачно ја пополнив, интерниот пријавен лист го испечатив, изјава за неподигање на документите и изјава за користење лични податоци и нив ги испечатив... Другите изјави нема потреба да ги печатам. Ми преостанува утре да одам до факлтет и да ги доставам документите
^ А за кој факултет аплициравте? Можеби за вашиот факултет не треба таква изјава. Конкретно за Економски треба а за другите навистина не знам.
Навистина не знам, обидете се пак можеби ќе ви излезе таква опција. Една другарка што ќе оди на правен не и излегувала таква изјава а исто и на другарката што ќе се запишува на филолошки. Можеби тоа е само за одредени факултети. Ако во документите потребни за упис не стои таа изјава значи не ви е потребна. Spoiler ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ (ова се за економски) 1. Универзитетска пријава за запишување со 50 денари административна такса - Рачно пополнета (се купува од книжара) 2. Оригинални свидетелства од сите класови 3. Документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование) 4. Извод од матична книга на родените (оригинал - независно колку е стар) 5. Доказ за државјанство на РМ (оригинално уверение или решение – независно колку е старо) 6. Потврда за уплата на 300 денари на жиро-сметката на Факултетот. Генерирај уплатница 7. Интерен пријавен лист - се пополнува автоматски со податоците внесени во системот од страна на кандидатот Испечати интерен пријавен лист 8. Изјава за неподигање на документите - Испечатенa од системот за електронско пријавување и потпишана од страна на кандидатот Испечати изјава за неподигање на документите 9. Изјава за национална припадност (се приложува само ако во сведителствата и дипломите не е наведена националната припадност) - Испечатенa од системот за електронско пријавување и потпишана од страна на кандидатот Испечати изјава за припадност на малцинство 10. Изјава за дисперзираните студии (ја пополнуваат само кандидатите за дисперзираните студии) - Испечатенa од системот за електронско пријавување и потпишана од страна на кандидатот Испечати изјава за дисперзираните студии 11. Изјава за кофинансирање Печати изјава за кофинансирање 12. Изјава за користење на личните податоци Печати изјава за користење на личните податоци Јас имам се освен тие под 9, 10 и 11 затоа што не ми се потребни
И јас така мислев, ама најверојатно сега во последен момент излегле документите на сите факултети. Сите што претходно не ви излегувале проверете сега.