Дали некоја има тука што полагаше во августовски рок... матура... дали им беа истите тестови или имаше измени или сосем беа сменети ???
Јас имам другарка што полагаше англиски и ми рече дека тестот бил ист само биле сменети темите за пишување. Ова е вака прва година...
А ова успехов од средно ќе биде успехот на сите на цел факултет без разлика на департман или по смерови? Ако е по смерови уште по успехот ќе можам да видам кај сум што сум.
Девојки кога се уплаќа прва рата за партиципација? сгеа кога ќе треба ли да се запишуваме на 30? и 31
Да овој список е ист како и тој што е конечен, значи ви го кажуваат успехот и многу веројатно е дека на тоа место ќе бидеш и на конечниот.Овој конечниот е ако има случајно некои измени.На мојот факс лани јас си бев на 10то место и на двата списока.
цццц последниот примен во државна квота на УГД е со 83 поени во втор уписен рок се пополнуваат местата или некој со повеќе поени или не? Пр. кандидат со 85 поени да е одбиен поради кандидат што аплицирал во втор уписен да речеме со 93 поени?
Зошто да нема шанса? Пример не стигнал некој на прв уписен од најразлични причини па сега аплицира на втор уписен и има 95 поени, многу веројатно е последниот кој бил во државна автоматски да падне во приватна...
И јас мислам нема шанси и не би било во ред така. Како може да не стигнал тогаш да се запише и сега оп да му го зеде на некој друг местото.
Така да беше, зошто одиме на прв уписен рок да се запишуваме? И тие што имаат по 99 поени? Ако беше така ќе чекаа трет уписен
Веројатно е да се има некоја предност за тие што одат на прв уписен.. по логика е така..сепак сме се намачиле да идеме на ПРВ уписен..
Ама сепак не оди во прв уписен рок да примат и со 60 поени, а после во вториот уписен рок да нема место за некој што има 90 бода. А тој може не можел да се запише, пр. бил надвор од државата или пак добил 4 на матура па сака да преполага. Сепак ова е мое мислење...
А кој е тој луд што ќе го пропуште првиот упис, зашто добил 4 на матура. Или пак ако не бил тука, може некој друг да му ги однесе документите. Другите 2 уписни рока се за оние што се одбиени во првиот/вториот.
и тука имаш право ама па глупаво е за некој кој влегол во државна по некое време да му се каже дека паднал на приватна... извини,не се важи првото.. хммм...
Нема врска тоа. Не може некој од втор уписен рок да фаќа место на некој во прв уписен рок, затоа што има повеќе поени. Нели конечни листи од прв рок се на 27 август, а втор уписен рок е на 2 и3 септември, така да нема шанси. Инаку Плавуша, в среда мислам дека ќе има, не утре. Би требало и на уписи.уким.мк да ги има.