И јас целосно се согласусвам ,со ова , бидејќи една професорка што е во тестаторите им даденанејзините ученици во 1ва година годинава , тема „Легализација на ефтаназија кај терминално болни“ или „Или влијаието на FAcebook, врз животот на младите“, штое навистина глупаво, мислам нема некои добри агрументи, се е општо, вака од книгите има толку многу ликови, дури има ликови како Соња во Злосторство иказна и сестрата на Раскоњников и уште мн други кои ни дваат шанса да заземем негативна страна, наместо да ги оправдуваме Горио И Раскољников значи имаме , доволно аргументи и предзнаење данапишиме убави состави есеи. и да само да е над 450, па една писмена работа има над 450 збора кај нас за 5ка.
И мојата професорка е еден од оценувачите и ни ја кажа оваа информација. Како што погоре спомнав Реализам 350-450, Слободна тема 450 - 550
дали криетериумот за отценување ќе биди ист иза тие што ќе пишуваат слободнатема и за тиешто ќе пишуваат за реализам? и слободната тема тие ќе ни ја дадат така??
А типува ли некој од вас за каква слободна може да ни дадат, или пак некои теми поврзани со реализмот..
Зафркаваш ?? Малку недефинирана темава ми изгледа. Ааа едит, пак. Абе бејби блонд, како може да нема аргументи за еутанзија - не е ефтанзија бај д уеј - или па влијанието на фејсбук врз младите ?? сто аргументи за и против можам да напишам на темиве, само нека дадат таква некоја. Оваа горе со психологиите ми е скроз на скроз нелогична.
Есејот треба да има од 350 - 450 зборови, со отстапување до + 20 или - 20 зборови, што доаѓа од 320 до 470 зборови.. Доколку се премине овој фонд на зборови или нема доволно зборови есејот не се прегледува !! ... Едната тема точно е дека е реализам, конкретно не се знае што, но најверојатно нешто од Достоевски и Балзак односно ,,Злосторство и казна,, и ,, Чичко Горијо ,, . Делата НЕ смеат да се раскажуваат !!... Втората тема или слободната тема не знам што конкретно би дале, но знам дека носи повеќе поени од оваа за реализам... Паа како и да е, ви пожелувам на сите среќа, се надевам дека ќе ми држите и вие мене.. Т.е не ја држете пуштете ми ја
Воопшто не е недефинирана темата... Токму суштината на реалистите е да прикажат некоја општествена група преку само еден лик кој би ги обединувал сите нејзини карактеристики. Есејот не е за да се прераскажува, туку да се направи критички осврт. Многу убаво ти е објаснето во критиките за овие две дела конкретно. Доволно е само да се прочитаат, па после секоја зададена тема е лесна. Ако вие на училиште не сте користеле ваков начин на пишување и те како темиве се недефинирани и тешки...
АААААА ти ова го кажуваш како тема за реализам. Така кажи бе девојко, јас те разбрав дека ова го кажуваш за слободната. Викам кои црни психологии, дандалот ми го зема, пу мајката. Е тоа е друга работа тогаш, има за што да се напише. За пишување не се секирај, работени, преработени. Нејќум да ги видам веќе. О Боже, си напишала горе. Е то је то, диоптерот чуда прави. Ај доста се малтретирам и јас, а и другите, добра ноќ од мене.
Леле ај овие што ја смислуваат матурава нека одат да прошетаат малце . само нешто ново, понекое двосмислено прашање. па добро бре нека кажат на матура.гов.мк вака вака вака ке биде и толку и сите да си знаат како, на што се. а не вака дознаваш ова повеке бода, она помалце. е зошто така? теее нека дојде 25 јуни да си видиме одмор на раат
Колку страни има прирачникот по мак.зошто кај мене завршува на 367 и другите страни се мистериозно исчезнати, а знам дека продолжува зошто реченицата не е завршена на последната страна Колку пропуштам?
Еј луѓе ме интересира дали некој знае на матурата од делот пишување кои дела спаѓаат во Реализам. Бо прирачникот убаво си стои Чичко Горио и Злосторство и казна ама нашата професорка рече дека се паѓале и дела од модернизмот
па начи ги немаш:содржината на Црно семе, Гане Тодоровски, Матеја Матевски и Влада Урошевиќ така да ништо посебно и да ти се падне некоја песна од нив,ќе ја прочиташ на испитот и ќе сватиш за што се работи а можеш и денеска да отвориш на интернет и да прочиташ нешто за нив
Завршува кај Гане Тодоровски за него имам ама не е довршено, за другит еќе дочитам, а сега видов дека и од друго место ми фалат 10 стр како можев да ги завеам некаде Фала за информацијата
да можиш да филозофираш колку сакаш на тие теми, ама обично кога се пишува на такви теми се потребни факти, бројки кои ги поткрепуваат аргументите, докази, не само филозофија, од типот ние не сме Господ или Подобро да го поштедиме, од болка итн.; или за фацебоок мора да наведиш исто колку е намален успехот кај учениците, поради безделничење на фб или не знам, колку е намален бројот на деца што спортуваат, туку седат на фб и такви др факти. кај реализам тоа не тие потребно имаш дела правиш осврт на делата и толку. инаку отвори македонски речник таму ја пишуваат како ефтаназија. инаку знам дека е еутаназија на запад.
^Добро бе луѓе, пишувајте како сакате и како ви одговара, на никого не му ставив јаже на врат дека мора да пишува на слободната. Сакам да помогнам и само кажувам што мене ми кажуваат и што јас мислам за тоа. Ако вас ви е полесно на реализам, тогаш напред - се за подобар резултат. Ама немојте мене да ме разубедувате дека која е подобра опција, секој за себе. Знам кои се добро поткрепени аргументи и што се подразбира под истото, без грижи. Четири години ги пишувам писмените директно на часот, камоли да беше матурата само есеј. Мене лично повеќе ми фуфка за прашањата со одговор кој треба да се дополни, е тие од клуч се прегледуваат. Се што не се поклопува со клучот - 0 поени. И дали може некој за сигурно да ми потврди дека Томас Хобс рекол - Војна на сите против сите ?? Жан Жак Русо беше со Човек на човека му е волк, нели ?? Ги гуглав овие и ги најдов вака, ама нешто не ми штима. Во одговорите Човек на човека му е волк ми е пишано кај Хобс.
^Jас мислам дека тоа е на Хобс Дози Или па грешка сум А инаку за есеите и јас мислам на слободната тема да пишувам, критички осврт на дела секогаш ми било потешко и на писмени, некако заглавувам и почнувам да го раскажувам делото и утнувам. Spoiler Него Дози ај ако сакаш кажи ми за кое дело на Матеја Матевски,Гане Тодоровски и Влада Урошевиќ е раскажано во прирачникот за да можам да најдам на нет.
Томас Хобс рекол човек на човека му е волк и војна на сите против сите а Русо бара враќање кон природата па позната мисла му е Човекот се раѓа слободен а секаде е во прангии
Ајде мене ми треба за Влада Урошевиќ. Информации за неговото поетско творештво, стихозбирки, песни (па може и плус анализа на некоја песна)... кои песни ги потенцирал/а вашиот/та професор/ка и сл. Благодарам однапред. P.S. Ама не тоа што е од прирачникот (бидејќи го имам и јас), туку ако имаш нешто повеќе... во прирачникот скоро ништо и да нема, а и што ќе разбереш од пет реда, особено кога станува збор за современа поезија (која патем е тешка за анализа... барем мене). едит: А да! Гледам во програмата по македонски јазик има и Народна литература, на што посвети внимание во однос на тој дел?