И мене немате појма колку ми олесна, јас имам 79 поени и искрено страв ми беше, не знам колкава е заинтересираноста, колку ученици аплицирале со подобар успех и бла бла. Ајде ајде ќе биде, малку повеќе оптимизам не е на одмет . Плус додека чекав ред едни дечки си збореа -абе брат ќе не примаат ли бе, шо бараме овде, ти колку поени имаш бе? и овој другиот му кажа 60 и кусур и се надевам ги има повеќе такви и така, и тоа.
Другарка ми кажа дека преку 300 души се запишале за психологија. Другар и кажал, од сигурни извори така да 200 ќе бидат одбиени од таму само 100 остануваат.
Што е финтата со 21 август? Објавување резултати од успехот од средно образование. Демек не си го знаеме успехот.
Да,ама така ќе видиме како сме рангирани. Дали има место за нас на факултетот или нема,дали би влегле во државна или во приватна квота. Во зависност од другите конкуренти.
Па добро тогаш што ќе ни се прелиминарни листи ако веќе има резултати од успехот од средно образование. Малку не ми се јасни овие работи или пак само комплицираат. Исто ќе ги има резултатите и на iknow кај што се регистриравме, има еден линк - ранг листи.
Им даваат време на тие што нема да успеат да влезат, да си фатат врски Шала на страна, мислам дека после прелиминарните резултати може да се поднесат приговори, па откако ќе се разгледаат приговорите се ставаат конечните листи.
Мислам дека се земаат од книжарницата на факултетот. Сите останати документи ги пишува во Конкурсот на УКИМ што излезе пролетоска. Би требало да пишува и на веб страните на секој од факултетите. Единствено знам за индексот и за трите слики што треба да ги носиме. Кои големини беа не ме држи за збор. Мислам две малечки како за во лична карта на времето и една поголема За останати документи не знам...
Колку што сум информирана индексите се земаат на 15 Септември,ке има нешто во салата Борис Трајкоски како за почеток на оваа година,свечено давање на индексите,Барем до сега било така и така ми кажаа.А сликите се носат на запишувањето на 30 и 31 Август.Сигурно ке има подетални информации и за тоа на страните на интернет.