И јас се сложувам дека нема шанса да го бутне тој од прв уписен. Се знае дека првиот уписен е да кажам „главниот“ уписен рок. Не значи дека ако некој со 99 бода го мрзело да отиде на прв уписен рок, дека кога ќе дојде на втор ќе го примат со раширени раце. Секој што избира (поради некоја причина) да не оди на прв уписен си ризикува воопшто да не го примат после без разлика дали има 99 бода или не.
На втор уписен рок одат оние со приватна и вонредни доколку се пополни квотата,а ако има место не е поплнета мислам дека можат и во државна да се запишат.
Можат, додека има места во државна квота секогаш се пополнува прво таа, па после приватна квота. А вонредни студенти можат да се запишат и во прв рок бидејќи и за нив има ограничен број и тоа доста брзо се пополнуваат нивните места.
Дечки ако има некој на правен факултет нека си отвори во електонското пријавување ила ранг листа со бодови
Нема врска прв или втор уписен рок, ако е некој со 90 и кусур поени и те како дека на вториот уписен ќе го стават во државна а сега дали некој влегол во државна па после спаднал во приватна тоа ви се дечки чисти врски!!
Не може да го стават. Прво и основно, пред да биде вториот уписен рок студентите кои аплицирале во прв веќе се запишани на факултетот со платена партиципација за прв семестар од 100/200 евра. Конкретно, годинава уписите се на 30ти и 31ви, а втор уписен рок на 3ти и 4ти или сеедно. Ако во државна квота на одреден факултет примаат 134 души, а се пријават во прв рок 185 првите 134 со најдобар просек одат во државна квота, другите во приватна. Ако евентуално останат места во приватна квота тогаш пак го има на конкурс тој факултет и ако некој аплицира оди во приватна квота без разлика на бодовите.
Во конкурсот под точка 5. прочитав оние студенти кои се примени со кофинансирање потребно е да поднесат изјава во рок од 24 часа по објавувањето на резултатите, ова потребно е? Или немора, бидејќи сите не се од Скопје, а да се оди само за една изјава стварно нема смисла.. ајде некои нека одговори, нека ме поправи ако грешам
eve sto pisuva na upisi.ukim.edu Листа на студенти со прифатени документи на ГФ објавено на: 21.08.2012 a koga kliknam na linkot Page not found sto pretpostavuvam uste ne ja stavile listata ima li sansa denes da bidat objaveni ???
Најчесто ги објавуваат во вечерните часови пред полноќ па можеме да ги очекуваме вечер(се надевам инаку кој ќе чека уште еден ден)
Зошто нема истакнато и на другите факултети(конкретно економски),туку само на градежен? Ајде не можам веќе да чекам уште ми се во глава зборовите од сите вести дека највеќе се пријавиле на економски...