Да , само партиципацијата ја покрива таа стипендија другото сам си го плаќаш.И сега незнам дали да уплаќам пари па после ќе ми ги вратат ( во случај да земам стипендија) или па кога ќе појдам на денот на запишувањето да се распрашам па потоа да уплаќам.
Не, утре излегуваат конечните резултати од пријавувањата, а сигурно на 30 е запишувањето. За на 31 не сум сигурна само, инаку на 30ти е сигурно.
Oh my god... Јас на 30ти полагам ако е тогаш запишувањетооо, гужва, галама... (иначе се распрашувам за сестра ми таа треба да се запишува)
Конечни утре, уписите пројдоа на 16 и 17, запишувањето е 30 и 31 А ако мислиш на втор уписен, мислам 3 и 4 септември
16 i 17 нели беше конкурс за упис, а упис или запишување како што рече ти на 30 и 31 значи ок фала ви
Од медицина овие се конечните или...? Можно е да има и дополнителни квоти или слабо,и ако би имало уште колку души би примиле?
A дали ќе има втор уписен рок на филозофски на 3ти ? Зошто со оглед на бројката од уписите и државна и приватна би требале да бидат пополнети? Ќе го пишува ова на страната од факултетов или?
Девојки сите што прашувате за стипендија, ви пишав пред некоја страна, пролистајте, да не се повтоуваме по безброј пати. И првата партиципација се уплатува пред да идете да се запишете треба да однесете уплатница. Мислам дека секаде има втор уписен рок.Ама не сум сигурна.
документи, уплатници, се и сешто на страната на медицина ништо не пишува, освен оние 750 ден. што треба да ги уплатиме друго ништо нема наведено за уплаќање
Хм, не знаев за ова. Битно мене секоја година, а сега ќе бидам трета, ми бараат индекс и ми ставаат печат позади А и сега ми текна, кога бев прва на Правен им каснеа со индексите не им ги дадоа одма, така да другар мој од маало не можеше слободна да си извади така што мислам дека сепак мора индекс.
Штом излегле конечните листи толку е за прв уписен веќе ништо нема да се смени до 30 и 31, а за вториот не знам... една другарка не ја примија на ОМ и ќе се запишува на Штипскиот
На страната на ЈСП го пронајдов овој образец и во него пишува дека кон барањето треба да се приложи и слика заверена со печат од факултетот...само незнам дали тоа може да се направи пред да почнеме со факултет односно 17... http://www.jsp.com.mk/Upload/dokumenti/ ... _bilet.pdf
ќе може да ми кажи некој кои документи треби да се поднесет на 30-ти на економски факултет и шо треби да се уплати и на кој уплатни сметки...фала однапред...
Втор уписен рок нема секаде. Лани чинам, немаше ниту на Медицина, ниту на Архитектонски, до душа и на сите оние каде квотите се пополнети целосно уште во прв уписен рок. Зависи кога-како, т.е. зависи од Универзитетот.
Па нормално, ти треба слика за во слободната. Пријава или молба земаш од билетарница 5 денари е, ја пополнуваш, ти ја заверуваат на факултет и ти треба плус индексот и одиш да си извадиш слободна. Ако ти го дадат индексот пред 17ти, ќе одиш на студентски прашања и кај секретарот и ќе ти заверат без разлика дали сте почнале или не. Ако не ти го дадат индексот пред тоа не ти се исплати за септември да вадиш слободна.
Да, ако останат слободни места на факултетот има втор уписен, ама повеќето се полнат уште на првиот. BTW Девојкиии има конечни резултатииии! Влегов во државна квота