^Ракче немам ништо повеќе, и пратив на 1209 затоа што нејзе и фалат страни. Се што и пратив беше од учебникот. Не знам ни дали ги работеле на школо, затоа што јас од крајот на април па се до матурската не одев на школо. Не се преоптоварувај, види само мотив, тема, идеја... Не знам што друго да кажам, многу ми се досадни и тие и нивните песни. едит : во народната литература го прочитав тоа од учебникот, не знам што друго. Кој е злото, кој е херојот.... Лани имаше за Црна Арапина и Болен Дојчин, белки нема годинава пак да дадат.
И јас читам од прирачникот, но тоа не значи дека не може да се погоди некоја друга песна од поетите (што не е дадена во прирачникот). Мене ми се исто премногу досадни. Ауф! А пак Теорија на литературата и народната литература - потат бре! Дури денеска се решив да ги прочитам и пак меѓу редови, оти така само времето си го губам. Инаку прогнозирам на Чекајќи го Годо - оваа година. Лудаци се овие двајцата.
Речиси имам некое претчувство за Чорбаџи Теодос, камоли да се падне, омилен лик ми е. Годо можеби, го немам сретнато досега, а исто и од Браќа Миладиновци немам сретнато. Уф, утре ова време - ГОТОВОООООООО! Јас завршив, којзнае по кој пат ја поминав книгата уште еднаш, престанав да бројам после петтиот пат. Читалната затвара, со Господ напред утре, ќе видиме што ќе биде. Ако некој нешто предвреме разбере нека не просветли нас тука. ЕДИТ : Луѓе, утре мора да се биде до 9.30 на училиште, потребно е да носите документ за идентификација со вас. Едит пак. Требало некои формулари да се пополнуваат. :geek: ПАК ЛИ бе, ПАК. Трипати се пријавувам за матура веќе. извор : http://gimkocoracin.edu.mk/
Како иде учењето????... јас веќе и незнам што да учам .... единствено што се плашам е за есејот бидејќи не сум многу по нив... и и и уште не сум одлучила на која тема да пишувам .......
Е уште нешто да си прашам оваа година нема писма,извештаи такви глупости?Само есеј така, или грешка сум
Македонски оваа година нема записник, извештај, молба, жалба итн. на пр. братучед ми кога полагаше имаше СЕ и он беше еден од ретките што извади 5ка, немаше ни прирачник не ни учеше од него на старо знаење отиде ама беше 2 место на републички натпревар и сите книги ги имаше исчитано и само повтори општо и толку. Таа година англиски било многу лесно додека македонски имало се, а да тогаш се паднало за Тартиф што ја учевме во втора. Едит: таа матура многу тешко било и математика, едвај 4 извади имаше 50 задачи и секоја со цака во неа ама баш ниедна лесна немало
Кај менe во прирачникот фалат страните за Шарл Боднер дали ќе може некој да ми ги слика, мислам дека 2 страни се за него и да ми ги прати некако
прашањево е од испитот од јуни 2010: (1.4) Во фрагментот Б, во реченицата „Мене ми беше потребно да дознаам нешто друго, и тоа да дознаам што побрзо дали јас сум вошка како и сите други или сум човек“ зборот „вошка“ е во функција на употре - ба на стилската фигура: (заокружи ја буквата пред точниот одговор) A. епитет. Б. метафора. В. споредба. и пишува дека точен одговор е под Б. метафора и тоа ме чуди. Нели метафора е скратена споредба со - а компарација е споредба со зборовите како, ко
ау да ок е фала а нели треба да бидеме во 8:30 во школо? http://www.matura.gov.mk/data_files/sta ... aganje.pdf
Во школо треба да бидеме во 9ипол, бидејќи од 10 почнуваме. Ова од 8ипол е од лани, кога се почнувало во 9.
Е фала ти Боже, ми прати Ангел да ме просветли. Знаеш колку време се тупев со ова прашање. Фала ти многу многу многу. Само што ме известија, јас сум во училница со половина мој клас, 14-5 души сме биле, сите од клас. Хух, добра е. Уште да ми се падне добар тестатор и се ќе биде супер.
Дали некоја од вас знае од прилика за што би била слободната тема ?! п.с. Кршете рака, нога и останати делови од екстремитетите утре
Доколку навистина испадне да биде оваа тема Психологиите на ликовите го отсликуваат општеството што планирате да пишувате Општо за реализмот, или ќе ги спомнете и делата од тој период со карактеристики на ликови се тоа
вовед реализамм мислам..па после главен дел 2 3 реченици за достоевски и балзак..и после за горио и раскољников..анализа на ликот ..