5??? Мене завчера 6 ми дадоа од кои 2 за административна такса (2x50 ден), една за партиципација (100е), една за предметни програми итн. (таа од 4050 ден), ИКСА (750 ДЕН) и за студентски парламент (200 ден).
За студентски парламент пишуваше на страната факултативно, значи не мора да плаќаме? А уплатниците пополнети ли се?
Јас кога ги уплаќав другите сега баш прашав дали е проблем и ми рекоа препорачливо е на денот на запишувањето, ама може и претходно ама после на факултетот зависно од тоа колку ќе се смени курсот дали ќе ми враќаат пари дали што ќе биде не знам и ми рекоа пополни си сега се освен сумата и уплати утре да не ти прават проблем и да не трчаш насекаде. Ади плаќаме за книжен фонд, интернет, шифрарници, водич низ студиите итн. Инаку освен тие 3 пријави во книжарата друго ништо не треба? И каков е тој статистички лист?
Цел ден вртам по темава,и што повише читам тоа повише имам страв.За 4та сум годинава,али имав слушнато дека полагањето матура ќе ни биде почетокот на мај.За македонски и немам некој си голем страв,али за англиски... Мислам дека ништо нема да направам,јас уште сеа си глеам прашања ова она и стварно читајќи имам се поголем и поголем страв
Нели треба да се 10 уплатници? Па нели кога се пријавувавме на факултет ни дадоа 4 уплатници,а потоа однесовме 2 со документите? Значи сега треба 5 да однесеме за да се запишеме и 5 остануваат во поштата/банката каде сме уплатиле. И тоа за студентски парламент пишува дека е по избор на страната на економски?
тоа 4050 јас го немам, а за таа од 100 евра и ја се мислам, дали да пишам: прва рата за студенти од државна квота ама не знам, некако не ми е ко шо треба... ах, маки бруцошки
јас напишав партиципација за редовни студенти примени во државна квота I рата се собра не се скирајте
А за ова икса, 750 денари, назив и седиште на примачот: Буџет на РМ - Филозофски факултет, а цел на дознака: ИКСА на УКИМ Филозофски факултет , добро е? Да менувам нешто?
Јас се си платив. Ми останаа уште да пополнам неколку полиња во пријавите и да се одлучам за изборен предмет. Најблиску сум до Основи на ебизнис. (барем за сега) Во пријавите каде што треба да се пишуваат задолжителни и изборни предмети напишавте Име и презиме на наставникот? Имаме 2 големи пријавни листа (за запишување студенти и за запишување семестар) и третиот пријавен лист што е од Државен завод за статистика е всушност статистичкиот лист. Кога сме кај тоа, што напишавте кај отсек___ и под него насока (смер) _____ И според новата програма Академски универзитетски студии треба да се заокружи, така? Можеби се малку глупави прашањава ама не знам што да напишам.
Истово не ми е јасно. И да, академски универзитетски студии треба Едит: на пријавата кај претходно завршено образование, кај назив на завршеното образование го пишавте името на средното кај што се завршиле, или само да пишам средно гимназиско. И кај струка што треба да пишам?? а кај постигнат успех треба одличен да напишам? лелее аман со пријавиве