индекс, студенстка легитимација и пријавни листови се земаат од факултетот на денот на уписите.а за тие 4000 ден си зависи до факултетот еве на мојот на економски си стојат дека треба и нив да ги платиме еве линк http://www.eccf.ukim.edu.mk/za-fakultetot/novosti/223 види си на страната на твојот факултет дали треба да платиш и ти
Јас се што дознавам е од вас девојки и ви благодарам на сите што споделувате информации. Симпли, ти кажаа зошто не ти дале индекс или барем од каде треба да се земе?
Не, мене дури дома ми текна па викам ај да прашам дали некој од вас земал. Инаку ни јас точно не знам од каде и кога треба да се земе. До душа овде http://www.eccf.ukim.edu.mk/za-fakultetot/novosti/223 пишува дека се зема од факултетот. Ако некој знае што, како треба околу индексот нека сподели овде на форумов.
Jaс прочитав дека индексите ќе се подигнуваат бесплатно за сите од Кирил и Методиј универзитетот со се легитимација во студентската служба на денот на упис.Иначе дали може сликата од матура да се носи со тии димензии?
Moже, ќе си појдеш и ќе ти извадат специјално со големината што ќе ја побараш. Јас сликата од табло ќе ја носам за во индекс. Не планирам да се пресликувам.
Индексите се бесплатни од лани и ќе ви ги даваат на денот на упис.Сликите може тие од табло да бидат, само со потрбни димензии. Исто важи и за лигитимација. Пријавен лист, образец за запишување семестар и статистички лист (обр. ШВ20) ќе најдете во било која книжара и тоа треба за секој факс.Овие 4000 ден на секој фак. се различна сума, како и да е треба да се уплаќаат. И јас би замолила некој ако има некакви инфо. за Факултет за физичка култура, кои документи за упис се потребни нека ми пише, зошто на страната нема ништо, со брат ми полудевме, поима нема тој што треба да уплати.
На страната пишува дека треба слики со димензии 3.5 х 4.5 см и една 2х3 см .и сега дали може мало отстапување на пример 2,5 x 3,5 за вторава?имам дома готови слики па дали ќе може тие да ги искористам?
зошто на странана за фармацевтски факултет сеуште нема објавено конечни резултати? и сеуште нема ништо објавено во врска со потребните документи кои треба да ги носие во четврток ако знае некој нека пиши
Зашо нема ништо истакнато на филолошки? Или јас не можам да најдам? Ако знае некој, нека ми прате линк!
Не ми се верува, наместо националности, националисти сум пишала, ех Лукс, кај ти е паметот бре Ако знаете што треба т.е кои документи за на Филозофски се потребни, нека сподели.
Никој не примети за националисти, да не го потенцираше ти Еве сега барав на страната на Филозофски и го најдов ова: С О О П Ш Т Е Н И Е ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ ЗА СТУДИСКАТА 2012/2013 ГОДИНА 1. Две пријави за запишување со 50 ден. таксена марка (комплет); 2. Три фотографии (две од 2- 3,5 х 4,5 см и една од 2 х 3 см); 3. Потврда за уплатени 750,оо денари – за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака за ИКСА на УКИМ Филозофски факултет, на жиро сметка 100000000063095, депонент: НБРМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18, повикување на број 723012, програма 41; (уплатница ПП 50) 160010368978818 4. Потврда за уплатени 1000,оо ден. за ПРИРАЧНИК ЗА СТУДЕНТИ на жиро-сметка на Филозофски факултет: Назив на примачот: Буџет на РМ-Филозофски факултет, Банка на примачот: НБ на РМ, Сметка: 100000000063095, Сметка на буџетски корисник: 1600104227 788 18, Приходна шифра: 723013, програма: 41, (на уплатница ПП 50); 5. Потврда за уплатени 300,оо ден. за испити од семестар на жиро-сметка на Филозофски факултет: Назив на примачот: Буџет на РМ-Филозофски факултет, Банка на примачот: НБ на РМ, Сметка: 100000000063095, Сметка на буџетски корисник: 1600104227 788 18, Приходна шифра: 723013,програма:41,(на уплатница ПП 50); 6. Потврда за уплатен цел износ (200 €-студенти од државна квота или 400 €-студенти со кофинансирање) или прва рата од 100 € (прва рата за студенти од државна квота) или 200 € (прва рата за студенти со кофинансирање) во денарска противвредност на жиро-сметка на Филозофски Факултет: Назив на примачот: Буџет на РМ-Филозофски факултет, Банка на примачот: НБ на РМ, Сметка: 100000000063095, Сметка на буџетски корисник: 1600104227 788 18, Приходна шифра: 723012, програма: 41, (на уплатница ПП 50); Напомена: Индексите и легитимациите за примените студенти ги обезбедува Универзитетот и не треба да се купуваат. 24.08.2012 год.
Даки приметила, во смешни мислења ме има Инаку за сите смерови важи истата сметка и сметка на буџетски корисник? Леле потврди, уплати, да не можеш да се снајдеш.
Мислам дека е истата, бидејќи на исто место одат парите Да, многу испаднаа јас си се надевав ќе поминеме со две-три, ама сега кога ги видов сите А, за ова: 1.Две пријави за запишување со 50 ден. таксена марка (комплет); ме збунува ова комплет, не знам дали треба две таксени марки или една?
Дали некоја од вас девојки знае што точно треба за на стоматолошки? И дали индекс, студентска легитимација и пријавни листови треба сами да си купиме? И што се треба да се уплати? Благодарам однапред.