Индексите на УКИМ ги даваат бесплатно. Јас уште од сабајле си завршив работа, во 9 бев излезена веќе.
Колку плативте се на се? Еве јас платив 11250 за прв семестар и пропратните глупости, 1150 за индекс, пријавни листови и информатор, и 150 за осигурување. Вкупно 12 550 ден. А за втор семестар во јануари треба да платеме само 100 евра или и плус некои други работи?
Јас завршив работа рано денес, така испланирав за да ја избегнам гужвата. Уписов ме чинеше околу 8000 ден. Очекувам да испаднат уште цел куп непланирани давачки со почетокот на академската година. Ама добро што е тука е. Сега чекаме старт на 17ти.
Готово и јас, плаќањето ме чинеше 2 по 750= 1500 + 6150 , со бесплатен индекс и легитимација. Се гледаме идни колешки, со среќа на сите!
Јас на правен се што пишуваше платив некаде околу 9600 Тато црека низ дома да не сме избрзале да не не морало одма сето тоа да се плаќа затоа што на др факултети платиле само партиципација од 100евра и +750 ден а јас платив 100евра+750+400+300+200+1500+административна такса 50ден сите вака плативте? И утре ќе одам за да носам документи за во студентски и за упис не можам на два пати да одам
Другарка ми се запиша на Фармацевтскиот во Скопје и тоа со кофинансирање, а плати само 1500 повеќе од мене што сум во државна, што значи околу 14 000. А другар ми исто е на приватно овде плати околу 18 илјади. Овие од УГД се перална за пари. Срамота.
Можеби нема да треба ништо повеќе да доплаќате па затоа е толку скапо на почеток. Овде секогаш треба нешто плус, 500 денари за лабораторија, 500 денари за ова, 500 денари за она и пак се собира.. Плус ти нели се запиша за акушерка, мантили, опрема нешто такво да не е вклучено во цената? А за индексите искрено не знаев дека само на УКИМ се бесплатни, мислев сегде важи тоа Како и да е, јас ја немав таа среќа, јас мојот пред 3 години си го платив
Се ни е вклучено, 1000 ден за лабораториски материјал плативме. 450 за индекс си плативме. Како и да е, на УКИМ е поевтино.
Лелеееее си завршив работа ама триста документи има ејј полудев од пополнување! Најлесен број на индекс имам, многу сум среќнаааа
Женски распоредувањето по групи се врши според бројот на индекси или според азбучен ред или тоа е индивидуално за секој факултет. Мене конкретно за фармацевтски ме интересира
Јас не стигнав денес да појдам до факултет, па затоа утре ќе отидам. Сакав да ве прашам за партиципација колку пари уплативте, односно колку се движи еврото? И исто така да ве прашам кај назив и седиште на примачот го пишавте факултетот или Буџет на РМ?
Старбакс, на УГД се тие цените затоа што е нов универзитетот ,не доопремен и им требаат пари за да дозавршат се. И затоа така се огромни давачките. Исто и на ФИНКИ при УКИМ, секоја година им измислуваат се повеќе и повеќе давачки затоа што факултетот треба да се доопреми. Немаат ни простории доволно,а има едно чудо студенти ,што ги примаат заради финансиите.
^ Има логика ова. Јас се изненадив кога ми кажа другарка ми, дури и не верував. Плавуша, какво бројче на индекс? Каде се гледа тоа бројче? Јас само потполнив лични податоци и насока во индексот и го вратив со другите листови. Не видов бројче. Што значи Информатор 2 Циклус? Што е тоа?
► Пријавен лист; ► Формулар за запишување на семестарот (се пополнува со предметите од зимскиот семестар) ► Интерен формулар за запишување на семестарот (анкетен лист), од кој се запишуваат предметите во индексот и во формуларот за запишување на семестар (може да се превземе од понудениот линк или ископиран може да се најде пред читалната). Напомена: во анкетниот лист, задолжтелно се впишува по кој пат се слуша предметот; ► Пополнет статистички лист ШВ-20; овие можам од некаде да ги симнам ?