Во државна примаат 100 а приватна 35. Штиклирав за приватна ама не сум знаела дека ако не се согласувам дека на другиот смер ќе бидам префрлена во државна.
Лани со моите поени биле во државна, сега јас сум приватна квота. Голема е заинтересираноста за дефектологија годинава во однос на минатата година. Не знам кај баш оваа година им текна на сите за филозофски
Таква ќе е годината Покахонтас. И за на психологија колку имаше јас се зачудев, не очекував толку, Од 700 и нешто на Филозофски пола се на психологија, другата половина најмногу на дефектологија, па понатака на другите смерови.
Да прашам што всушност имаат функција оние листиња што ни ги даваа со број на нив кога ќе ги предадевме документите на комисијата кога се пријавувавме на факултет? И уште нешто гледам на УГД има одвоено посебна прелиминарна листа за децата на бранители и нешто имаше на вести дека за нив е бесплатно школувањето и татко ми бил во тие бранители,но јас не однесов никаква потврда дека татко ми бил кога се пријавував.Па ако однесам кога ќе се запишам дали ќе се прифати?
Во приватна сум. Појма немам според кои критериуми кои каде се определени. Можеби се е регуларно, можеби некој си фаќал врски. Тоа е. Спичлес а ти прв ли смер си го пишуваше мт или и ти си префрлена?
Сите тие што се со по 100 бодови имаат завршено пред да се воведат матурите. И кај мене на факултет има една девојка со 100 бодови и баш прашав на факултетот како е можно да ги има сите (бидејќи со матуриве и перцентили и други глупости можеш да имаш 99.999 максимум, но не заокружено на 100) и ми кажаа дека најверојатно е малку постара од нас и дека тие бодови и се од одредени предмети што и се бодувани. Според мене, ова не е во ред, треба да најдат друг начин на оценување (или едноставно да има неколку посебни места предвидени за постарите кои што нема да влијаат на ранг листите на тие што полагале матура).
На електронската пријава имаше да одбереш дете на родител- бранител, дете без родители и сл. За отпосле не знам дали ќе ти прифатат, можеби тоа требало денес како приговор со таа причина...
Како и да е на сите примени нека им е со среќа,само 10ки ... Јас уште многу по се излеа ќе си чекам за филозофски
Епа примена сум у државна на економски Ај нека ни е со среќа на сите..и со 10ки да се фалиме по форумов Мислам дека време е да ја остаиме темава за следната генерација
Епа ајде и јас да се пофалам имате уште една колешка на правен факултет...официјално примена во државна квота јеееее
И јас сум примена у државна квота на филолошки. Епа што друго ми останува да кажам освен со среќа на сите ез разлика дали сте у приватна и државна и од септември само 10