има ли некој на општа медицина во ск што му излегоа за печатење изјавите за кофинансирање и за лични податоци ?
Има да . Ти излезе за печатење изјава за користење на лични податоци и за кофинансирање ? Мене не ми излезе
Kaj нас на општа медицина и фармација се потполнети квотите. На мојот има само 9 пријавени денес. За другите факултети не знам.
Колку сум дебилче. Направив мала, незначајна грешка во универзитетската пријава, па уредно ја прецртав со една линија. Мислите ли дека ќе ми праваат проблеми за ова?
Јас мислам дека нема да ти направат никаков проблем. Дали некој знае од колку до колку часот се уписите на Гоце Делчев во Штип?
Јас завршив работа. Отидов уште во 8 сабајле. Имаше гужва, па дури некои не ни беа пријавени електронски и лудница. Како и да е заврши па сега ќе чекаме среда да дојде.
Завршив работа. Молете се да ме примат државна, зошто со кофинансирање не се согласив и потоа се каев зошто требаше за сваки случај да се согласам, и да ме примат на мојот смер, зошто на наредните имаат предност тие што го одбрале како прв смер. Се молам да не ми бидат џабе 95те поени ќе се насмее некој, ама толку е конкурентен мојот смер што... стварно почнувам да се плашам. Едвај чекам 22ри. Со среќа нека е Дали за економски ќе има статистика колку пријавени има за секој смер?
Јас станав во 5 и пол, неможев да спијам од возбуда. Во 7 и пол бев таму, прва влегов и се запишав! Епа колешки психолози со среќа исто и на другите идни студентки! Наш е денов!
Со среќа на сите за уписите. Сакав да прашам, од каде се земаат индексот и студентската легитимација? Од лани се бесплатни,а треба да ги однесеме на денот на запишувањето(на 30.0. Плус пак ни требаат некои дополнителни пријави.
Конкуриравме, не се запишавме! Наш е денов! Сношти не можев да спијам, мал напад на паника добив дали ја направив вистинската одлука, бидејќи одев сама против сите, но сепак ова е тоа што го сакам јас! Рано наутро појдов за час, час и половина завршив. Гужва имаше. На правен абе сето колешки ќе бидеме, мнозинство сме дефинитивно! Единствено малку ме фаќа страв да не ги спобркаат тоа документите таму, затоа што тие одговорните ми делуваа како малку несмасни и како што ќе му се фатеа така ги оставаа. Имам 92,нешто поени! Во државна си викам дека влегувам! Кога ќе има резултати? Со среќа на сите!!! Редно е официјално да ја отстапиме темава на нареднава генерација Се разбира, по објавувањето на резултатите И се разбира дека како поискусни ќе им излеземе во пресрет на идните феминки матурантки кои овде ќе се обратат за помош! Сепак иако не се познаваме, многу си помогнавме едни на други! I love you all