Мора, иначе ова не може да се нарече прелиминарна листа, туку сите на куп собрани и никаква прегледност се нема. Утре, задутре сигурно.
Ех таман работа да те нема, ама работата е зошто просто не ставиле и департман една колона и со здравје. Многу ќе ни олеснеа, а вака... Инаку јас броев отприлика од сите 1000 и нешто души повеќе од мене имаат некои 100тина до 120 ете, грубо избројано на цел факултет. Се надевам на државна, ама сакам да видам прелиминарна по департмани и .
Добро не ми се јасни списоциве од економски... како да знам дали сум влегла у државна квота или не? И овие сите 1011 што ги има на списоков се примени?
Не се примени тоа се сите што се пријавиле. Економскиот ни е едини факултет што не ги ставил департманите и сега ние не знаеме на што сме
Поглупа од мене нема!! Мислев сите што се на список поминале И стварно другаркава не ме лажела, преку 300 има на психологија, 40 има само со 90 и кусур поени, исто толку со 80. Нема шанси. На дефектологија има 81 пријавени кандидати ама видов дека некои не прифатиле со 400 евра а малку поени имаат,нема шанси на државна така да дефектологија не ми бега! Стиснете дислајк на претходниот мој пост, не заслужил да е толку лајкуван
За факултетите што спаѓаат под УКИМ знам дека е така и секоја година со конечниот список за примени кандидати објавуваат и листа за 10 студенти кои имаат најмногу поени кои добиваат стипендии
Какви стипендии се тие? Различни се од оние за на пример ако си со просек 8 или 9? Зошто ќе бидам трета по ред според поени, што значи сум во првите десет на мојот ако ве разбрав убаво.
Лууууууууѓееееееееее ја си ги избројав сите од смерот што имаат повеќе од мене и треба да сум негде на средина на државната квота