Сакав да прашам, доколку некој со 90 поени избере студиска програма на второ место, а друг со 70 поени ја избере таа на прво , кој има предност, тој со 70 поени?
Повели провери си два линка: http://www.fakulteti.mk/upisi/2012-2013 ... s2012.aspx http://www.fakulteti.mk/Files/filoloski ... %D0%BA.pdf
За несоодветни предмети по колку поени се одземаа? Како што гледам и на ФИНКИ имало место за мене слаби критериумиве на сите факултети
Петта си по ред на Филозофски факултет, ама сепак си во првите 10 Мене ме чуди како има девојчево 100 поени, немала ни една грешка на матура?!
Дали партиципација може да се уплати ден пред да одиш да се запишеш? На пр. да уплатам на 29ти, а на 30ти да му ги однесам уплатниците?
Има многу такви оваа година не значи дека ако и е 5ка по македонски на пример со 100 пер. дека нема ниту една грешка тоа значи дека таа имала најмалку грешки во споредба со сите останати матуранти мене не ми се верува некој да нема ниту една грешка еве и да нема тука грешки сигурно во есејот имаат одземено поени значи сепак тој со најмалку грешки е на врвот а тоа не значи дека е безгрешен
Четврта сум бе, така пребројав јас. Од каде петта? Инаку изгледа толку поени имала 60 вкупно од оценките и 40 од матура, не мора да значи дека се и било точно, ама имала 40 перцентили што биле доволни за да има 100ка. Мислам дека може, зошто да не. Така ние уплаќавме за првиот пат за пријавата ден пред првиот уписен рок.
Изгледа си го избрала како втор избор МТ, а имаше голема заинтересираност за КНИ. И ја сум на МТ,колешке, без нервози
203 1345 Дрндар Слада K001 Да K001;U001;I001;IA001;A001;F001;PE001;D001;SR001;PS001;BOM001;S001;R001 60,000 40,000 100,000 291 3302 Јовановски Дејан SR001 Не SR001;R001;PS001;BOM001;S001;PE001;F001;I001;A001;D001;U001;IA001;K001 59,714 40,000 99,714 148 1273 Давчева Марија PS001 Да PS001 60,000 39,414 99,414 88 172 Бојчевска Ана PS001 Не PS001;D001;A001 60,000 39,199 99,199 Лукс, еве ги првите 4, не лажам
Не реков дека лажеш, таа последната не сум ја приметила. Епа петта сум, да не излезе сега уште некоја, па да ми зафркне работа Сигурно сум петта така? Тебе листата ти излезе по ред по поени како што сме или сама ги извади? Зошто кај мене само по азбучен ред се наредени, според поени не се
Последниот би требало да има околу 86-85-84. Се надевав дека оваа година ќе биде послаба конкуренцијата нели и дека цело време зборат послаби се матурите оваа година на крајот испадна спротивното.
Да да, не знам од каде ми е информацијата дека у приватна квота примаат 200. Се си е точно и јас сум префрлена на МТ. Инаку ти колку поени имаш?- отвори го документот за државна квота на МТ и види дека со по 40 поени се во државна а ние обичните смртници ќе си плаќаме по 400 евра .
Дека матурите се послаби оваа година тоа е факт. А, критериумот на факултетот е таков затоа што има многу пријавени. Инаку, старбакс сега ги "рангирав" според бодови. 25тиот по ред ми дојде со 83 поени.
Лани на економски таквии мало 5. Тоа не е така, тоа е пример 98 или 99 поени од се вкупно и поен се добива од награда на натпревар 1, 2 и 3 место се тоа се бодува, па не за џабе оделе децата по натпревари и освојувале места
Не ми е јасно зошто некои со по 80 и кусур поени се во приватна а други со по 44 се во државна Како е тоа можно? Па нели ако не влезеш во државна на едниот смер а не сакаш да бидеш во приватна квота тогаш автоматски те префрлаат во државна на следниот смер кој си го одбрала или па на тој под него ако во вториот нема место тогаш во третиот , четвртиот итн... па ако никаде нема место во државна тогаш во приватна, па до толку ли сите квоти им се исполнети? Да не е грешка некоја?!
Јас со 70 бода сум примена во државна квота. А да не е некоја грешка за КНИ? Јас мислам дека би требало 200 да е за државна а 35 приватна квота Или пак, си штиклирала дека се согласуваш и за приватна квота, јас тоа не го штиклирав..