ќе станат и 500 страни, додека ги објават резултатите и да се пофалиме дали не примиле или не, можеби и 600 ќе ги направиме не дека сум јас во оваа генерација ама најаки сме
Јас скоро 2 саати окапав на економски денес. Утрово отидов во 8:10 и ми дадоа бр. на предавална и реден број. Кога влегов веќе беа почнати ама некако еден по еден како што одеа по ред немаа целосна пријава или пак ги немаа сите документи, односно изјави. После сите ги кажавме броевите од екетронските пријави и испадна дека ни биле нецелосни. И ајде, не пратија во лабараторија 1, ама цела се наполни па се чекаше ред за комјутер. Седнувам, ја отворам пријавата се си беше пополнето и само ја препратив. Впрочем тоа ми го кажа и чoвекот од факултетот што помагаше околу електонското пријавување. Кога се вратив во предавалната веќе беа почнати да ги земаат документите на првите броеви, па фино лепо си седнав и чекав да дојде мојот ред бр. 65, а тоа беше околу 10 часот. Негде до број 40 целиот тој процес на подавање документи одеше споро, но после убрзаа малку. Иако има многу конкуренција на финансиски менаџмент, воопшто на економски не се плашам дека нема да ме примат. Останува да чекаме 22 да излезат резултатите.
Документите се предадени, на Економскиот во Прилеп, па се чекат резултатите Со среќа нека ни е на сите
Богами денес на филозофски машала гужва. Ема блазеси ти што си завршила работа порано, ја чекав 3 часа за упис. Посебно за психологија колку имаше заинтересираност, 90% беа за таму. Останувам Ск јас до сабота барам стан. Ако има некоја што сака да ми биде цимерка мене и на уште едно девојче нека ме исконтакира по ЛП. Нека ми даде следни информации: Ако е заинтересирана на кој факултет е запишана, од каде е и да ме исконтактира. Или ако некоја знае некој што бара цимекри нека ми пише. Поздрав. П.С обавезно контактирајте ме преку ЛП, очекувам пораки.
И јас цела вечер не спиев. конечно конкурирав на саканиот факултет, ми удрија печат на пријавата и после толку многу чекање завршив работа. Нека ни е со среќа на сите. Денот ептен ми беше прекрасен и посебен. Имам некоја претстава дека факултетското период ќе е посебен и многу убав! )
Ау ама гужва денес на филозофски. Многу време се чекаше додека да се дадат документите на шалтер. Годинава многу гужва на психологија. 70% од луѓето на филозофски се запишаа на психологија, а на дефектологија изгледа слабо заинтересираност. Со среќа на сите, да не примат сите на посакуваните места.
Со среќа на сите! Јас се пријавив на филолошки за македонски јазик, не чекав ни 10 минути, одма средив работа. Дали и вас на филолошки не ви дале бројчиња за пријавата? Јас ги дадов документите и ништо, исто и тие пред мене, а на правен им давале бројчиња за пријавите.
И мене не ми дадија бројче , фино лепо си влезив тетката ги прелиста документите ми рече толку и јас си заминав.. така правеше и со тија пред мене
Аман бе! Јас кога бев немаше никој за психологија,историја,филозофија и дефектологија ама тоа беше 8-9 часот. Највеќе имаше за социјална работа и социјална политика. Ништо тогаш,ќе немам шанси јас за психологија. Најголемата желба знам дека нема да ми се исполни, втор избор ми е дефектологија така да со сигурност ќе влезам таму.
Немаше бројчиња на филолошки.. само на ПИТ имаше гужва, и јас не чекав ни 5 минути ....жално.. 5-6 катедри се пријавуваа на тој шалтер и ич гужва Е рано си била, покасно имаше многу гужва и кој како слушнев/прашав сите психологија или дефектологија..
Немате појма колку сум среќна. ДАЈ БОЖЕ да ме примат!!!! Ај бе некои статистики за на финки, имаше гужва ама брзо се завршуваше. Јас не видов некоја мака.