Абе глупост ова... мене ниеднаш не ми притреба ниту пак ми се најде, и налет на се, ми ја украдоа летово. И не планирам да им кажувам во студентски, може ќе им текне некоја казна да платам и да вадам нова. Си имате индекс и тоа ви е најбитното.
Тебе барем летото ти ја украле, јас мојата ја изгубив уште првиот ден. Ме замараа да пријавам за изгубена ова-она, викам како да не, за едно книвче, кој знае што ќе им текне.
Мислам дека и на правен можеш, барем според резултатите кои ги гледав, приметив дека се групирани, најдобро прашај си детално во централата на УКИМ,бројчето е 3293 293.
Тие не можеш да ги спуштиш,се купуваат во книжарниците кај факултетот.По 50 денари ти е една пријавница,Значи сите три 150 денари. Иначе јас завршив се денеска па сеа ми останува да го чекам уште 17ти Со среќа повторно на сите
Малку доцна го видов ова, но сепак да си кажам што имам Прво, мене од факултетот ми кажаа дека девојката е постара, дека не е наша генерација и нема полагано матура. Сега кога искочија листите каде што пишува кои 10 ќе ја земат стипендијата за прва година, неа ја немаше на листа иако имаше 100 бода. Кај тебе на факултет се потрудиле да направат посебни листи за нив, кај мене не се потрудиле. Тоа е тоа. Второ, тоа со дипломите повторно од факултет до факултет. На другарка ми не и ја примија дипломата (1во место на државен натпревар) која сигурно ќе и ги заокружеше 99те бодови на 100 и сигурно ќе си земеше стипендија, со тоа што и кажаа дека дипломи примаат само на тие што се наоѓаат на дното на ранг листата, како и оние што се граничат со приватна квота.
Епа кога ги оставаш документие кај твојот смер на студентски ти ги ставаат сите во папка и пополнетиот индекс и жената (истата што ми ги зеде документите на 16ти) ми го побара бројчето што ми го даде на уписите кога ги оставав документите и ми дадоа ливче Индекс број: тој и тој. На сите така и ко ќе почнеме во амфи театар ќе ги делат ко што разбрав со печати.
Мене не ми го бараа тоа ливче кога ги остававме документите само ми дадоа број на индекс и ми рекоа да си видам на страната на економски кога ќе ни ги делат индексите и со тоа ливче да си земам индекс
^Не знам зошто така. Кај мене и на другите бараа, ама ти сметководство беше со маркетинг и надворешна во друга просторија, ама сепак требало да побараат. Како и да е сигурно не е проблем чим си добила број на индекс.
Мене ништо не ми кажаа, всушност на никој не кажаа вакво нешто. Само ги дадовме индексот и другите документи и толку.
Мора да ви даде бројче на индекс.Кога ке го бараш индексот под тоа бројче ќе го бараш.Во папката каде што ги чуваме документите каде што ќе ни бидат архивирани со големи бројки беше испишан бројот на индексот,и мора да си го знаеш него.
Не ни кажаа никакво бројче. Тогаш кога ги однесовме документите на 16 ни дадеа ливче со име, презиме, насока мислам и број. Тој број е евидентниот во Е-систем за рангирање на кандидати. Веројатно по некоја логика, тој број е и број на индекс, само што на нас никој ништо не ни кажа.
И кај нас не кажаа никаков број од индексот. Инаку јас имам две легитимации. Една грешна дома си ја зедво. Се потпишав на грешната и кај потпис на овластено лице и друга ми дадоа. Инаку легитимацијата е како картичка. Малечка, со неколку важни работи ко име и презиме, датум на раќање и една фотографија. Не знам што улога ќе ни врши.
На пример како во кафичон Фонтана кај Мавровка кај што пијалаците биле по екстра ниски цени за студенти
Јас денеска официјално се запишав на факултет. Добрo е што ми кажавте за што служи студентскава легитимација, и јас тоа се чудев И мене не ми го кажаа бројот на иднексот . Само го зеде со останатите документи . Како ќе знам кој ми е бројот ? И како планираат да ни ги доделуваат, ќе не читаат еден по еден ?
Јас вчера ги предадов листовите, уплатниците, индексот и стојам на шалтер додека таа таму удираше печати и чекам индексот да ми го врати Не знаев дека таму требало да го задржат. А, бројот на оваа студентскава легитимација е ист со бр. на индексот? Или друг бр. ќе има индексот?
фискалната што ни ја даваат на угд кога се земаат пријавните листови... треба да се чува? ќе ни треба за подоцна или?
денес и јас се запишав на правен број на индекс не знам! студентската легитимација таму ја зеде единствено нешто јас што имам е едно розево ливче кои ни го даваа на денот на аплицирањето што тој значи не знам ајде среќно на сите!
Јас вчера се запишав,фино лепо собрани сите документи подредени и ги предадов на тетката на шалтер, на крајот ми рече потпиши се во индекс и толку ми го даде мене едниот договор и велам а бр на индекс кој е она вели Чао пријатно останав вака му кажувам на тато ми надвор он вели можеби не кажуваат после мене отиде една моја школска и таа прашала и и рекле дека ако и требале документи од тоа дали е запишана на фак ке и ги даделе уплатниците да потврдела и така јас пут под ноге и правец на автобуска да си одам