А што се овие Нерангирани, Специјални услови, Факултетско образование и Националисти? Тие ќе слушаат предавања заедно со нас со државна и приватна квота?
Нерангирани тие што не влегле, специјални услови - дете на родител-бранител, дете без родители итн. факултетско образование - ова мислам дека е за некој што веќе студира на УКИМ, а се запишува на уште еден факултет, ама не сум сигурна дали е тоа, за националности - не знам. Освен нерангираните, другите ќе слушаат предавања со останатите, државна и приватна.
Има конечни за економски на Iknow системот...Па и на овај сум список,честитки и до мене и до сите што се примени
Може тука некој да ми помогне и да пише каде можам да најдам индекс, студентска легитимација и пријавни листови? Дали треба во книжарницата во склоп на факултетот или? thank you
Е сега да ми кажете што треба за на економски за на 30 ќе нема како вас Сликите треба да се 3,5x4,5 и 2x3? И друго ?
Појака е оваа година, се гледа по поените. Лани на Фармацевтскиот факултет во Скопје последниот на државна бил приман со 92, а оваа година со 95 поени. На Дефектологија лани последниот имал 75, сега 83 поени. Верувам дека на повеќето факултети е така. Епа, дечки испадна оваа година да има појаки резултати. Моите сокласнички што се запишаа на Фармацевтскиот во Скопје, сите се примени со кофинансирање, а имаат по 92 поени. Инаку честито на сите што сте примени во државна, а и во приватна квота. Со среќа од септември.
Индексот и студентската легитимација ги даваат на денот на уписот 30/31 август, при доставувањето на другите документи, така? Да не се разбереме погрешно, мислам на празен, знам дека со фотографија и податоци го даваат откако ќе започне академската година. Затоа што денес кога бев на Економски, поточно во книжарницата за да земам се што е потребно (пријави и уплатници) не ми дадоа индекс.
Еве ова најдов на страна на факултети.мк. Оба е потребно при запишување, а моето прашање е каде ќе најдеме индекс, студенстка легитимација и пријавни листови? Во која било книжара или на факултет? 1. индекс, студентска легитимација и пријавни листови 2. три фотографии (две фотографии со димензии 3,5 х 4,5 и една со димензии 2 х 3) 3. потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ, _______ (да се наведе факултетот - носител на студиската програма), на жиро-сметката 100000000063095 депонент: НБРМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41. П.С зошто никаде не ги пишува тие тетратки вие што ги споменувавте и плус 4000 денари за уплата што беа?