Taa изјава мене ми рекоа дека се пополнува по излегувањето на резултатите (најверојатно на запишувањето) доколку си примен во приватна квота (со кофинансирање) дека се согласуваш да го продолжиш образованието со 400 евра. Мене ми беше испринтена од дома изјавата и таму ми кажаа да не ја пополнувам. Иначе на резултатите кои се испаднати, во колоната кофинансирање, ви пишува да доколку сте согласиле на кофинансире и не доколку не сте се согласиле. Нема тоа никаква врска дали ќе бидете примени во државна или приватна квота, ќе знаете за тоа дури откако факултетите ќе ги наредат студентите по поени, а не вака по азбучен ред. Eдит: Леле ме збунивте сега со потполнувањето на оваа изјавата. Ај некој друг нека се изјасни дали ја пополни изјавата или не..
значи овој список е на студентите кои се примени во факултетот, но сега треба да чекаме за да ги подредат и да знаеме во која квота сме... уфф..а кога ке биде тоа !?
^^ Па ако си на некој факултет каде примаат помалку студенти, можеш и сама да си ги подредиш и да увидиш во која квота си. Не одзема кој знае колку време. Ама ако си на правен, незнам, тешко.
Не.До сега има само за правен,градежен и факултет за ликовни уметности еве линк http://www.fakulteti.mk/upisi/2012-2013 ... s2012.aspx па тука можеш да си проверуваш дали има објавено за твојот факултет
Тоа значи, ако немаш ДОВОЛНО ПОЕНИ и не бидеш примена со 200 евра во државна квота , се согласуваш да се запишеш со кофинансирање 200+200 евра
На економски ја пополнуваа на денот на пријавувањето,јас не прифатив со кофинансирање и не пополнував,но другите кои прифатиле едната тетка од комисија им ги делеше изјавите за кофинансирање да ги пополнат
Еве ви и список на пријавени кандидати на ФИНКИ. http://join.finki.ukim.mk/Files/%D0%9F% ... k_2012.pdf
Кај нас ни немаше таква изјава, јас никаде не сретнав, освен она во електронската пријава(интерен лист) дека се согласувам ако не ме примат во државна да влезам во приватна, друга изјава не сум потполнувала
Зошто сите коментирате како да ве примиле..таа листа што сите ја гледаме не е на примени, туку листа на поени од успехот од средно односно листа на оние кои поднеле документи од која листа ќе се направи нова на оние кои се примени...јас така разбрав (барем што се однсува на листата од правен факултет)
Гледам сите различно пишуваме во врска со неа, така да незнаме што како е точно, а можеби и на секој факултет е различно. Јас секаде напишав дека се согласувам со кофинансирање и на изјавата напишав име и презиме бидејќи имаше студентки кои ни објаснуваа како да ја пополниме пријавата и едната од нив ми рече да ја пополнам, а потоа дојдоа едни други студентки и ни кажаа дека тие не треба да ги пополнуваме, изјавите се се за подоцна, па ја оставив и така ја предавов на шалтер, не ми кажаа ништо. Како и да е, тоа не менува ништо најверојатно. Листите кои излегоа се листи на студенти на кои им се прифатени документите за одреден факултет. Што значи се примени.
Така е на пример за градежниот факултет каде што си пишува дека е тоа список на примени ама не е кај сите така еве конкретно за правниот факултет не е список на примени...
^ Во право си. Ова се сите студенти кои ги дале своите документите. Исто и кај листата на градежен. Сеуште не се излезени листите на примени кандидати, се надевам дека утре, задутре ќе излезат и тие.