Сами може да си видиме дали сме примени, од конкурсот колку се примаат , се бројат пријавените кандидати што имаам бодови пред тебе и ќе видиш на ке место ќе бидеш
Некој на Правен??? Може некој да ми објасни wtf е онаа листа по азбучен редослед? ајде нека дадат конечна уффф///
Објавени се значи сите што поддале документи, а утре или четврток ќе биде конечната ранг-листа. Еве што пишува на конкурсот.. По објавувањето на прелиминарната ранг-листа на кандидатите за запишување од страна на конкурсната комисија, кандидатот има право на приговор во рок од 24 часа. Приговорот се однесува само на технички пропусти - грешки направени при пресметувањето на бодовите, и се упатува до управата на факултетот. По истекот на роковите за поднесување приговории за нивно решавање, конкурсната комисија на соодветниот факултет објавува решение за прием на студенти
Дали може да ја видам листата на студенти што поднеле документи за запишуавње на фармацевтски факултет? Линк ако може
Еххххх.... вие се нервирате за резултатите а па јас утре полагам интерен предмет....ме фаќа паника готово нз со да ппрам ....
Нема само правен, градежен, ликовна и финки ги има... еве ти чекај тука http://www.fakulteti.mk/upisi/2012-2013 ... s2012.aspx АЈДЕ БЕ ЕКОНОМСКИ АЈДЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ
тебе сигурно ќе те примат, јас треба да се плашам неможам да седам во место само шетам низ дома и отварам на страната а ова се резултати на примени кандидати или сите што поднесле документи?
Со другарка ми гледавме сега на правен за правни студии бараат 620 а во листата што излезе за правни студии имаат поднесено 491 па така да ова можеби ќе ви биде од некое олеснување
Ова се на тие што поднеле документи јас така разбрав, е зошто да се плашиш сигурно и тебе ќе те примат
Леееееееееееееле сега има и за Ветерина во Скопје и Техничкиот во Битола, леле бе ајдеееееееееееее побрзооооооооооооооо
Значи до крајов на денов ќе има за сите? Да очекувам за мојот? П.С тие на ветеринарна медицина во кој објект имаат настава? Во кој дел од филозофскиот факултет?
Сеуште немаат резултати, една моја другарка беше на приемен и многу добро поминала, имало многу и верувам дека повеќето ќе бидат примени ,но деканот веќе ги назначил најдобрите, некое девојче од куманово и кичево.
Веројатно јас сум таа во најдобрите А како на приемен не те разбирам? На кој факултет? EDIT: ЗБУНКА, се извинувам, не го прочитав постот од погоре. Не сум јас на овој факултет, се работи за друго девојче.
http://www.fzf.ukim.edu.mk/index.php/mk ... 13-2012-13 Влегов на психологијаааа!!! Луѓе цела се тресам од среќаааа!!
Ветеринарна медицина е посебен факултет во Автокоманда, кај таа ветеринарната станица што е, ама не знам точно која зграда има 3-4 мислам. А може се и сите... Битно посебен факултет си е 100%.