Ако сте запишани влезете прво на маил би требало да ви имаат пратено порака од IKnow системот..таму повторно се најавувате и ви го пишува и бројот на индексот...
каков договор? Кај нас ништо не даваа, се ни земаа пријави, индекс, с.легитимација, уплатници, а и договорот..
Договор сигурно се мисли на договорот со деканот дека студираш на тој и тој факултет. Кај нас 2 примерока идентични беа, едниот за нив едниот за студентот. Инаку јас си го знам бројот го имам на ливче ама чисто информативно за други новости отворив и мејл немаше ништо ново од 15 август пред уписите, а во акаунтот исто нема ништо освен каде сум рангирана и листите.
Изгледа само мене ми дадоа број на индекс Иначе сакам да прашам,за вториов уписен рок треба да се потполни интернет пријавата? По што другарками не ја примија во прв во државна,и сака да ода на втор уписен рок со приватна квота? треба повторно да пополнува интернет пријавата?
И мене и на други дадоа, изгледа ретко на кој не дале за Економски не знам за таков случај, а за другите факултети може друга политика имаат. На акаунтот баш забележав за тие што ќе конкурираат во вториот треба да си направат нов акаунт пишува, нека отвори на уписи.уким.мк и ќе си види.
Ви стигна меил од Online студентска служба ? Мене ми стигна и ова ми го пишува во пораката на хотмаил: Почитувани *******@hotmail.com . Додадени сте во online системот на факултетот . Вашите податоци за најава се: Корисничко име: ************ Лозинка: ************ И зошто служи оваа онлајн студенстка служба?
Па ваљда за електронско досие коа ке проверуваш, сигурно е нешто такво, или електронски коа ке пријавуваш испити, кај нас е така. т.е ние за тоа ни даваа корисничко име и лозонка, меѓутоа штом е студентска служба можеби ќе има и други опции, како на пример поднесување некој приговор (и кај нас го има, ама скоро никој не го практикува онлајн поднесувањето) или можеби ако имаш некое прашање ќе можиш таму да прашаш, претпоставувам. Кај нас е тоа
Не ми го дава факултетот на електронско пријавување.... дали би можело утре да го дајт... или нема да го дади никогаш? ве молам за одговор
За моето прашање погоре, видов зошто е. Има лични податоци и соопштенија, испити и се поврзано во врска со мене. (не знам поинаку како да објаснам, новина е за мене ова) Ако аплицирам за втор уписен рок треба да си направиш нов профил на iknow системот. И ако пак не ти го дава факултетот почекај до утре, мора да ти го даде.
Kaј нас имаше 2 договора и двата отидоа кај нив, и јас во оваа пријавата не напишав е-маил и сега????????????
На електронското пријавување остај? Или па ко беа предавањето документи? Од таму ќе видат, не се секирај. А и број си остајла веројатно на пријавата, ќе ти се јават ако нешо не е во ред.
ми пратија на маил нова лозинка од Iknow и потоа си влегов на системот и го пишува и бројот на индекс и некои основни податоци
Девојки бројот на индекс требаше ли да се запомни? јас не го запомнив затоа што едвај чекав да завршиме лелел?
Кај мене не ми пратиле ништо на маил...Најверојатно ќе пратат во скоро време.Не му се брза на економскиов
^^ ни мене не ми имаат пратено уште на мејл од економскиов Нас на економски лифчиња ни даваа, вас не?
и кај нас даваа ливчиња, баш јас прашав што се, дали е број на индекс и тие ми рекоа дека е бројче за да не се прави гужва, за по ред да одиме