Имала една и со 100 поени пред мене, значи четврта сум по ред на цел факултет, не во мојот смер, ама пак сум во првите десет. Е сега, на студентски прашања ќе прашам дали сум ослободена од плаќање, така треба да го поставам прашањето? За секој случај како што ме посоветува Дузи ќе си земам во мене пари и уплатница за во случај да треба да плаќам.
Ќе кажеш дека си во првите 10 и ќе прашаш дали треба сега да уплатиш партиципација или си ослободена.Не е ништо страшно само веројатно ќе има гужва, па паметно ќе ти биде да си земеш друштво и ако треба да се плаќа да ти уплати друг, а ти да си чекаш ред.Јас лани така направив.
И официјално сум во државна квота на сметководство и ревизија мислам дека нема никој повеќе среќен во моментов поготово затоа што им ги затворив устата на сите оние кои ми велеа дека имало многу пријавено на економски и дека нема да ме примат на мојот смер во државна квота
И јас официјално сум во државна, на иста бројка како што си пресметав и вчера јупииииииииииииииииииии
При запишувањето, примените кандидати поднесуваат: 1. индекс, студентска легитимација и пријавни листови 2. три фотографии (две фотографии со димензии 3,5 х 4,5 и една со димензии 2 х 3) 3. потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ, _______ (да се наведе факултетот - носител на студиската програма), на жиро-сметката 100000000063095 депонент: НБРМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41. 30ти и 31ви август запишување! Женски пак ли ќе се сликате или од матура сликчиња ќе носите? Кога го добиваме индексот студентската легитимација и пријавните листови? Оние 750ден се за сите факултети? Тие 200евра за државна квота на друга жиро сметка ги уплаќаме?
Кога треба да се плати ратата за квота и исто јас сум во приватна па да прашам треба нешто да потпишам дека се согласувам или не? и ако треба кога се потпишува тоа??
На мојот факултет, не е битно кој, нема такви тетратки. Колку што знам од моиве другари/другарки што се по различни факултети само на Економски ги има
Од матура сликите не ми одговараат со димензиите кои се наведени.Татко ми ми ги скрати малку тие малечките слики за да дојде до димензии 3,5 х 4,5 па тие сечените ќе ги искористам бидејќи не се ни познава дека се сечени,а и ептен малку се скратени(ваљда ќе ми ги примат) а онаа 2 х 3 ќе треба да се сликам
Не мора да се сликаш. Мислам може таа од табло да ти ја скенираат и да ти извадат повеќе со димензии 2х3. Инаку тие 750 денари ИКСА (информативни, култирни и спортски активности на УКИМ) мислам дека на секој факултет се уплаќаат.
кога ќе има резултети на примени студенти знам на 27 се конечните, но денеска треба да биде прелиминарната листа на примени кандидати, она вчера беше сите што подале документи, и на странана на која електронски се пријавувавме кога ќе има таму?
Најави се на страната каде аплициравме електронски и си има прелиминарни листи по департмани и има за државна квота,со кофинансирање,вонредни..
ЈЕјејејејејеје официјално, и вчера си пресметав, денес си видов. Примена сум во државна не дека не верував дека ќе влеза, амаа дур не видов со мои очиииииииии јејејејее е бизнис, here I comee
ќе ми каже некој каде проверувате? мене кај што се пријавувавме електронски ми пишува Не постојат ранг листи за овој уписен рок!
Проверуваме на акаунтот кај што се пријавувавме. Можеби кај вас нема уште објавено. Провери си и на страницата од факултетот, и на fakulteti.mk