Ако збориш за тоа кај што требаше со зборови да напишеме, колку што ми текнува пишав само Друго не ми текнува што избирав од тие на заокружување
јас сега го видов и пријавив семестарот електронски, исто и предметите ги запишав само таму ми стои за плаќање 6150 платено 0, а нели ратата ние на запишување ја плативме...
Еве инфо за на Филозофски, за оние што не провериле на ајноу: Се известуваат студентитезапишани во I (прва) година на учебната 2012/2013година дека новата учебна година ќе започне на 17.09.2012 година (понеделник), во 10.00 часот. Новитестуденти ќе бидат примени од раководителите и другите наставници и соработницина институтите. На оваа прва средба новите студенти ќе бидат запознаени со студиските програми и ќе им бидатврачени индексите. Потоа координаторите ќе ги запознаат студентите сораспоредот на часовите, правата и обврските кои произлегуваат од студирањето,системот на функционирање и администрирање на ЕКТС и термините за консултации. Приемот на студентите ќе се изврши во просториите: 1. Институт за социјална работа исоцијална политика – во слушалната на Институтот за социјална работа и социјаланполитика од 10.00 часот; 2. Институт за дефектологија –во Амфитеатар IV од 10.00 часот; 3. Институт за безбедност, одбрана имир – во Голем амфитеатар од 10.00 часот; 4. Институт за психологија – воАмфитеатар II од 10.00 часот; 5. Институт за историја и историјасо архивистика – во Библиотека за историја од 10.00 часот; 6. Институт за филозофија – воПредавална 8 од 10.00 часот; 7. Институт за историја на уметности археологија – во Предавална 2 од 10.00 часот; 8. Институт за педагогија – во Електронскаучилница од 10.00 часот; 9. Институт за социологија – воПредавална 15 од 10.00 часот; 10. Институт за класични студии –во Предавална 4 од 10.00 часот; 11. Институт за родови студии –во Предавална 19 од 10.00 часот. Доколку не можат да присуствуваат на првата средба, вонредните студенти ќе можат да ги добијат индекситево Библиотеките на соодветнитеинститути.
^Кај го најде ова јас го отварам профилот на ајноу кај мене и нема ништо објавено, не можам да ја најдам информацијава?? И знаеш кај се наоѓа Амфитеатар2? Мене не ми стигна никаква анкета...
Епа да не го помешаш линкот со тој од уписите, оти и тој нели беше ајноу, овој е http://www.iknow.ukim.edu.mk сега за нас, за овој ни стаса на меил да го активираме по денот на запишувањето, а исто провери си меил да не ти е во спам стасано тоа за анкетата. А, за амфитеатар го знам тој најголемиот каде е, можеби е овој тој, ако не е има мапа доле на скалите, кај се наоѓаат.
Еве ова ми излегува мене од линкот што си го постирала : This webpage is not available The webpage at https://www.iknow.ukim.edu.mk/ might be temporarily down or it may have moved permanently to a new web address. Вчера бришев пораки(па ако не свесно сум ги избришала мејловите тешко мене) Има шанса да ги вратам избришаните назад?
Не знам што е работава со сајтов, не можам да се логирам.Мислев дека грешен пасворд пишувам и кликнав заборавена лозинка, си го пишав мејлот и ми вика Не постои во системот, а мора да постои зошто ми стигнала таа анкетата. Не знам кај да се обратам, што да правам??? Без акаунт на странава ништо не правам, а не можам да направам зошто на тој претходниот ми е и бројчето и се друго
И мене вчера не ми ја отвараше иначе, ама денес бидна, имаат проблеми со системов изгледа со сервери одржување, а за меилот види во избришани треба да го има, барем на јаху таму остануваат.
Се соменвам дека ќе ми ја отвори. мене ми ја отвара www.upisi.ukim.mk Преку тој профил се најавувам. Инаку na hotmail сум, ама јас и избришани пораки ги имав избришано Сеа не можам да ги видам избришаните...
^ Епа не знам, ај кога ќе почнеме ќе прашаш таму во студентски прашања, оттаму мислам дека можат да ти го сменат меилот.
Ама зошто да ми го сменат мејлот? Мене не ми ја отвара страната, и ми немат стигнато никаква порака(се проверив во избришаните пораки, нема ништо. ЕДИИТ: најдов, се си е во ред, ми има стигнато меил од онлајн студенста служба, ама тоа со анкетите не, затоа се збунив. Еве има сеа соопштение