Ако треба нешто дополнително да се носи сигурно ќе објават на сајтот. Или секогаш постои опција да исконтактираш преку mail и да прашаш сè што те интересира.
Јас завршив ОХ-Б , па сеа ти види. Математика основна учевме На овие часови ќе има лимеси и изводи веројатно, тие само ќе ни бидат потребни за на факултет А да, и множества,подмножества, тоа е во дискретна математика
^ Девојчиња, ако имате можност, одете. Ич да не жалите за пари, време - доколку ви се пружи можност. Од лично искуство ви зборам, не за ФИНКИ, ами за факултетот на кој се токмев да се запишам. Не е битно сега тоа, моментот е тоа што ете да речеме, веќе имам некои предзнаења и сум во предност за разлика од оние кои тек ќе видат што ги чека на предавања. Може ќе учите и нешто од програмирање, кое и те како ќе ви биде од корист, а и интеграли (ако ги има во подголтвителната програма) богами нема да ви дојдат лошо, бидејќи мислам дека само ние од ПМ-А ги учевме годинава. Информација плус - годинава не се учело Калкулус, ако не сте знаеле, ми кажа другарка која се запиша таму. Инаку, на Архитектонски при УКИМ ќе има втор уписен рок или све је фул ? Мој школски не освои доволно поени на приемниот и го кутнале, па да го тешам за втора шанса или ? И да, се приклучувам во групата на бруцошки примени во државна квота, ај да се пофалам - во топ 5 на листата. Да ни се множат успеси!
И мене така ми правеше едно време па им пишав на оваа адреса iknow@neocom.com.mk. Пробај и ти. Иначе на страната на ПМФ еве што стои за упис: Spoiler 1. Индекс; 2. Студентска легитимација; 3. Две фотографии со големина од (3,5х4,5) и една фотографија со големина (2х3); 4. Пријавен лист за запишување на студенти на факултетите во уч.2012/2013 год. 5. Пријавен лист од Државниот завод за статистика на РМ. (Образец ШВ. 20) 6. Образец за запишување на I (прв) семестар. Потврда за уплатени средства во износ од: 7. 200,00 денари, за оформување на студентско досие; 8. 100,00 денари за библиотечен фонд за библиотеките на Институтите при ПМФ; 9. 100,00 денари за колективно осигурување на студентите на ПМФ од несреќен случај; 10. 100,00 денари за Студентски парламент *само за оние студенти, што сакаат да бидат членови на Студентскиот парламент); 11. 750,00 денари за информатички, културни и спортски активности на студентите на ПМФ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје; 12. 100,00 денари за обезбедување; 13. прва рата од 100 EUR (во денарска противвредност, според средниот курс на Народна банка на РМ на денот на уплатата) за редовните студенти запишани во државна квота, или 14. прва рата од 200 EUR (во денарска противвредност, според средниот курс на Народна банка на РМ на денот на уплатата) за редовни студенти запишани со кофинансирање од 400 EUR (на две рати) во согласност со Конкурсот, или 15. прва рата од 200 EUR (во денарска противвредност, според средниот курс на Народна банка на РМ на денот на уплатата) за вонредни студенти запишани со кофинансирање од 400 EUR (на две рати) во согласност со Конкурсот.
Мислам дека наставата ќе биде повеќе од природно математичка А, не верувам дека толку оскудно знаење ќе ни дадат. Не знам, ќе видиме.
на страната на филолошки нема никакви документи спомнато за упис на 30 . може лимк од страната каде ги има потребните документи. познато ми е дека треба да се уплатат 100 евра првата рата од партиципација и тие 750 ден. ај малце помош околу останатите документи за филолошки
Не, не. Нема такво нешто. Можеш да земаш стипендија ако имаш ептен јак просек па од таму да си плаќаш и партиципација.
При запишувањето, примените кандидати поднесуваат: 1. индекс, студентска легитимација и пријавни листови 2. три фотографии (две фотографии со димензии 3,5 х 4,5 и една со димензии 2 х 3) 3. потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ, _______ (да се наведе факултетот - носител на студиската програма), на жиро-сметката 100000000063095 депонент: НБРМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41. ова се потребните документи за записување на 30 август за филолошки факултет а дали треба да се уплатат на денот кога ке ги носиме документите или може и порано.
Примаат и без државна матура, ама дали во државна квота зависи дали ќе има место. Али мора да имаш барем училишна матура!
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ПРАВНИ СТУДИИ, ПОЛИТИЧКИ СТУДИИ И СТУДИИ ПО НОВИНАРСТВО ВО УЧЕБНАТА 2012/2013 ГОДИНА 1. ТРИ ФОТОГРАФИИ: две со димензии 3,5 x 4,5 и една со димензии 2 x 3 2. ПРИЈАВНИ ЛИСТОВИ ЗА УПИС СО УПЛАТА ЗА ТАКСЕНА МАРКА ОД 50 ДЕН. 3. ПОТВРДА ЗА УПЛАТЕНИ: -УПЛАТА ОД 100 ЕВРА /ПРВА РАТА/ ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ЗА СТУДЕНТИ ВО ДРЖАВНА КВОТА НА СМЕТКА: Правен факултет „Јустинијан Први„ во Скопје Депонент: НБРМ Сметка: 100000000063095 Буџетска сметка: 1600103700-788-11 Приходна шифра: 723012 програма 41 - УПЛАТА НА 400,00 ДЕНАРИ за обнова на книжен фонд на сметка: Правен факултет „Јустинијан Први„ во Скопје Депонент: НБРМ Сметка: 100000000063095 Буџетска сметка: 1600103700-788-11 Приходна шифра: 723012 програма 41 -УПЛАТА НА 1.500,00 ДЕНАРИ за електронски индекс и водење на електронско досие според ЕКТС на сметка: Правен факултет „Јустинијан Први„ во Скопје Депонент: НБРМ Сметка: 100000000063095 Буџетска сметка: 1600103700-788-11 Приходна шифра: 723012 програма 41 -УПЛАТА НА 200,00 ДЕНАРИ за штета на сметка: Правен факултет „Јустинијан Први„ во Скопје Депонент: НБРМ Сметка: 100000000063095 Буџетска сметка: 1600103700-788-11 Приходна шифра: 723012 програма 41 -УПЛАТА НА 300,00 ДЕНАРИ за информативен Водич за студирање (во печатена форма и CD) на сметка: Правен факултет „Јустинијан Први„ во Скопје Депонент: НБРМ Сметка: 100000000063095 Буџетска сметка: 1600103700-788-11 Приходна шифра: 723012 програма 41 -УПЛАТА НА 750,00 ДЕНАРИ за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„ во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ, Правен факултет „Јустинијан Први„ во Скопје на сметка: Депонент: НБРМ Сметка: 100000000063095 Буџетска сметка: 1600103689-788-18 Приходна шифра: 723012 програма 41
хахах сега забележав убаво УПЛАТА НА 200,00 ДЕНАРИ за штета Па каква штета? пред да се запишам знаат дека нешто таму ќе скршам уништам демолирам и тако даље?
па полагав дрзавна паднав и сега имам училишна или завршен испит мене мие прашањето дали некој знај за смерот банкарство на економскиот факултет во прилеп колку студенти прима дали 30 ке бидат само или ке прима и на вториве уписи
Утре сигурно ќе бидат објавени конечните листи??? Инаку осеќам дека темава ќе ја оставиме на рат тек после 17 Септември, после ќе се префрлиме по темите за факултетите.
Пишува на 27ми објавување на конечни листи... ај, се надевам нема да чекаат до понеделник, туку утре ќе ги стават... не ми се чека веќе
Ауууууу срамота, никоја не пишала веќе неколку саати на темава бе! Дај да пиша ја. Ало, не забушавајте, до 800 да стигнеме Слики матурски ќе ставате на индексот или ќе се пресликувате?
јас немам извадено слики, од матура што се сликавме тие ќе ги носам, само треба да појдам да ми извадат различни димензии, убаво што ме потсети хахаха а до 800 сигурно ќе стигнеме, како нашава генерација нема
И мене ми е во мисла тоа: дали е во ред да однесам слики од матурата за табло што беа или да се сликам, да биде формална на бела позадина ?
И јас ќе однесам сликичка од таблото, и онака на официјалните секогаш излегувам ко фалична - не сакам да плашам професори таму низ индексот. Вака барем ем фино ем лепо ќе делувам.