Не зборувам пред време. Кога ќе има конечни резултати ќе се радувам ако влезам во државна, ако не нема и готово
23.08.2012г. - Доставување на прелиминарни резултати во училиште (објавување во училиштата во 12 часот) 23 и 24.08.2012г.- Прием на приговори во училиште и доставување на приговорите од УМК до ДИЦ. 24.08.2012 г. (од 12 до 15 часот) - закажување за увид во тестови на телефон: 079490314 за математика, 076490315 за странски јазик, 076490312 за мајчин јазик и филозофија 27.08.2012 г. - Увид во тестови 29.08.2012г. - Доставување на резултати од разгледани приговори до училиште 30.08.2012г. - Доставување на конечни резултати до училиште (објавување во 12 часот) луѓеее а ние шо полагавме во августовскиот рок кога ке земамее дипломиии??? ќе можиме да се запишиме на втор уписен роккккккккккк??????????????
јас неможам ни да се најавам не ми ја прима адресата незнам зошто ми вика адресата ја нема во системот
Ми треба помош! На прелиминарната листа видов дека јас сум четврта на листа по висина на бодови за мојот смер. Во државна квота примаат 50. Тоа, нормално, би значело дека јас сум примена во државна квота, но ми пратија мејл од факултетот дека поради големата заинтересираност т.е. поради тоа што веќе е пополнета државната квота, дека сепак треба да се поднесе приговор за промена на статус на кофинансирање. Јас при уписот избрав да влезам со кофинансирање во случај да се исполни државната квота итн. Дали мислите дека има потреба да поднесувам приговор, бидејќи јас сум една од појаките со бодови и мислам дека нема шанса да ме турнат надвор од државна квота. Што мислите?
Тој мејл најверојатно на сите пријавени им го имаат испратено автоматски, без разлика на поените. Ако си сигурна дека си во државна нема потреба од приговор. А, плус тоа веќе си прифатила кофинансирање, во случај да не влесеш во државна.
лелел се ми се испомеша на кој факултет си? и ако си согласена мислам ако си избрала со кофинансирање зошто повторно да поднесуваш приговор за промена на статус со кофинансирање ако си избрала со кофинансирање, тогаш си со кофинансирање, не те разбрав а на другите ви дојде таков маил?
Ова нема врска. Тоа е едно ливче што се поплнува, а ќе биде со кофинансирање АКО и само ако не е примена во државна.
е вака сеа.. едно нешто не ми е јасно.. не сум матурант ама сакам да се осигурам. на факултетот за туризам примале 50 студенти а до сега имало пријавено 85 .. е сега ако се пополни бројот уште на првиот уписен рок па значи нема да има потреба од втори и трети??? ќе може некој да ми го објасни ова
нема да има втор и трет уписен рок, бројот што го барале 50 е исполнет,ако имало 85 пријавено значи дека ќе отпаднат 35
Ова е нешто како или конкретна критика за ние што пишавме државна, приватна? Па кандидатите се тие, бодовите им се тие, и да се смени повеќе од 5 души не се. И што има лошо во тоа што си избројавме колку пријавени имаат повеќе поени од нас и знаеме отприлика на кое место ќе бидеме рангирани и тоа место во која квота припаѓа? Резултатите се овие, само што на конечната листа ќе бидат средени по департмани и квоти и друга разлика не треба да има, а вака се измешани. А луѓето сме тие, тоа е.
За сите што прашаат за стипендиите.Ова важи за сите факултети под УКИМ, првите 10 на листата се ослободени од партиципација во прва година, ама првите 10 на цел факултет, не по смерови.Лани имаше објавено на крајната листа кои се тие.Јас бев годинава и некои факултети се уплаќаат па потоа ви ги враќаат парите, а на некои воопшто не уплаќате партиципација, туку потпишувате таму нешто на денот на уписи.Значи не уплаќајте додека не прашате.Имајте си спремано уплатница и ако треба ќе тркнете на денот на упис и ќе уплатите. Ова е ослободување за за прва година, понатаму си плаќаш. И за тетратките што прашувавте.Тоа се трошоци за тетратки при полагање колоквиуми,кои ги добивате од фак. и на сите факултети ова е задолжително.Си пишува вајда на страните што се треба да се уплати.