Што мислите, со моите 89 поени ќе ме примат на Менаџмент во државна квота ? Не знам зошто потпишав изјава дека се согласувам за приватна, кога не сакам тоа .
Со 96,6 обавезно влегуваш на е- бизнис обавезно, гледајќи ја ранг листата од лани имајќи предвид дека резултатите од државната матура се послаби годинава вледуваш во државна квота а за чекање ќе чекаме
Обавезно те примаат на Менаџмент лани последниот во државна квота имал 84 бода а резултатите се послаби оваа година од државната матура Уживај!
Колку и да сакам да се ослонувам на ланската ранг листа, не можам. Логично е оваа година значително послаба матура, да има послаби резултати, да нема многу високи поени итн. ама пак сум песимист во душава. Дај боже се да испадне како што треба, ама стварно ланската листа не ми значи многу зошто таа ја формираме ние самите генерациски, а да водам евиденција за сите кој колку има за мојот смер не можам, не можете ни вие. со Господ напред... да се надеваме на најдоброто
Јас сум нов ако е женска страна многу може да се научи, јас со 92 поена идам на финансиски менаџмент, и се надевам дека ќе влезам во државна квота , можам да се надевам нели???
За колешките од ФИНКИ, На техничките факултети вчера имаше добар одзив, посебно на факултетот за информатички технологии, ФИНКИ
Гледам тука нема никој за сметководство и ревизија(Економски факултет-УКИМ) јас не прифатив за кофинансирање и сега чувствувам голем страв дека нема да ме примат со 89 поени таму,а тој страв ми почна кога слушнав на ТВ дека најмногу се пријавиле на Економски...
За тебе и ваквите со одлични поени што се тресете, само 1 ќе ви кажам. Лани другар ми беше последен во државна на Мрежни технологии со неверојатни 47 поени. А замислете приватна. Така да... рилекс
Јас имам 70 поени и секирам ептен, а со ова што го напиша Плавушке ептен ама ЕПТЕН ми падна камен од срце. А и плус оваа година се проширени квотите. А сигурна си дека влезе без врски?
Да бе не знаеше кај, дури и англиски имаше екстерно матура и без разлика на тоа, пак влезе. Е сеа последен баш, ама важно влезе. Лани тоа Ако си на УКИМ, 22 прелиминарни, 27 конечни.
Има има Јас поднесов документи за на правен со моите 94 бода, па се надевам ќе влезам во државна квота