Дечки ако некој разбрал кога ќе бидат објавени резултатите за економски нека пише, не по УКИМ на 22 Август, сите резилтати веќе горе доле се објавени само економски си чека, мора денес или најкасно вечер да ги пушти време е
Еве и од правен имало, фала за линкот од погоре: http://www.fakulteti.mk/upisi/2012-2013 ... s2012.aspx
Да не се дисперзираните студии по геодезија во Куманово? Гледав, гледав, ама ништо друго не ми се чини соодветно Голема заинтересираност оваа година на геодезија, минатите незнам како било, ама оваа година ќе има многу кои ќе го бараат вториот уписен рок Ајде веќе нека објават и од другите факултети, нестрплива сум!
а во колоната кофинансирање ми пишува да, дали тоа значи дека сум со 400 евра?? а ме фаќа државна квота имам 96 поени
Мислам дека не значи, ако не си примена во државна тогаш треба да си во приватна, тоа конфинасирање нема врска со државна и приватна. Ама со твоите 96 во државна сигурна сум дека си примена.
Државна квота ќе си бидеш, тоа е дека така си се изјаснила, види ја ланската листа ги редат по поени и сечат до таму до каде може да се влезе во државна квота, на 90 % им пишува ,,да,, неможе сите да бидат со кофинансирање уживај
А што е разликата со конфинансирање и без? Кај мене на мојот факултет, сите пополнивме со конфинансирање, мислам тие што беа пред мене. Пред шалтер имаше оставено изјави и сите што немаа такво си пополнуваа кога ги дававме документите.
јас не потполнив такво, а бев согласена на кофинансирање и ми рекоа дека нетреба други документи требаше башка тоа за кофинансирање да се потполни? (јас секаде имам пишано дека се согласувам и во електронската и писменана пријава)
Ама јас прашувам што ако не си согласен, која е разликата, дали има некоја разлика, предност ако имаш пополнето изјава за конфинасирање? Јас пополнив изјава за конфинансирање, а појма немам која и е улогата.
Ако не те примат во државна со 200 евра ако имаш пополнето таква изјава дека се согласуваш со кофинансирање одиш на твојот прв смер со 400 евра а доколку не си пополнила таква изјава ако нема место за тебе во државна квота те ставаат во следниот смер кој си го подредила во државна и така
Факултет за ликовни уметности - Скопје и за ова резултати излегле. Ајде бе, нема смисла ова ! Нестрпливи сме