Штрумфетке, не знам зошто се секираш, ФИНКИ примаат највеќе студенти, а ти како што си одлична, немаш потреба за секирации. Јас типувам дека си влезена.
^Да помине времево побрзо до 22ри, да дознаеме дека сме во државна на финансиски и да спиеме со мирна глава.
Некоја феминка да не знае каде резултати ќе објават ?? Онлајн? Инаку на економски финансиски менаџмент сум со 98 поени. И ги поздравувам идните колешки
Епа во акаунтот на електронското пријавување горе десно имаш Ранг листа додипломски студии која сега не постои и на 22 со прелиминарните ќе ја отворат и ќе ги стаат, а на 27 конечните.
Онлајн ќе има 100%, но би требало да има и на факултетите. На нас ни рекоа дека на 22ри да го отвориме својот кориснички профил и да видиме на ранг листите. (зборам за УКИМ)
И јас си се запишав денес, отидов кај 10 и пол негде па имаше малку гужва....ама сепак не се споредува со гужвата на медицински во скопје аууууу...
Уф и јас не знам зошто вакви неосновани паники стварам, неизвесноста почнува сега а 27ми е ужасно далечен, ама тогаш ќе има дупло славење . Мишелке те гушкам
Деновите до 22 ќе ми бидат катастрофа,цело време си мислам ќе ме примат нема да ме примат хаха,А да прашам се согласивте вие доколку не влезите во државна да одите дирекно во приватна квота,потпишавте изјава?
^Ја не потпишав. Со 96,6 веројатно ќе влеза на е- бизнис Лелее колку сака ко на УГД одма да не рангираат.. аааа не ќе можа да дочека..
Ако евентуално си последна на листата.. и бодовите ти се погрешно пресметани (повеќе од оние кои ги имаш) и тој што е после тебе испадне да има повеќе, да влезе наместо тебе.. затоа што прелиминарните се за тоа-доколку има грешка поднесуваш приговор за да исправат... е сега има две опции или ќе ја прошират квотата или ќе ти го земат местото.. секако таквите случаеви се ретки, барем јас не знам за некој таков..
имам тука колешки за англиски и книжевност . инаку 20 минути со едни девојки чекавме дека ги примаат другите катедри дури потоа ни кажаа дека за англиски било во амфитеатар . инаку бев во 10 и немаше многу гужва за англиски се зачудив. би требало со моите 91.105 да сум во државна квота па ќе видиме. со среќа на сите. Поздрав
Сто посто ќе те име тебе во државна квота. Ако не си знаела на овој смер примаат околу 300 луѓе државна квота
со среќа на сите , ќе чекаме резултати. Оваа година на економски факултет има многу пријавени студенти, најмногу мислам одат на финансиски менаџмент и надворешна трговија. Кој знае како ќе бидат бодовите за влез во државна квота, се може да се очекува колкава ќе биде најниската граница за влез во државна квота?