На економски за вториот уписен сите смерови се во игра освен финансиски менаџмент и менаџмент - таму сите места се веќе пополнети. На сите други смерови има добра бројка слободни места
време е да ја ослободиме оваа тема за идните матурантки, а ние да си се префрлиме на факултетот кој сме го избрале ај со лесно на сите во учењето да редиме 10, 9 и 8
Ама зборуваш за приватна квота,државна нема ништо слободно.А приватна освен финансиски менаџмент и во е-бизнис нема слободни места.
Девојки читав негде поназад на страните дека кога ќе се пријавиш електронски на крај ти дава да печатиш документи . Некој пиша дека треба да имаш 6 . сега да ви кажам што имам јас(т.е другарка ми за неа прашувам ќе се запишува во втор уписен рок) 1. интерен лист 2. за неподигање документи 3.националност ( што нема да и треба) 4.универзитетски лист ( пишува дека служи за илустрација и не се печати) 5. уплатницата ( нопмално што служи исто за илустрација) . Значи има 2 документа . Што фали ?? и зашто не ми ги дава сите? прават ли проблем при упис?? Јас треба да ја запишам затоа што се запишува вонредно бидејќи работи , па малце ми е тензија да не ме вратат
Нема врска тоа. На прв уписен сите овде пишеа дека различно им дава, на некој 6, на некој 4, на никој воопшто не му излегле документи за печатење. Инаку и јас ги имав токму истите овие што ги имаш наведено, од кои таму само интерниот лист и изјавата за неподигање (печатени) ги оставив заедно со другите документи. Универзитетската пријава рачно ја пополнив на денот на пријавување. Изјава за кофинансирање им даваше на некои, но истата мислам дека и на денот може да се поплни (во случај да си согласна кофинансирање). Тоа е тоа.
Општо зборам нема да има конкурс за финансиски менаџмент и менаџмент. Е бизнис има слободни места, маркетинг, надворешна и сметководство и ќе има конкурс за нив.
кога е втор уписен рок, или /и трет? и ако може да ми каже некој дали има слободни места на фолозовски, отсек Психологија. фала однапред
Mислам дека вториот уписен рок е веќе во тек, а конкретно на Психологија не верувам да останало некое слободно место - најголемите гужви во прв уписен рок беа таму. Освен ако не останало нешто во приватна квота.
ако може уште некој да ми потврди за сигурно, официјално, според ранг листи, и број на слободни места...исто и за датумиве со приемните рокови.
Па девојче, ако толку те интересираше, ќе отвореше веб-страната од факултетот, ќе побараше резултати од уписи, информаторот или како и да се викаше тоа што излегуваше во весник (го има и на нет), пишува колку места се обезбедени за приватна, колку за државна квота. Се гледа колку сте заинтересирани по ова - сè сакате на готовс. Разбирам јас, ова форум е, си даваме совети сваштарии, ама до толку да не ве допре за да прочачкате по интернет. Не ми е јасно, стварно. И не сфаќај си го ова лично, имаше уште цел куп вакви „заинтересирани“ кои чекаа на готовс. Ама ако ајде, нека ви е со среќа, ама понекогаш навистина треба и сам малце да се потрудиш. Види тука, може ќе ти биде од корист ова. http://fzf.ukim.edu.mk/index.php/mk/com ... 25/1419-ii
На психологија нема место! Има 60 одбиени студенти се е полно само 20ет во државна, а 80ет во приватна (мислам дека малце е претерано само за пари е ова, според мене можеле 30 со 70 или 40 со 60)
Вториот уписен рок е на 3 и 4, значи беше денеска и утре. А инаку можеш да се јавиш на телефонскиот број од факултетот и да ти кажат најточни информации.
Си пишува тука http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/158_ ... 2013-2.pdf дека резултати од успех ќе има на 7 септември,а конечни на 11 септември
Види ги ти нив, се збогуваат со темава. Сигурна су дека уште некој пост ќе пишете додека да почниме, не брзајте. Јас нема да се збогувам, зошто и в година пред полагањата ќе можеме да пишуваме, никој нема да ни забрани, ќе и бидеме од корист на генерацијата што ќе полага. ЕДИТ: Кај да го проверам бројот на индексот на ајкноу и зошто ни е важен бројот?
па најверојатно треба прво порака на маил да ти стигне па потоа да го активираш бројот од индексот. иначи и јас со тоа сеуште се нервирам ми нема стигнато порака, вчера провери другарка ми од Архитектонски и и имаше стигнато се плашам да несто да не е во ред со мојот акаунт... Тоа бројче мислам дека ти е потребно кога ќе ни ги даваат индексите да си го подигнеш со тоа бројче, ама не сум сигурна...
Девојки дали на сајтот на секој факултет ќе истакнат листа кој со кого ќе се падне во група или на 17 кога ќе отидеме ќе ни кажат...?