A значи вкупно се пријавиле 793 на филозофски. А кои ќе бидат примени конечно на 27 ќе излезе така? Како пресмета дека си влезена?
Абе шо да е, само да е ЕКОНОМСКИ, аман! Божем економисти, божем статистичари, види ги последни. Ја сфаќам да има многу пријавени, ама па имајте осет за нашите ослабени срца
^^ Абе во првите требаше , ќе ги тепам ако не па, ми го ослабеа срцето вака Плаво на шо смер се запиша?
кога за фармација, навистина неможам да чекам ја заминува малку да се прошетам до кај баба ми, ако поседам овде навистина ќе полудам
Сметководство, финансии и ревизија, ама ќе се префрлам од 2 на Банкарство и финансиски менаџмент или на меѓународна економија и бизнис
Ако не денес утре 100% ќе има преелиминарни резултати од Економски. Јас не се замарам затоа што сум сигурна дека ќе влезам на финансиски менаџмент во државна квота. Белким немаат сите што аплицирале по 99/100 бода.
Што дека имам високи перцентили кога влагаат и со 60 поени на било кој смер и после на крај на прва се префрлаат и сите молби се прифаќаат, а во прва сите исти предмети учиме заедно и не е битен смерот. Е сеа колку е привилегија да влезеш уште одма државна и да не се префрлаш не знам, ама ете сакам да ја имам.
Ај тие што се на филозофски да ми објаснат ако знаат. Кај некоги гледам пишува вака PS001;S001;SR001;PE001;D001;BOM001;F001;R001;K001;I001;U001;IA001;A001 а кај некои само едно на пример само PS001 или PE001 Јас фаќам дека е кратенка од психологија, дефектологија и социологија на пример. Ама зошто се кај некои подредени, кај некои не? Вака се подредени, а кај некои не се?
Бидејќи тие со повеќе ги подредиле сите смерови од факултетот т.е. првиот им е кај што сакаат да се упишат, па ако не ги примат на тој одат на вториот итн. А тие со по 1 си избрале само 1 кај што сакаат да ги примат. Патем не сум на филозофски, ама вака е кај сите