Дечки не прелистав поназад дали има некој пишано нешто околу ова но ме интересира доколку има некој на Правен факултет во Штип да ми каже нешто околу искуствата со професорите. Тоа прво прашање и второ Дали знае некој дали може да се префрлам во втора година на Правен во Скопје и нешто околу таа постапка Ви благодарам однапред и ви посакуваам мнооогу успех и само 10ки
Moже да се префрлиш од втора, ама можеби ќе ти бараат да дополагаш некој испит, бидејќи мислам дека програмите се различни. Ќе треба да скокнеш до Скопје, таму на студентски да си прашаш, или пак по електронски пат да исконтактираш со деканот, професор некој. Разлистај ја страната на ПФ при УКИМ, сигурно има информација како да се изврши таа постапка на префрлање.
да не случајно знаете каква е отприлика заинтересираноста за турски јазик и книжевност на филолошки? и конкуренцијата?
дали некој можи да ми дај линк од економски фах во прилеп кај што пишува за колуквиумите кога се полага
Планирам да се запишам на Факултет за безбедност,а учам во економско училиште.Кои предмети треба да ги полагам за овој факултет ? Предмети кои сум ги имала се: *Историја(1ва и 2ра година) *Сметководство(2ра и 3та година) *Право(од 1ва до 2ра година) *Устав(само 1ва година) *Статистика(3та год) *Социологија(1ва год) *Германски(1ва-2ра год) Предмети кои ги имам се: *Македонски(1ва до 4та год) *Математика(1ва-4та год) *Деловно(2ра-4та год) *Практична настава(2ра-4та год) *Граѓанско(4та год) *Бизнис(1ва-4та год) *Економија(3та-4та год) *Англиски(1ва-4та год) *Менаџмент(4та год) *Маркетинг(4та год) *Физичко(од 1ва до 4та год) *Организација(4та год)
Имаш на интернет кој факултет, кој предмети ги бара. А инаку, за безбедност мојш со социологија и историја
На математички смер А сум. Сакам да се запишам на електротехнички. Тема за бранење одбрав, физика одбрав за еден интерен, екстерни ќе земам математика и македоснски .Што да земам друг интерен предмет во склоп со факултетот ( по можност да не е информатика ) ?
Леле веќе одбравте? Кај нас уште не спомнале за одбирање.. Инаку гледам на конкурсов бараат еден - физика,информатика или странски и еден по избор на кандидатот.
Може ли да се полага интерен програмски, Алгебра или некој од другите изборни предмети кои се учат во гимназија, само една година со три часа неделно ?